Арнолд Шварценегер и Дени Де Вито повторно заедно- публиката ги поздрави со овации (ВИДЕО) - Канал 5

Арнолд Шварценегер и Дени Де Вито повторно заедно- публиката ги поздрави со овации (ВИДЕО)

Арнолд Шварценегер и Дени Де Вито, ѕвездите од филмот „Близнаци“, повторно се обединија.

Арнолд Шварценегер и Дени Де Вито повторно заедно- публиката ги поздрави со овации (ВИДЕО)

Овој пат за Оскарите каде доделија неколку награди.

Холивудските легенди добија овации.

Дени Де Вито направи мало шоу, кога го „прозва“ колегата Мајкл Китон, кој беше во публиката.

Погледнете како тоа изгледаше во следното видео:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пешевска: Продолжува спроведувањето на активностите за унапредување на еднаквите можности во Собранието

Претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Собранието Жаклина Пешевска, денеска, одржа работна средба со членовите на Работната група за следење на спроведувањето на Акцискиот план за унапредување на рамноправноста.

Пешевска: Продолжува спроведувањето на активностите за унапредување на еднаквите можности во Собранието

Претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Собранието Жаклина Пешевска, денеска, одржа работна средба со членовите на Работната група за следење на спроведувањето на Акцискиот план за унапредување на рамноправноста меѓу жените и мажите на Собранието, за периодот 2025 – 2027 година.

На средбата беше направен пресек на досегашната реализација на активностите предвидени со Акцискиот план. Имајќи предвид што Планот се спроведува во периодот 2025 – 2027 година беше констатирано дека досегашната реализација е задоволителна и изнесува околу 55 % од предвидените активности. Воедно, беше посочено дека 10 % од активностите се во тек на реализација, а реализацијата на приближно 31 % не зависи само од Работната група туку од постапувањето и координацијата со други надлежни органи.

Собранието го усвои Кодексот за етичко однесување на пратениците, со кој јасно се утврдуваат принципите на почитување, интегритет и одговорност во парламентарното работење, вклучувајќи одредби за спречување на сите форми на насилство, дискриминација и вознемирување, како и за промовирање на рамноправноста. Усвојувањето на Кодексот претставува значаен исчекор во унапредувањето на демократските стандарди и е една од клучните активности предвидени во Акцискиот план.

Воедно, беше истакнато дека во наредниот период е предвидена реализација на повеќе значајни активности од Акцискиот план, кои ќе придонесат за натамошно унапредување на политиките за еднакви можности и зајакнување на институционалните механизми за промовирање на рамноправноста.

Работната група ќе продолжи со редовно следење на спроведувањето на планираните мерки и со координација на активностите со надлежните институции, со цел навремена и успешна реализација на утврдените приоритети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина пејачката Бони Тајлер

Почина Бони Тајлер, моќната велшка пејачка со рапав глас, најпозната по своите хитови „Total Eclipse of the Heart“, „Holding Out for a Hero“ и „It's a Heartache“.

Почина пејачката Бони Тајлер

Имаше 75 години. Веста беше објавена на нејзината официјална веб-страница, пишува Би-Би-Си.

Починала во болница во Португалија

Во пораката објавена од нејзиното семејство и тим, се вели дека се скршени од веста дека Бони починала неочекувано синоќа во болница во Португалија, како резултат на болеста од која се лекувала. „Наскоро ќе објавиме дополнително соопштение, а засега бараме приватност додека се справуваме со оваа трагедија“, се додава во соопштението.

Пејачката, по потекло од Скевен, Јужен Велс, беше ставена во индуцирана кома во мај по итна операција на цревата во Португалија. Минатиот месец, нејзиниот портпарол потврди дека се разбудила од кома, но дека нејзината состојба е сè уште „многу сериозна и дека е на интензивна нега“.

Од велшки клубови до глобална слава

Бони Тајлер е родена како Гејнор Хопкинс и пораснала во општински стан во Нит. Ловецот на таленти Роџер Бел ја открил во клуб во Свонзи, а таа го издаде својот прв сингл „Lost in France“ во 1977 година.

Истата година, таа ја издаде кантри-поп баладата „It's a Heartache“, која достигна четврто место во Велика Британија и трето место на американската Billboard Hot 100 листа, обезбедувајќи ѝ светско признание.

YouTube video

Песната што го освои светот

Нејзиниот најголем хит, рок баладата „Total Eclipse of the Heart“, пристигна шест години подоцна, во 1983 година, и се искачи на врвот на топ листите од двете страни на Атлантикот. Драматичната песна ја напишал Џим Стајнман, автор на хитови за Meat Loaf, и првично се викала „Vampires in Love“ бидејќи била наменета за мјузиклот за Носферату.

„Никогаш не се заморувам да ја пеам“, неодамна изјави таа за BBC. „Ја обожавам бидејќи публиката едвај чека да ја чуе и да пее заедно со мене.“

Песната ѝ донесе номинација за наградата Греми, а беше номинирана и за албумот „Faster Than the Speed ​​of Night“ и синглот „Here She Comes“. Стајнман напиша и уште една одлична поп-рок химна од 80-тите за неа, страсната и бомбастична „Holding Out for a Hero“, снимена за филмот „Footloose“ и подоцна искористена во анимираниот филм „Shrek 2“.

YouTube video

Активна до последниве години

Во 2013 година, Тајлер го претставуваше Обединетото Кралство на Евровизискиот натпревар за песна, каде што се пласираше на 19-то место. Во 2023 година беше наградена со Орден на Британската империја (MBE) за нејзиниот придонес во музиката.

Минатата година, во соработка со Дејвид Гета и Хајпатон, таа издаде клубска верзија на нејзиниот најголем хит наречен „Together“, а оваа година оригиналната песна надмина една милијарда преслушувања на Spotify, 43 години по нејзиното објавување.

„Многу сум среќна за тоа, особено кога ќе се земе предвид дека во светот живеат само малку повеќе од осум милијарди луѓе“, коментираше таа за овој успех.

Во 2017 година, пејачката ја изведе својата истоимена песна на крстосувач во Карибите за време на затемнување на сонцето кое беше видливо над САД. Таа е зад нејзиниот сопруг, Роберт Саливан, со кого е во брак повеќе од 50 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕУ во трка за бакар, Грција отвора 5 нови рудници, каде е Македонија во оваа реалност?

Европската унија влегува во трка за обезбедување критични минерални суровини неопходни за зелената транзиција и намалување на увозот. 

ЕУ во трка за бакар, Грција отвора 5 нови рудници, каде е Македонија во оваа реалност?

Истовремено, соседна Грција подготвува пет стратешки рударски и рециклажни проекти, меѓу кои бакарно-златните рудници „Скуриес“ и „Сапес“, третирајќи ги како клучни инвестиции за економската и енергетската транзиција. Во Македонија пак, една од најголемите инвестиции во оваа област, рудникот за бакар Иловица, со години е заглавен во административни и судски постапки, иако според досегашните истражувања има потенцијал за производство од над 10 илјади тони бакар годишно во следните две децении. Деканот на Факултетот за природни и технички науки, Ѓорѓи Димов, вели дека Македонија и северна Грција припаѓаат на ист металогенски појас и располагаат со слични бакарно-златни лежишта, што, според него, претставува значителен развоен потенцијал за земјава.

-Не гледам зошто не би можеле и ние да го следиме тој пример. Ако отидете да видите Скуриес веќе 2 години се спрема таа нова технологија, која овозможува многу мала емисија, практично нула емисија на загадување ако можеме така да кажеме, сите патишта на емисиите се следат, има постојан мониторинг. Тоа се технологии кои се применуваат успешно насекаде во светот. Се она што се прави во овој момент во европските земји целото тоа треба да се преслика и тука,- Ѓорѓи Димов - декан на ФПТН.

Според Димов, денешното рударство се разликува од некогашното по примената на современи технологии и строгите европски стандарди за заштита на животната средина. Тој смета дека јавниот страв најмногу произлегува од лошите искуства со старите рударски практики, а додава дека Македонија располага со стручни кадри способни да ги применуваат современите решенија.

- За да се надмине овој страв, да се добие довербата посебно во локалните заедници каде треба да се спроведат тие проекти мора да се убедат луѓето дека ќе се инсталираат најнови технологии. Сме релативно добро спремни за таа работа, бидејки значаен дел од рудниците металични веќе имаат на големо спроведено такви мерки. Имаме искуство и знаење и тие како инвеститори и ние како истражувачи, проектанти. Имаме домашни капацитети да тоа го изработиме сами,- Ѓорѓи Димов - декан на ФПТН.

Во меѓувреме, Владата започна постапка за анализа на теренот и потенцијалните наоѓалишта на ресурси во 27 општини од источниот и југоисточниот дел од земјава. Еколошките здруженија предупредуваат дека тоа може да отвори пат за нови рударски проекти и најавуваат реакции и протести поради можни последици врз животната средина.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер