Арсовска: Мицкоски, денес ти се обраќам како жена, како човек, како градоначалник - Канал 5

Арсовска: Мицкоски, денес ти се обраќам како жена, како човек, како градоначалник

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, утринава преку писмено соопштение му се обрати на премиерот, Мицкоски.

Арсовска: Мицкоски, денес ти се обраќам како жена, како човек, како градоначалник

Мицкоски, денес ти се обраќам како жена, како човек, како градоначалник. Читај внимателно.

Ги спречуваме дивоградбите на Ганиу повеќе од 3 години, враќаме документи и постапуваме, никој институционално не реагира.

Денес кога на седница на совет на Град Скопје ќе се дискутира за случајот за незаконските дивоградби од Чаир што е пријавен во обвинителство, од кој неминовно ќе се отворат и сите останати криминали јас јавно те прашувам:

1.Кој од криминалците на ДУИ ти ги расчисти и затвори во оваа цела година додека си апсолутна власт во Македонија?

2.На кој од криминалците на ДУИ ти им покрена постапка и ги уапси со докажан криминал за една година додека си премиер, а втора година имаш твој Министер за внатрешни работи?

3.Дали си свесен дека Ганиу, Меџити и Адеми се на власт како функционери на ДУИ повеќе од 20 години?

4.Тие 150 дивоградби во Чаир сме ги спречиле незаконски да се легализираат и сме известиле за истото 2023, 2024 и 2025 година, време кога Висар Ганиу прво беше ДУИ, а потоа стана ВЛЕН!!!

Ете ти криминалци од ДУИ постапи! Тоа што се измешале да се скријат во ВЛЕН меѓу Касами, Гаши и Таравари, не ги прави ништо освен политички побегуши на ДУИ што сакаат да си обезбедат нови функции.

На Висар Ганиу никој не му е крив што му текнало на 20 март 2025 година да прави фалсификати за да ги запишува нелегално дивоградбите со кривично дело во катастар на недвижнини. Го фативме со криминалот и наместо институционално да не заштитиш, ти го браниш!

Ти Мицкоски дозволи Висар Ганиу и Ејуп Адеми на секој можен начин да се обидат да ме заплашат, да ми се закануваат, за да се повлечам од разоткривање на криминалот кој им го фативме во Скопје.

Ти Мицкоски дозволи Ганиу да те седне во скут, да го браниш место да го апсиш. Излезе на телевизија нарекувајќи го “господинот” Ганиу, да го застапуваш и се обиде со девалвации, со лични навреди и квалификации дополнително да ги подгрееш нападите кон мене, наместо да ги спречиш.

Овие што се обидуваат да се заканат и етнички дека ќе се дестабилизирала државата бидејќи им фатив криминал, уствари дестабилизирани се самите бидејќи сега треба парите за дивоградбите што им ги зимале на луѓето да им ги враќаат.

Ако не си вмешан во нивните криминали, не ги брани, биди премиер на сите граѓани и заштити не!!! Ако си вмешан и продолжиш да им бидеш адвокат, само ќе докажеш дека сте соучесници, А ЈАС НЕ СЕ ПОВЛЕКУВАМ И ПОКРАЈ ЗАКАНИТЕ БИДЕЈЌИ ЗА СЀ ИМАМЕ ДОКАЗИ!

Не политизирај, не филозофирај, постапувај и апси, почни од Висар Ганиу, па макар и брат да ти е!!!

Да го направеше тоа, од мене и покрај тоа што сме противници ќе имаше целосна поддршка, затоа што би требало да сакаш да живееш во Македонија во која криминалци нема да можат, затоа што не се постапува утре да се заканат на твојата сопруга, сестра, мајка.

Ако не превземеш чекор и покрај доказите за криминалот со дивоградбите тогаш си соучесник на фалсификатите и нема други оправдувања! А јас докази имам многу, НЕ ВИ СЕ ПЛАШАМ И НЕ СЕ ПОВЛЕКУВАМ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На патнички авион во Франкфурт му отпадна предниот трап (ВИДЕО)

На авионот Боинг 787 на германската авиокомпанија Луфтханза му се скрши предниот трап за слетување попладнево додека беше на застанување на аеродромот во Франкфурт.

На патнички авион во Франкфурт му отпадна предниот трап (ВИДЕО)

Портпаролката на Фрапорт, компанијата што управува со најголемиот транспортен центар во Германија, изјави дека инцидентот се случил околу 12:45 часот и дека околностите сè уште се утврдуваат.

Во тек е истрага за да се утврдат сите детали, вклучително и дали некој е повреден. Според неофицијални информации, во авионот немало патници во времето на несреќата, а багажот се товарел. 787 е двомоторен широк трупен авион што Луфтханза го користи главно на долги релации и е релативно нов додаток на флотата на превозникот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Воведни зборови за случајот со злоупотреби на ИПАРД-фондовите

Во Основниот кривичен суд со воведни зборови на Обвинителството и адвокатите започна главната расправа за случајот со злоупотреба на ИПАРД-фондовите.

Воведни зборови за случајот со злоупотреби на ИПАРД-фондовите

Со воведни зборови на Обвинителството започна главната расправа за случајот со злоупотреба на ИПАРД-фондовите, во кој поранешниот директор на Платежната агенција Илија Стоилев се товари за примање награда за противзаконито влијание, а поранешниот министер за локална самоуправа и правда, Џевдет Насуфи, во случајов управител на фирма е обвинет за давање поткуп и организирано влијание. Според обвинението, биле ветени и исплатени десетици илјади евра со цел да се обезбеди одобрување на ИПАРД-средства за фирма која не ги исполнувала условите.

Обвинителката Наташа Поп-Трајкова во воведните зборови истакна дека станува збор за коруптивен систем кој „има име и презиме“, и кој, освен што ја нарушил довербата во домашните институции, ја довел во прашање и довербата на меѓународните партнери во управувањето со европските фондови.

Одбраната на Стоилев и Насуфи целосно ги отфрли наводите на обвинителството,.. адвокатката на екс директорот изјави дека обвинението се темели на претпоставки, а не на директни докази, и потенцираше дека Стоилев не учествувал во бодувањето на проектите и не можел да влијае врз конечната одлука. Одбраната на Насуфи тврди дека тој ниту дал, ниту ветил парични средства, и дека средсвата кои биле одобрени биле намалени за околу 65 проценти, што според бранителот, ја исклучувало можноста за договор за поткуп.

За останатите обвинети, меѓу кои службени лица од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и Управата за јавни приходи, обвинението тврди дека преку бодување и административна обработка овозможиле одобрување на проектот спротивно на правилата. На претходното рочиште, вработената во платежната егнција Јасмина Костадинова ја призна вината и беше осудена на 10 месеци затвор. Следното рочиште е закажано за 9 јуни.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Долга и болна листа на чекање – за операција на колк чекаат 659 луѓе

Ем боли, ем се чека...За операција на колк во Македонија на листа за да ги викнат за операција во болница чекаат околу 660 луѓе, а некои од нив, за да ја направат интервенцијата трпат веќе година ипол.

Долга и болна листа на чекање – за операција на колк чекаат 659 луѓе

Дека се чека и по 18 месеци нотира анализата на Фондот кој ги собрал податоците од болниците во која се нотира дека најдолга е листата на „Осми септември“ каде во болничките тефтери за операција има запишано 300 луѓе. Првиот човек на Фондот Сашо Клековски вели дека има и позитивна страна - иако поради реновирање на операционите сали токму во „Осми септември“, но и на Клиника долг период тие беа затворени хирурзите успеале да сработат 10% повеќе интервенции на колк и колено лани споредено со 2023.

-Вкупно 69% проценти од интервенциите се прават во само три од вкупно 13 институции а тоа се ТОАРИЛУЦ, или Клинички центар, ГОБ „Осми септември“ и Св. Еразмо, а 76 % всушност се прават во Скопје и во Охрид и имаме една географска концентрација на операциите (интервенциите) а со тоа и на листите на чекање. -Сашо Клековски – директор на ФЗО.

Клековски смета дека листите на чекање во дел се должат и на тоа што пациентите бараат и чекаат конкретен хирург да ги оперира и апелира да се зголеми довербата во кадарот.

Листата на чекање е најдолга во две институции, каде што имаше и реални проблеми со капацитетот на оперативнте сали. Меѓутоа, делумно таму притисокот и листите се продолжуваат заради изборот на лекари. Изборот на лекар е важен, но би апелирал до граѓаните дека во земјава немаме само тројца, четворица или петмина хирурзи. Ние надвор од Скопје имаме хирурзи што оперираат р`бетен столб. -Сашо Клековски – директор на ФЗО.

Од Фондот тврдат дека Мекедонија по операции на колено е на средина споредено со регионот, а на дното по интервенции на колено. Оттаму оценуваат дека има напредок во областа која ја поткрепуваат со статистика, но и простор за подобрување на она што не чини.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер