Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
МакедонијаАрсовска: Со ревизија откриени 250 незаконски договори во МКЦГрадоначалничката Данела Арсовска обвини за низа законски нерегуларноси во МКЦ за што ќе бара и институционална одговорност. Тврди дека од културниот центар се испумпувале пари, а како потврда за тоа, покажа дел од како што вели, 250 незаконски склучени договори за работа. Шанкери од бифето земале и по 750 евра плата, а се подигнале, како што кажа, и над 100.000 евра од благајната на МКЦ без соодветно образложение. Од доскорешниот директор Ванчо Богоев, за кого таа тврди дека не бил разрешен, туку му завршил договорт, Арсовска побара во рок од 48 часа да се извини за според нејзе лажните наводи дека му бил вршен притисок. Во спротивно, додаде, истото ќе треба да го докажува на суд. Исплаќани се илјадници евра на овие лица, за кои што морам да потенцирам дека се ангажирани без почитување на ниту една постапка или закон за нивно ангажирање. Меѓу овие лица, најголемиот дел се непознати за јавноста како истакнати членови или функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Има и над 90 договори за времено ангажирање на шанкери на кои им биле исплаќани од 350 до 750 евра месечно. Канал 5 дојде до дел од договорите кои се од јавен карактер, а на кои може да се види, дека одредено лице, за работа на шанк земало 750 евра. Друг случај покажува дека на една македонска пејачка и била дадена плата од 500 евра за да работи на промоција на кино, на социјалните мрежи и веб страната. (договори) Додека Арсовска ја одржуваше прес-конференцијата, пред Град Скопје се одржа и протест од група млади уметници, кои се дел од дивжењето „Сите за МКЦ“. Се пожалија дека буџетот бил намален за 92%, а не се согласуваат ниту со одлуката директор да биде лице кое не било вработено во МКЦ, со што се прекршувал статутот на институцијата. -Кога се назначува директор без конкурс треба да е еден од вработените, сегашниот директор кој е назначен преку агенција за вработување, го прекршува статутот на МКЦ, против тоа се бунат од програмскиот колегиум. Програмскиот буџет на МКЦ е скратен ги има документите ги гледавме од Град Скопје, 2 милиони е оваа година буџетот, што не било претходни години. Против тоа се залагаме, што е против статутот сменет директорот и што толку скратен буџетот.- Мартин Џорлев – „Сите за МКЦ“. Арсовска од друга страна вели дека буџетот лани бил околу 10, а оваа година ќе изнесува приближно 9 милиони денари. Дотациите ќе останат како и лани - 34 милиони денари. Во однос на изборот за директор, посочи дека не е против да се избира на јавен конкурс. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МакедонијаВремен режим на сообраќај на ГП „Делчево“Од 10.09.2026 година, поради започнати градежни активности на патната инфраструктура во рамки на целосната реконструкција на Граничниот премин „Делчево“, воведен е времен режим на сообраќај.За времетраење на градежните работи, сообраќајот за моторни возила на влез и излез од државата ќе се одвива по една сообраќајна лента во секој правец, поради што капацитетот за проток на возила на граничниот премин е намален и можни се подолги задржувања. Апелираме до граѓаните, доколку се во можност, да ги користат соседните гранични премини, со цел да се избегнат подолги чекања и да се овозможи непречено одвивање на сообраќајот. Ги замолуваме сите учесници во сообраќајот за трпение, внимателно возење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација и насоките на надлежните служби.Тагови: ГП „Делчево“ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување возило“Девет возеле без возачка дозвола и еден за време на активна забрана.Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, девет управувале возило без положен возачки испит и тоа: Б.Б.(26), А.Д.Ј.К.(19), Х.И.(20) и Б.Д.(21) од Скопје, Х.С.(49) и Ј.А.(49) од Тетово, У.М.(35) од Виница, И.Т.(48) од Кочани и Д.А.(29) од Македонска Каменица. Од слобода е лишен и С.М.(47) од Кочани затоа што возел за време на активна забрана. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МакедонијаМитовски: Ветувањата вредат кога стануваат дела – да подадеме рака таму каде што е најпотребноГрадоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, денес го посети семејството Ангеловски и малиот Атанас, за кого е целосно реализирано ветувањето за подобрување на условите во домот.На почетокот на својот мандат, при посетата на семејството, Митовски вети поддршка за создавање услови приспособени на потребите на Атанас, дете со попреченост. Денес, дадениот збор е претворен во дело , целосно се уредени и приспособени бања и тоалет со непречен пристап, со што значително се олеснува секојдневието на Атанас и на целото семејство. „Мило ми е што можев да им го олеснам секојдневието и што ветеното денес е реалност. Но, уште повеќе би ме радувало ако овој гест биде поттик и за другите. Да си бидеме поддршка едни на други, да подадеме рака и да помогнеме таму каде што е најпотребно. Понекогаш за некого нашата помош значи многу повеќе отколку што можеме да замислиме“, истакна градоначалникот Митовски. При посетата, со пригодни подароци беа израдувани Атанас и неговата сестричка, а нивните насмевки беа најубавата слика од средбата. Пораката е едноставна, но силна, хуманоста добива вистинска вредност кога станува дело. Нека ова биде поттик за општествено одговорните компании, институциите и сограѓаните да се вклучат и да бидат поддршка таму каде што е најпотребна.Тагови: Сашко Митовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter