Арсовска: Ако се работи за граѓаните со јасен план Скопје ќе биде поубаво место за живеење

Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска вечерва оствари средба со граѓани од Гази Баба и посети повеќе населени места каде разговараа за проблемите со кои се соочуваат жителите од оваа општина. 

Граѓаните на овие средби истакнаа дека немаат време за чекање и слушање нови празни ветувања за кои не се сигурни дека воопшто ќе бидат реализирани од актуелната градска власт. Напротив бараат брзи и квалитетни решенија кои ќе ги решат суштинските промени со брзи и сигурни проекти, без одлагање.

- Сè може да направиме само доколку навистина се сака, а ние заедно со скопјани ќе направи многу за нашиот град. Ако се работи домаќински, без да се краде и да се работи единствено во служба на градот и граѓаните, Скопје може да биде и ќе биде поубаво место за живеење за сите нас. И јас се обврзувам дека ќе ги реализираме сите работи кои им значат на сите скопјани. Не може во 21 век да има заборавени населби како што се Јурумлери, Трубарево, но и многу други населени места ширум градот. Немање фекална канализација, прекини во водоснабдувањето, неасфалтирани улици се само мал дел од проблемите со кои се соочуваат голем број жители од општина Гази Баба. Системски, со брзи и ефикасни решенија ќе понудиме подобар, поквалитетен живот за сите скопјани. Ќе понудиме сообраќајни решенија за растеретување на сообраќајниот метеж во овој дел од градот, ќе проектираме и нови водоводни кракови за чиста вода за пиење до секој дом во општина Гази Баба, нови автобуски линии и нови автобуски станици во секое населено место и повеќе зелени површини. Еден од петте мега паркови е предвиден за изградба токму во оваа општина, вели Арсовска од средбата со граѓани во Гази Баба.

Таа од Гази Баба на скопјани им порача дека времето на ветувања без реализација е завршено и време е вистински луѓе кои се грижат за својот град, да добијат шанса, да покажат дека Скопје може да биде убаво место за живеење како што заслужува секој еден граѓанин.

- Оние кои ветуваа нов тунел под Кале, училишта, гасификација на домаќинствата, булевар Хрватска во Гази Баба и надвозник во Автокоманда, ветуваа нови улици и зелени површини, како и ревитализација на парк-шумата Гази Баба, па дури ветуваа и по една овошка за секој средношколец, не реализираа ништо. И сега повторно со истата програма бараат доверба од граѓаните за уште нови четири години без притоа да дадат отчет каде и на што ги потрошија парите на граѓаните во изминатите четири години. Јас верувам дека граѓаните ќе ги казнат овие погрешни политики во недела на 31 октомври. Доаѓа време на промени, за модерно Скопје, за Скопје на сите скопјани, додаде Арсовска, се наведува во соопштението од нејзиниот тим.

Во Атина уапсени двајца членови на меѓународната криминална група „Пинк Пантери“

Двајца странски државјани, членови на меѓународната криминална група „Пинк Пантери“, во средата биле уапсени во Атина, а се товарат за две кражби на златарници во центарот на градот, јави дописничката на МИА од Атина.

Неофицијално станува збор за српски државјани, а за кражбите го користеле методот „рифифи“, односно во златарниците и продавниците за накит влегувале по направени дупки од соседни напуштени или празни згради или простори.

Од грчката полиција соопштија дека уапсените биле активни најмалку од декември минатата година, користеле фалсификувани документи, а се движеле со возила со странски регистарски таблички или во сопственост на лица со чисто криминално досие, за да не бидат откриени.

Во однос на начинот на дејствување откако ги таргетирале продавниците, ги набљудувале, по што подготвувале соодветен план и се движеле пеш за да не бидат сомнителни.

Откако успевале да добијат пристап до напуштените или празни згради-лепенки до златарниците, отворале дупка на ѕидот што води до продавницата.

Еден од уапсените влегувал преку дупката со лазење за да не се активираат детекторите за движење и со украдениот накит се враќал во соседниот простор.

Од досегашната истрага на полицијата, расчистени се две случаи на кражби во златарници во центарот на Атина, а продолжува истрагата за утврдување на целосниот обем на нивната криминална активност.

По извршениот претрес на уапсените меѓу другото, биле пронајдени и одземени алатки за кражби, три часовници, накит, 190 евра, фалсификувана возачка дозвола, три мобилни телефони.

Шпанија ќе испрати мал број ракети „Патриот“ во Украина

 Шпанија ќе испрати мал број ракети „Патриот“ во Украина, објави денеска весникот „Ел Паис“, повикувајќи се на неименувани добро информирани извори.

Весникот наведува дека Шпанија ја отфрлила можноста за испорака на противвоздушни лансери на Украина, но ќе испрати проектили во Киев.

Шпанија има три системи „патриот“ кои ги купи од Германија во 2004 и 2014 година, потсетува весникот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им кажа на членките на НАТО претходно овој месец дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ или други напредни системи за воздушна одбрана за да ги одврати руските воздушни напади, барајќи од нив да ја засилат воената помош за Киев.

Министрите на ЕУ пред неколку дена изјавија дека разгледуваат како да обезбедат повеќе оружје за противвоздушната одбрана на Украина.

Сончево и потопло, утре попладне дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во планинските подрачја. 

Потоа следува период на стабилно и топло време, а дневните температури ќе бидат повисоки за три до пет степени.

Како што соопшти УХМР, во следните три дена ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Минималните темпеартури ќе бидат во интервал од два до 12 степени, а максималните од 20 до 28 степени.

притисни ентер