Арсовска: Го повикувам и Шилегов да депонира лична изјава дека нема да го зголеми својот имот

Независната кандидатка за градоначалник поддржана, Данела Арсовска вечерва од Чаир истакна дека до Антикорупциската комисија ќе депонира лична изјава со која ќе истакне дека нема да го зголеми својот имот во наредните четири години.

Таа ги повика кандидатите за градоначалници истото да го направат, особено досегашниот градоначалник за кој како што рече има позади себе десетици скандали и обвинувања.

-До Антикорупциската комисија ќе депонирам лична изјава со која ќе истакнам дека нема да го зголемам својот имот во наредните четири години и истото го барам од сите оние кои се кандидираат во овој момент за градоначалници, пред се мислам на досегашниот градоначалник кој зад себе има десетици обвинувања и скандали, повелете поднесете ја изјавата, па да видиме, истакна Арсовска.

Арсовска посочи дека на скопјани им е смачено од нереализирани ветувања и луѓе кои немаат да понудат ништо друго освен лични напади.

-Денес Скопје е град на урбанистички хаос, а Старата скопска чаршија која има потенцијал да биде најпосетуваното место, во моментов има бројни проблеми, во Скопје има места во кои сеуште нема чиста вода за пиење, нема канализација, нема асфалтирани улици, а нашата метропола тоне во ѓубре и нечистотија изминативе четири години, дури и паркот во кој сме е во навистина лоша состојба, а јас не можам да прифатам дека овие луѓе кои до сега го водеа градот се најдоброто решение за скопјани, посочи Арсовска.

Арсовска ја обвини власта дека ниту едно видео кое ќе го направат против нејзе нема да го покрие срамот дека ништо не направија за градот и за скопјани, изминатите четири години.

-Моите решенија се изводливи, а тие се плашат затоа што ќе знам да покажам за три месеци , а не пак за четири години нешто многу подобро од она кое досега го гледавме, истакна Арсовска, се наведува во соопштението од нејзиниот тим.

Украина објави снимка од купишта уништени руски тенкови: Пат до пеколот (ВИДЕО)

Украина објави видео на кое се гледаат 42 уништени руски тенкови и оклопни возила во источен Доњецк.

Таму се водат жестоки борби, пишува Newsweek.

Снимката од воздух ја објави украинското Министерство за одбрана. Видеото е снимено од 58 моторизирана бригада. „Патот до пеколот. Десетици руски тенкови и борбени возила се уништени на мал дел од линијата на фронтот во регионот на Доњецк“, соопшти Министерството.

Не е јасно кога точно е направена снимката. „Њузвик“ контактирал и со руското Министерство за одбрана, но немало никаков одговор.

Холандската платформа Орикс, која од самиот почеток ги следи воените загуби, тврди дека Русија изгубила 2.948 тенкови од почетокот на конфликтот. Исто така, Орикс има визуелна потврда за загубата на 797 украински тенкови.

Сиљановска-Давкова: Благодарност до Максим Димитриевски за поддршката за вториот круг

Претседателскиот кандидат Гордана Сиљановска-Давкова изрази благодарност до Максим Димитриевски за јавно изразената поддршка за вториот круг од претседателските избори.

Кандидатката за претседателка на Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова, по повод јавно изјавената поддршка од нејзиниот противкандидат од првиот круг, претседателот на партијата "Знам" и градоначалник на Куманов, Максим Димитриевски, за вториот круг од претседателските избори:

„Му благодарам на претеседателот на „ЗНАМ“, Максим Димитриевски (@m_dimitievski), за јавно изразената поддршка во вториот круг. Многу ми значи. Не ја заборавам. Ја сметам за храбар, демократски, инспиративен поттикнувачки и одговорен политички чекор“.

Маричиќ: Сите наши државнички одлуки го издржаа тестот на времето

„Сите државотворни одлуки кои сме ги донеле во изминативе 30 години, сите до една го имаат издржано тестот на времето и со тоа СДСМ се покажа како достоен наследник на делото на Гоце Делчев.“

„Сите државотворни одлуки кои сме ги донеле во изминативе 30 години, сите до една го имаат издржано тестот на времето и со тоа СДСМ се покажа како достоен наследник на делото на Гоце Делчев, на придобивките од АСНОМ и НОБ, од делото на Гоце Делчев и на Киро Глигоров“, истакна на новинарско прашање секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ, кој како член на делегацијата на СДСМ заедно со заменик претседателката, Сања Лукаревска и со претседателот на СДММ, Марко Михаилоски, оддаде почит и положи свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште, во црквата Св. Спас во Скопје по повод 121-та годишнина од смртта на идеологот на Македонската револуционерна организација.

Маричиќ дополни дека ниту една одлука не била ниту поништена, ниту изменета, туку сите биле прифатени и вградени во државноста на Македонија, дека СДСМ нема да се откаже иднината и со својата идеологија и своите политики ќе ги застапува социјалдемократските идеали, принципи и вредности.

Во однос на парламентарните и претседателските избори, Маричиќ нагласи дека СДСМ очекува подобар резултат и дека граѓаните ќе одлучат која партија колку пратеници ќе има во Парламентиот.

„Нам ни е битно да покажеме единство, заедништво и на секој наш член, симпатизер и поддржувач да му пристапиме и тоа го правиме секој ден и ќе се бориме. СДСМ ќе биде силна партија во Собранието, а кој е власт, кој е опозиција одлучуваат граѓаните. Јас сум сигурен дека СДСМ ќе има подобар резултат од првиот круг и дека СДСМ како партија ќе биде бедем којшто ќе ги брани слободата и демократијата, социјалната правда, поголемите плати и пензии и патот на европските интеграции. Сето она што ВМРО – ДПМНЕ, ЗНАМ планираат да го загрозат. Така што, ние сме автентична политичка партија, не сме дериват од ниту една друга политичка партија ниту сме составени да помогнеме на ВМРО – ДПМНЕ да дојде на власт, како што е тоа случајот со ЗНАМ“, потенцираше Маричиќ, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер