Арсовска достави докази во ојо во врска со легализирани дивоградби во Чаир спротивно на закон - Канал 5

Арсовска достави докази во ојо во врска со легализирани дивоградби во Чаир спротивно на закон

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска ги достави документите за предметот, кој вели е доказ за незаконските легализации на дивоградби во О. Чаир до обвинителството.

Арсовска достави докази во ојо во врска со легализирани дивоградби во Чаир спротивно на закон

Најави дека во понеделник во обвинителстовото ќе однесе документи за уште 150 вакви предмети. Таа вели очекувала Обвинителството да постапи и по допрен глас, откако и целата јавност реагирала. Арсовска пред медиумите презентираше документ за легализација на дивоградба на Висар Ганиу кој вели е спротивен на закон, а легализацијата, според нејзе била извршена врз основа на фалсификати, што потоа, вели, експресно го поништил во Катстар. Таа апелира до ОЈО да постапува веднаш.

-Катастар овој документ му го прифаќа и му го брише целиот предмет во кој тој упишал со фалсификати легализирани дивоградби. Ние имаме вакви 150 и сите еден по еден ќе ги изведуваме ако треба, меѓутоа ова е оној каде што е фатен со фалсификатите во раце, тој доказ не знам дали ќе успее ОЈО да го обезбеди, затоа што тој успеал за 24 часа да го поништи во катастар, веројатно е во некој шредер во О. Чаир. Очекувате сега обвинителството да влезе? Не очекувам искрено, а ако влезат ќе се прават дека не нашле ништо, затоа што предметот е избришан, меѓутоа да не се грижат, во понеделник ќе дојдеме со 150 предмети, не можат до понеделник да ги избришат, тука ги чекавме. - Данела Арсовска – Градоначалник на Скопје

Во однос на информацијата од МВР дека немало пријава од страна на градоначалничката дека има закани по живот, Арсовска кажа дека во многу наврати е пријавувано, а последен пат пред неколку дена кога физички, таа и нејзините соработници, биле нападнати во О. Чаир.. Вели дека не се чуствува безбедно, ниту пак дека државата прави нешто да ја заштити.

-Знаете каков беше одговорот? Вчера немало пријава. Тоа значи ако ме утепаат вчера, денес не дојдам да пријавам нема да постапуваат? Не само јас што имам пријавувано, еве и пред некој ден во О. Чаир кога ме нападнаа. Знаете вие, ги кажав многу убаво, јас немам намера веќе зошто никој не постапува да се доведувам себеси и своето семејство во дополнителна опасност.

Од обвинителството претходно ја повикаа Арсовска да ги достави сознанијата кои што ги има во ОЈО Скопје, односно да прецизира за кои точно парцели станува збор, врз основа на што потоа би можеле да постапуваат. Воедно, кажаа дека очекуваат и да им каже детали околу животните закани кои Арсовска кажа дека ги добива изминатиот период.

Од обвинителството дополнително за Канал 5 вчера посочија дека веќе привршува постапувањето по предметот за дивоградбите во Чаир кој го отворија пред две години по допрен глас, откако медиумите објавија истражувачки стории за шемите по кои се прави незаконска легализација.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шведска остана без премиер- Кристерсон поднесе оставка по изборниот пораз

Шведскиот премиер Улф Кристерсон поднесе оставка откако конечните резултати од парламентарните избори го потврдија поразот на неговиот десничарски блок.

Шведска остана без премиер- Кристерсон поднесе оставка по изборниот пораз

Четири левоцентристички партии, предводени од социјалдемократите на поранешната премиерка Магдалена Андерсон, ги добија изборите со 50.359 гласови повеќе од десничарскиот блок, покажаа конечните резултати од гласањето минатата недела, објави Ројтерс.

Левичарските партии ќе имаат вкупно 176 места во новиот парламент, додека трипартитната коалиција на Кристерсон, заедно со крајно десничарските Шведски демократи, ќе има 173 места.

Шведските демократи, за кои се очекуваше да формираат влада по изборите, беа дел од десничарскиот политички блок познат како блок Тиде.

Оставката на Кристерсон го отвора патот за разговори за формирање нова влада.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај

Македонија ги исполнува условите, но останува пред вратите на Европската Унија поради билатерални прашања. 

Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај

Македонија ги исполнува условите, но останува пред вратите на Европската Унија поради билатерални прашања. Ова е пораката на премиерот Христијан Мицкоски од Вашингтон, кој во интервју за Атлантскиот совет повторно го отвори прашањето за македонскиот застој на европскиот пат.

Запрашан дали верува дека проширувањето на ЕУ навистина се темели на заслуги и дали Македонија ја завршила својата работа, а сепак останала зад вратата, Мицкоски рече дека токму таков треба да биде процесот, но дека македонскиот случај со години е оптоварен со билатерални услови.

„Се претпоставува дека треба да се применува пристап заснован на заслуги. За жал, ако го анализирате нашиот случај. Тажно, но вистина е дека тој воопшто не е блиску до пристапот заснован на заслуги. Затоа што во текот на целиот овој пат се соочуваме со таканаречени билатерални прашања. За жал, ние ги исполнуваме сите услови кога станува збор за пристапот заснован на заслуги, но потоа секогаш се соочуваме со вештачки наметнати пречки пред нас. Прво беше промената на нашето уставно име — не треба да ве потсетувам, знаете што се случи во тој период. А сега повторно имаме дополнителен услов — повторно промена на нашиот Устав. И она што најмногу ме загрижува е фактот што, практично, овој процес никогаш не завршува. Мислам, никој не може да ви гарантира дека ова е последното барање. Затоа, нашиот случај е посебен случај.“, изјави премиерот Мицскоски.

Во фокусот на настапот на Мицкоски беа и односите со САД, а премиерот порача дека стратегиското партнерство со Вашингтон треба дополнително да се продлабочува.

„Стоењето рамо до рамо со стратегиските партнери, еднаш избрани, треба да трае засекогаш. Ако го менувате мислењето во зависност од дневната политика, тогаш никој нема да ви верува и никој нема да има доверба во вас како иден партнер. Така беше во минатото и така ќе биде во иднината само може да ја продлабочиме стратегиската соработка со САД – Изјави Мицкоски.

Во своето излагање во Атлантскиот совет, Мицкоски меѓу другото се осврна и на можностите за нови американски инвестиции, изградбата на дата центри, енергетското поврзување со Грција и потенцијалот за експлоатација на критични минерали. Зборуваше и за зголемувањето на издвојувањата за одбраната во рамки на НАТО.

Премиерот посетата на Вашингтон ја искористи и за средби со претставници на американските институции, Конгресот и бизнис секторот, со порака дека стратегиското партнерство со САД треба да добие и посилна економска димензија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мета работи на паметни очила без камера

Meta, според новите информации, развива нова генерација паметни очила кои треба да се разликуваат од претходните модели во еден важен детал. 

Мета работи на паметни очила без камера

Имено, тие нема да имаат вградена камера. Таквиот уред би бил наменет за корисници кои не сакаат можност за фотографирање и снимање видеа, но сепак се заинтересирани за функции на вештачка интелигенција, гласовна контрола и поврзување со содржина на нивниот телефон. Се очекува моделот да се вика Luna, пишува GSMArena.

Презентација и почеток на продажбата

Официјалната презентација на очилата Luna треба да се одржи на годишната конференција за развивачи на Meta, закажана за 23 и 24 септември. Доколку информациите се покажат како точни, Mета нема да чека долго со пуштањето на уредот на пазарот - продажбата наводно треба да започне во октомври.

Фокус на вештачката интелигенција и звукот

Отсуството на камера не значи дека очилата ќе бидат технолошки едноставни. Според достапните информации, тие треба да имаат дури шест микрофони и звучници насочени кон ушите на корисникот, па затоа голем дел од искуството ќе биде фокусиран на гласовни команди и звук.

Централната улога ќе ја игра асистентот Meta AI, со кој корисниците ќе можат да разговараат без да посегнуваат по телефонот. Исто така, треба да има посебно копче од страната на рамката за брзо стартување на асистентот. Ова би можело да ја позиционира Luna како подискретна алтернатива на постојните паметни очила, особено за оние кои сметаат дека помошта од AI е покорисна од камерата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер