Арсовска од Бутел: Ќе овозможиме гасификација до секое домаќинство со субвенционирање на приклу

„Нема да има повеќе заборавени населби, сите оние населени места кои беа заборавени во Скопје во овие четири години, а живеат во субстандардни услови, со посебна програма за Љуботен, Љубанци, Радишани и сите останати.

Ќе почнеме со решавање на проблемите уште од првиот ден. Првиот проект е бесплатен јавен превоз за сите скопјани и за сите населени места во Скопје. Секаде каде се пешачи со километри за да стигнат до автобуска станица, повеќе нема да пешачат и ќе имаат удобен и навремен превоз со 250 нови еколошки автобуси, граѓаните веќе нема да чекаат”, истакна Данела Арсовска, кандидатката за градоначалник на Град Скопје во Бутел.

Арсовска посочи дека скопјани и бутелчани заслужуваат да живеат во убав град и средени населени места, а Костовски ќе има вистински поддржувач во градот и заедно ќе се реализира се она што е предвидено и зацртано со програмата.

„Ќе овозможиме да има гасификација за секое домаќинство и ќе се субвенционира приклучокот за истиот, а за овој дел од Скопје ќе овозможиме внатрешна обиколница која ќе ги поврзува Гази Баба и Бутел со останатите населби, тоа е новиот булевар „Хрватска“ кој, исто така беше ветен, но не беше реализиран, а ние ќе го направиме, а истото ќе овозможи подобро и сигурно поврзување на општина Гази Баба со Бутел и Чаир”, рече Арсовска.

Арсовска предвидува изградба на натпатник од „Лазо Трповски“ до „Боца Иванова“, реконструкција на улицата „Александар Ударевски“, улица „Радишанска“, од „Боро Кралевски“ до последна 57-ца, улица „Бутелска“, како и кракот до булевар „Христијан Тодоровски-Карпош“.

Арсовска истакна дека во градот ќе има дигитален паметен систем за функционирање, како и зголемување на субвенциите за електрични велосипеди и тротинети, а ќе нема затворена врата во Град Скопје за ниту еден граѓанин на Бутел, се наведува во соопштенињето од тимот на Арсовска.

Најмалку 14 лица загинаа во поплавите во Индонезија (ВИДЕО)

Најмалку 14 лица загинаа во поплави и одрони на индонезискиот остров Сулавеси, соопштија денеска локалните власти.

Силниот дожд што паѓа во областа од четвртокот предизвика лизгање на земјиштето во провинцијата Јужен Сулавеси, а беа погодени повеќе од 1.000 куќи, од кои 42 целосно се урнаа.

Екипите за пребарување и спасување ги евакуираат жителите со гумени чамци, изјави портпаролот на Националната агенција за управување со катастрофи, Абдул Мухари.

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

Граѓаните треба масовно да излезат на изборите на 8-ми мај и да гласаат. Се работи за иднината на државата.

Дали ќе следи уште една лоша реприза од тоталитарното владеење на ДПМНЕ како она на Груевски и неговата криминална екипа, или заедно со СДСМ ќе имаме слободна, просперитетна и европска иднина.

Изборот е во рацете на граѓаните.

Со Мицкоски и ДПМНЕ ни следи враќање 20 години назад, изолација, уривање на слободата на медиумите, внатрешни поделби и оддалечување од европскиот пат. Тоа носи сериозни негативни последици кон иднината на Македонија.

СДСМ ги повикува сите граѓани, да излезат на гласање во среда, да го заокружат бројот 1 за претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски и за кандидатските листи на СДСМ и Коалицијата за европска иднина.

Да не дозволат враќање на режимот во најава, да гласаат за европска иднина, за европски стандарди и вредности, за држава во која децата ќе сакаат да останат, се наведува во партиското соопштение.

ВМРО-ДПМНЕ:ДУИ се обидува да поткупи гласачи дури и во верски објекти, секако одат во опозиција

ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти, залудни сценарија, секако ќе одат во опозиција.

Функционери на ДУИ се забележани дури и во места како Виница, Кочани, Берово, Делчево каде во верски објекти со полицајци се обидуваат да поткупуваат гласачи.

Со ова се обидуваат да освојат голем резултат, мислејќи дека така ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да седне со нив, но се лажат.

ДУИ оди во опозиција и со тоа треба да се помират.

Залудно е и полнењето кутии. Примерите кои се нотирани во Липково, не им помогнаа во првиот круг, нема ниту сега во вториот.

Времето кога го купуваа гласот на народот завршува. Време е Македонија да ја вратиме на народот. Македонија повторно твоја!, се наведува во партиското сопштение.

притисни ентер