Арсовска во инспекција на градилиште во Чаир: „Прават зграда без ниту еден документ“ - Канал 5

Арсовска во инспекција на градилиште во Чаир: „Прават зграда без ниту еден документ“

Арсовска пренесуваше во живо инспекција на градилиште во Чаир: „Прават зграда без ниту еден документ“

Арсовска во инспекција на градилиште во Чаир: „Прават зграда без ниту еден документ“

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, беше во инспекција на градилиште во општина Чаир, a додека одеше во објектот се вклучи во живо и тоа го емитуваше во живо на социјалните мрежи.

Таа рече дека објектот се гради без никакви документи и побара од МВР да реагира.

YouTube video

Јаневска и Сијарто потпишаа Меморандум: По 20 македонски студенти ќе добиваат стипендии

Македонските студенти ќе можат да користат 20 стипендии годишно за да студираат во Унгарија на унгарски или на странски јазик.

Јаневска и Сијарто потпишаа Меморандум: По 20 македонски студенти ќе добиваат стипендии

Од Министерството за образование и наука денеска соопштија дека приоритет ќе имаат апликанти кои сакаат да студираат во областа на наука, технологија, инженерство и математика (СТЕМ), како и медицински и здравствени науки и земјоделство.

Меморандумот за разбирање со кој се регулира соработката во рамките на Програмата Стипендиум Хунгарикум за периодот 2026–2028 година денеска го потпишаа министерката за образование и наука Весна Јаневска и унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто.

Меморандумот предвидува студентите да добиваат платена школарина, сместување во студентски домови во кампусот на високообразовната институција или средства за покривање на трошоците за сместување, право на здравствени услуги, користење на бесплатни библиотечни услуги, како и месечен надоместок за покривање на основните трошоци.

- Министрите Јаневска и Сијарто се согласија дека потпишувањето на Меморандумот ги потврдува и јакне пријателските односи меѓу двете земји и ја унапредува соработката во областа на високото образование, во интерес на развој на општество базирано на знаење, се наведува во соопштението.

Стипендиите ќе се доделуваат за редовни додипломски, постдипломски, едностепени магистерски студии и за докторски студии. Исто така, и за скратени студии од три до десет месеци за стекнување академски кредити.

Луис Хамилтон вели дека ќе остане во Формула 1 уште неколку години

 Луис Хамилтон вели дека ќе остане во Формула 1 уште неколку години, обидувајќи се да го оправда разочарувачкиот почеток на неговата кариера во Ферари.

Луис Хамилтон вели дека ќе остане во Формула 1 уште неколку години

Хамилтон ја опиша неодамнешната трка за Големата награда на Шпанија, каде што Ферари му нареди да отстапи позиција на колегата Шарл Леклер, а потоа беше претекнат од возачот на Заубер, Нико Хулкенберг, како една од најлошите што некогаш ги доживеал.

Британскиот возач е 23 поени зад Леклер и 115 зад лидерот во шампионатот Оскар Пјастри пред трката за Големата награда на Канада овој викенд.

Зборувајќи за медиумите пред трката во Монтреал, Хамилтон (40) изјави за својата иднина: „Тукушто почнав со тимот. Ќе бидам тука неколку години и ќе бидам достапен долгорочно. Нема сомнение каде ми е главата и што сакам да постигнам со тимот. Нема сомнение за тоа, затоа ве молам престанете да измислувате работи“.

Откако премина од Мерцедес, Хамилтон го освои спринтот во Кина во март, но неговиот моментален биланс за Ферари е 10-то место, дисквалификација, седмо, петто, седмо, осмо, четврто, петто и шесто место.

Ферари сега се 197 поени зад Мекларен во шампионатот на конструктори, а извештаите во Италија сугерираат дека позицијата на Фред Васер како шеф на тимот е под закана.

-Не мислам дека тоа е можно, колку што знам. Секако не би го поддржал тоа. Пред се, сакам да работам со Фред. Тој е главната причина зошто сум во овој тим и добив можност да бидам тука поради него, за што сум вечно благодарен. Во ова сме заедно, работите не се совршени. Тука сум да работам со тимот, но и со Фред. Верувам дека тој е човекот што ќе нè однесе до врвот, додаде Хамилтон на оваа тема.

Општина Карпош обезбеди нови противпожарни апарати за сите училишта и градинки

Оваа година локалната самоуправа од општинската каса издвои 1.440.000 денари за набавка на нови противпожарни апарати, наменети за сите основни училишта и детски градинки на територија на Карпош. 

Општина Карпош обезбеди нови противпожарни апарати за сите училишта и градинки

По тој повод, градоначалникот Стевчо Јакимовски, денеска беше во обиколка на ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“, каде непосредно ја констатираше фактичката состојба со оваа училишна установа од аспект на безбедноста.

- „Шест месеци пред трагедијата во Кочани, Дирекцијата за заштита и спасување ја алармираше нашата институција дека фирмата којашто ги одржува противпожарните апарати во Карпош, односно во училиштата и градинките, практично прави груба злоупотреба со тоа што истите противпожарни апарати не ги проверува туку ги зема и ги враќа назад, при што само ги менува контролните картончињата на уредите. Оттаму Дирекцијата не потсети дека законска обврска е да немаме противпожарен апарат во објектите, којшто е постар од пет години. Кога направивме една комплетна анализа, за жал констатиравме дека овде имаме противпожарни апарати од 1955-та година“ – објасни Јакимовски.

Првиот човек на Општината предупреди на потенцијалниот ризик и несаканите последици кои можеа да настанат од оваа ситуација.

- „Не дај Боже да се случеше некој немил настан. Тој дел од противпожарната заштита бил целосно незаконски а згора на сè, неодговорноста на фирмата којашто ние секоја година ја избираме и која е должна да ни ги воочи недостатоците што ги имаме во противпожарниот систем во градинките и училиштата го прави токму спротивното. Затоа општина Карпош издвои околу 55 илјади евра за набавка на нови 453 противпожарни апарати S-9 и CO2, кои служат за гаснење на пожар, доколку истиот е предизвикан од спој со електричната мрежа“ – образложи Јакимовски.

Во оваа пригода тој изрази голема благодарност до Кинеската амбасада, која донираше 98 противпожарни апарати во градинките и училиштата на територија на Карпош.

- „Со ова го заокружуваме целиот систем од околу 550 противпожарни апарати кои се распоредени во сите предучилишни и училишни установи. На овој начин го подобуваме нивото на безбедност каде што престојуваат нашите најмлади карпошани. Во исто време издвоивме уште 1.700.000 денари за проверка и реконструкција на хидрантската мрежа во сите училишта и градинки, затоа што во некои од нив не е соодветна инсталацијата од цевководи, поточно не се постигнува стандардниот притисок од минимум 2,5 бари. Од тие причини летоска ќе ги извршиме потребните реконструкции и некаде во септември, сите училишта и градинки ќе бидат комплетно опремени со соодветна опрема за заштита од пожар“ – истакна Јакимовски.

Општина Карпош

притисни ентер