Арсовска од Гази Баба: Ни 44 години да им дадете нема да реализираат ништо

Данела Арсовска, кандидатката за градоначалник за Град Скопје, на вечерашниот митинг во Гази Баба ги поздрави коалиционите партнери на ВМРО-ДПМНЕ,како и Алијансата за Албанците и Алтернатива, кои како што посочи ќе ја донесат големата победа во Скопје

Пред граѓаните на Гази Баба вети дека скопјани нема повеќе да живеат во супстандардни услови, да пешачат со километри за јавен превоз или да пливаат по улиците кои се без асфалт, во Скопје мора да се врати надежта дека ако се сака може да се реализираат ветените проекти.

-Ќе бидам личноста која ќе им помага на скопјани и ќе докаже дека е возможно градот да се грижи за нив, за скопјани и граѓаните на Гази Баба ќе видите дека е возможно некој да се грижи за вас, а градот ќе биде достапен за сите, нема повеќе ароганција, ниту безобразни политичари кои не реализираа ништо, рече Арсовска.

-Ни 44 години да им дадете нема да реализираат ништо, затоа што од празните ветувања и неработењето не може да има резултати, а Скопје не е град кој во моментов се развива, многу места посетив во овие месеци, а дел од нашите граѓаните живеат во супстандардни услови, и тоа е затоа што некој не сака да помогне, не затоа што не може, ако се сака сè се може, посочи Арсовска.

Таа истакна дека за Раштак, Булачани, Виниче, Страчинци, Инџиково, Брњарци, но и за голем дел од останатите населби во Гази Баба ветува дека повеќе нема да се заборавени, секое место ќе добие подеднакво внимание и ќе заживеат во 21-от век, затоа што во моментов дел од нив немаат вода, ниту фекална канализација, кога врне дожд пливаат по улиците, а немаат ни асфалтирани улици, немаат ни автобуски станици, а пешачат со километри за да стигнат до превоз, затоа вели Арсовска мораме да овозможиме сето она кое недостига во овие места да се реализира.

-Навремениот еколошки автобуски превоз со новите 250 автобуси, којшто нема да се чека со часови, е нужност за скопјани, да ја вратиме надежта кај граѓаните дека ако нешто се сака, може да се реализира, јас ветувам дека ќе ја вратам надежта, посочи Арсовска, се навддува во соопштението од нејзиниот тим..

Православните верници ја одбележуваат Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението

Православните христијани денеска ја одбележуваат Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението... Вечерва во сите православни храмови во земјава ќе се објави христовото Воскресение... 

Велика сабота, ден на кој според Христијанското учење се спојува тагата за Исусовото распнување и радоста која ќе следи за Неговото воскресение. Денеска православните верници ги прават последните подготовки пред вечерашното прославување на најголемиот христијански празник – Велигден. Тие уште наутро ги посетуваат храмовите каде со желби за здравје, среќа и мир ја слушаат литургијата и се причестуваат.

Здравје прво за сите па за другото не сме многу за жалење.

Најубав ден што може да постои, среќа и само убави работи да се случуваат, мир.

Радост среќа, здравје се за мене значи. Секоја година откако знам за себе јајца фарбам, во црква одам

Тие се за мене сите најубави празници, 00:57 Се нека даде Господ убаво, здравје Велигден да биде за секого.

Велика сабота е втор ден на тага, жалост и молк за Христијаните. Отец Антонио Апостолски објаснува дека Велика сабота е ден на покојот и на исчекувањето, време кога верниците се одаваат на пост и молитва, чекајќи го Христовото воскресение- Велигден, кој според Христијанските преданија е триумф на животот над смртта и доброто над злото.

„Целиот ден се одаваме на некој начин на молитви, на пост, доаѓаме во црквата, одаваме чест на настаните кои што се случиле и всушност се трудиме да бидеме во една духовна молитвена атмосфера која што после тоа ќе се претвори во радост затоа што ќе го дочекаме за неколку часа Христовото воскресение.“

Христовото воскресение – Велигден верниците вечерва го дочекуваат во црквите. Секој од нив со себе носи црвено велигденско јајце. Пред полноќ сите присутни три пати ја обиколуваат црквата, а точно на полноќ си подаваат рака со поздравот „Христос воскресе“, „Навистина воскресе“. Потоа верниците традиционално се кршат со вапсаните велигденски јајца со што завршува 7 неделниот пост.

НАТО ги започна досега најголемите воени вежби, реагира Русија: Тоа е подготовка за војна

Четиримесечните воени вежби на НАТО во близина на границите на Русија, наречени „Непоколеблив бранител“, се доказ дека Алијансата се подготвува за потенцијален конфликт со Русија.

Четиримесечните воени вежби на НАТО во близина на границите на Русија, наречени „Непоколеблив бранител“, се доказ дека Алијансата се подготвува за потенцијален конфликт со Русија, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Захарова неделава ги отфрли обвинувањата на НАТО дека Русија води хибридна војна против нејзините членки, тврдејќи дека тоа е дезинформација со цел да се одвлече вниманието од активностите на алијансата.

„НАТО е тој што води хибридна војна против Русија, поддржувајќи ја Украина со оружје, разузнавачки информации и финансии, рече таа.

„Во моментов, најголемата вежба на НАТО од Студената војна, Непопустлив бранител, се одржува во близина на руските граници. Според нивното сценарио, акциите на коалицијата против Русија се практикуваат со користење на сите инструменти, вклучително и хибридно и конвенционално оружје“, продолжи Захарова.

„Мора да признаеме дека НАТО сериозно се подготвува за потенцијален конфликт со нас“, рече Захарова.

Најавувајќи го почетокот на вежбите во јануари, НАТО најави дека на нив ќе учествуваат 90.000 војници, кои ќе го вежбаат сценариото како американските сили да им помагаат на Европејците во земјите кои граничат со Русија и на источното крило на алијансата доколку конфликтот се разгори.

Вежбите ќе траат до мај, пишува Ројтерс.

Светна Благотаниот оган во храмот на Христосовото Воскресение во Ерусалим

Во црквата на Воскресението Христово во Ерусалим, се појави чудотворниот благодатен оган.

Ерусалимскиот патријарх Теофил Трети излезе од Едикулата и почна да им го дели на народот пламенот, кој, како што се верува, настанал со чудо, по молитва.

Овој храм е едно од најважните христијански светилишта и во него, во пресрет на Велигден, се појавува Благодатниот оган.

Според традицијата, црквата била изградена токму на местото на распнувањето, погребот и воскресението на Исус Христос.

За слегувањето на благодатниот оган зборувал и апостол Петар.

Обредот на наметнување оган се врши откако претходно се провери дека никој не донел запалувачки агенс во храмот. Потоа следи призивот на Светиот Дух.

Ерусалимскиот патријарх прв го прими огнот на својата свеќа и им го предаде на останатите. Огнот при допир наводно не предизвикува изгореници, ниту пак се чувствува жешко.

притисни ентер