Армстронг: Планот за допинг беше совршен - Канал 5

Армстронг: Планот за допинг беше совршен

Легендарниот велосипедист и седум кратен победник на Тур де Франс Ленс Армстронг на кого поради допинг му беа одземени сите трофеи, за кратко време го мина патот од идол до омразена спортска личност.

Армстронг: Планот за допинг беше совршен
Американскиот велосипедист изјави дека системот на допинг бил толку усовршен што немало никаква шанса да се биде позитивен на контролата .
Армстронг кој поради сопствено признание дека користел допинг беше суспендиран од светскиот велосипедизам , ниту еднаш во својата кариера немал проблеми со антидопинг контролата.

„Никогаш не сум бил позитивен , бидејќи планот за допинг беше совршен. Немаше никаков ризик за откривање , се беше математички испланирано “, изјави Армстронг.

Инаку Армстронг беше суспендиран од страна на Меѓународната велосипедска унија на основ на извештаите од Американската антидопинг агенција , извештаите од бројни сведоци и неговите поранешни клупски колеги кои тврдеа дека тој користи допинг.

41 годишниот Ленс Армстронг потоа поради суспензијата остана без седумте титули освоени на Тур де Франс од 1999 до 2005 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче од Брвеница му одговори на Мицкоски: СДСМ не можеш и нема да ја уништиш!

„Мицкоски, нека не те лаже умот. Ние сме како пиреј. СДСМ нема да ја уништите!“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од Брвеница, одговарајќи му на Христијан Мицкоски по неговата изјава дека СДСМ треба да се уништи.

Филипче од Брвеница му одговори на Мицкоски: СДСМ не можеш и нема да ја уништиш!

„Пред неколку дена арамијата Мицкоски дојде во Брвеница, во Милетино, и на својот митинг кажа дека СДСМ треба да се уништи. Еве, да му одговорам од овде: Знам сѐ што правиш, Мицкоски. Знам дека сакаш да ја уништиш СДСМ. Знам дека сѐ што правиш е за да нѐ уништиш. Затоа што се плашиш. Се плашиш затоа што СДСМ не ти е под контрола. Затоа што сме единствената вистинска опозиција во земјата“, порача Филипче.

Филипче посочи дека нападите врз СДСМ, црната кампања, навредите и ширењето омраза нема да ја сменат улогата на партијата како единствена вистинска опозиција.

„Се плашиш затоа што знаеш дека ќе одговараш за криминалот пред Европското јавно обвинителство. Се плашиш затоа што ти паѓа поддршката, а СДСМ расте.

Затоа ровариш. Затоа е црната кампања, затоа ме правите убиец на деца на вашите медиуми.

Затоа се навредите, заканите, омразата – „талог“, „мочуриште“, „медиокритети““, рече Филипче.

Филипче од Брвеница упати директна порака до Мицкоски дека СДСМ нема да се повлече и дека ќе продолжи да се бори за граѓаните и за Македонија.

„СДСМ е народот, СДСМ се граѓаните. Работниците, земјоделците, пензионерите, младите што сакаат да останат во оваа земја. СДСМ е Европа, напредок, развој, патриотизам, државништво. СДСМ е искреност и вистинска љубов кон татковината и кон сите наши граѓани. СДСМ е соживот, почитување на различностите. СДСМ е поддршка за ранливите. СДСМ е партија што постои за народот и за Македонија.

Не можеш да нè уништиш и нема да нè уништиш. Христијан, на крај ќе ти порачам една стара поговорка: кој на друг гроб му копа, сам во него паѓа. Доаѓа времето на вистината и правдата. Ќе одговарате! Сите до еден!“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Изградбата на брзата пруга на терен започнува на пролет

Во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5 телевизија, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски зборуваше за договорот за стратешко партнерство со Велика Британија.

Николоски: Изградбата на брзата пруга на терен започнува на пролет

Во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5 телевизија, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски зборуваше за договорот за стратешко партнерство со Велика Британија, финансирањето на брзата пруга и очекуваниот почеток на градежните работи на овој значаен инфраструктурен проект.

„После подолго време, првпат во Македонија се испочитува рок. Имено, сите шест студии требаше да бидат готови до 31 август и ние на истиот датум ги добивме. Што значи дека сега влегуваме во финалната фаза и, ако е сè добро, рокот ќе го запазиме, а тоа е да ги имаме веќе и градежните работи од пролет“, рече Николоски.

Одговарајќи на прашањето дали промената на премиерот во Обединетото Кралство може да влијае врз динамиката на реализација на проектот, Николоски нагласи дека станува збор за стратешко партнерство со држава чија политика во оваа област не зависи од промените на владата.

„Во однос на политичкиот контекст, се работи за пресериозна држава, втора најголема сила во НАТО, држава членка на Советот за безбедност на ООН, и таму овие одлуки не се променуваат со промената на влада“, посочи Николоски.

Како потврда за континуитетот на стратешкото партнерство, тој најави дека во втората половина на ноември и на почетокот на декември повторно ќе се одржат средби на високо ниво во Лондон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на отворање на трговски комплекс „Триангла“

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва присуствуваше на отворањето на трговски комплекс „Триангла“ во општината Гази Баба. 

Мицкоски на отворање на трговски комплекс „Триангла“

Денес присуствував на отворањето на новиот современ трговски комплекс „Триангла“ (Fashion Park Triangla), во Општина Гази Баба.

Станува збор за значајна приватна инвестиција која носи нови содржини, домашни и меѓународни брендови, угостителски и услужни дејности, како и можности за отворање на околу 250 нови работни места.

Ваквите инвестиции се важен двигател на локалната економија, придонесуваат за развојот на Гази Баба и создаваат нови можности за граѓаните и бизнис-заедницата.

Честитки до инвеститорите за реализираниот проект и многу успех во понатамошното работење! , објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер