МВР: Селекцијата за прием во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ се спроведува согласно утврдените критериуми
1МВР: Селекцијата за прием во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ се спроведува согласно утврдените критериуми
МЗ: Во Гостивар здравствениот систем реагираше навремено, пациентите добија соодветна здравствена грижа
2МЗ: Во Гостивар здравствениот систем реагираше навремено, пациентите добија соодветна здравствена грижа
ЗдравјеАрмиската докторка Арсова една недела на испомош во ковид центарот на интерните клиникиНова состојба за нас, нова болест, пациенти со тешко дишење, температура и исплашени . - Состојба која не е грип, болест која е навистина е тешка за болните, вака 27 годишната докторка Викторија Арсова која доаѓа од редовите на армијата ја гледа болеста КОВИД 19. Таа една недела помага на применото одделение на ковид болните пациенти на интерните клиники. Доктор Викторија раскажува дека одкако е во примното одделение не се случило да има смена со приеми на болни под десет. Бројката на болни расте и им треба болничко лекување. Викторија вели дека ќе остане на клиниките се додека има потреба од нивната помош и работа. Како воен доктор вели дека посебно помагаат во психолошкиот дел. Кога ќе дојдат пациентите освен физичките тешкотии со здравјето тие имаат голем страв и недоверба, што често ја влошува здравствената состојба. Интерните клиники работата како ковид центар. Во последните 24 часа имало 18 приеми на болни. Околу 130 пациенти се лекуваат на овие клиники. Во „ 8 септември“ има вкупно 108 болни, на Клиниката за инфективни болести 151 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 31 пациент. За едноденоноќие приемни биле 41 пациент во ковид болниците. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамНовиот СУВ на „Xiaomi“ со повеќе од 100.000 резервацииНовиот SUV на Xiaomi веќе има повеќе од 100.000 резервации .Xiaomi се подготвува да ја прошири својата понуда на возила со серијата „SkyNomad“, која моментално опфаќа два големи SUV-модели опремени со систем за продолжен досег. „SkyNomad N90 Max“ е позициониран како голем SUV со седум седишта, погон на сите тркала и систем за продолжен досег, дизајниран за семејни патувања на долги релации. Тука е и „SkyNomad N70 Max“, позициониран како SUV со пет седишта и погон на сите тркала – исто така со систем за продолжен досег – наменет за секојдневно патување и удобност при возењето. Подот на возилото е рамен. Предните седишта можат да се ротираат за 180 степени, додека вториот ред располага со седишта што можат да се преклопат. Двата кросовери се базирани на новата платформа „Kunlun“ на Xiaomi и користат електричен погонски систем со продолжувач на опсегот. Врвниот модел е „Xiaomi SkyNomad N90 Max“; со должина од 529 сантиметри, тој е опремен со два електромотори – кои испорачуваат 286 КС на предната и 136 КС на задната оска. Батеријата се полни со помош на 1,5-литарски турбо-бензински мотор со моќност од 154 КС. Вкупниот досег со користење и на електрична енергија и на бензин изнесува 1.500 километри според стандардот WLTP. Капацитетот на батериите кај моделите N70 и N90 се движи од 52 до 76 kWh, во зависност од верзијата, што овозможува досег на електричен погон од 460 до 500 километри. Максималната брзина е електронски ограничена на 190 km/h, додека моделот N90 забрзува од 0 до 100 km/h за 5,9 секунди. Кога батеријата ќе се испразни, сите модели постигнуваат потрошувачка на гориво од само 5,7 литри на 100 километри според стандардот WLTC. Системот за потпирање е независен на сите четири тркала и вклучува воздушно... Планирано е овие модели да пристигнат и во Европа, почетната цена во Кина изнесува 33.000 евра за N70 и 38.500 евра за N90, пренесува Revija HAK. Тоа е неверојатно ниска цена за голем теренец (SUV) со должина од над пет метри. Цените во Европа сигурно ќе бидат повисоки, но неизбежно се поставува прашањето како европските премиум конкуренти ќе можат да му парираат на ваков модел. Кинескиот медиум „Cailian“ известува дека Xiaomi веројатно надминал 100.000 нарачки во претпродажба за својата почетна линија на возила SkyNomad EREV за само девет дена, при што поголемиот модел N90 се покажал како попопуларен меѓу купувачите.Тагови: автомобилска индустрија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеМЗ: Во Гостивар здравствениот систем реагираше навремено, пациентите добија соодветна здравствена грижаМинистерството за здравство ја почитува законската можност секој да поднесе пријава доколку смета дека постои основ. Истовремено, очекуваме надлежните институции професионално, темелно и неселективно да ги испитаат сите наводи. Основното јавно обвинителство веќе постапува по случајот. Министерството и сите надлежни здравствени установи целосно ќе соработуваат и без одложување ќе ја достават секоја побарана информација, анализа и документација. Во Гостивар здравствениот систем реагираше навремено, пациентите добија соодветна здравствена грижа, а јавноста беше информирана за состојбата. Здравјето на граѓаните не смее да биде предмет на дневнополитички пресметки. Оттука, сметаме дека обидите на СДСМ случајот да го претвори во партиска тема не придонесуваат за утврдување на фактите. Наместо политички квалификации и прес-конференции, потребно е да им се овозможи на надлежните институции непречено да ја завршат постапката. Министерството ќе продолжи да работи транспарентно и одговорно. Наши приоритети остануваат функционалниот здравствен систем, заштитата на здравјето на граѓаните и целосното утврдување на фактите врз основа на докази.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаЧакал касна жена во Романија; мештаните ја спасијаЧакал нападна 41-годишна жена утрово, на 10 август, пред нејзиниот дом во селото Олтенешти во источна Романија. Животното ја касна жената за подлактицата и ѝ го изгреба стомакот, но таа се спаси благодарение на мештаните кои веднаш ѝ притекнаа на помош. Нападот се случи пред домот на 41-годишната жена, која итно беше пренесена во окружната болница, пренесува Digi24. Жртвата остана свесна и присебна; по инцидентот, жителите изразија загриженост и побараа од надлежните да интервенираат и да ги отстранат опасните животни од околината на селото, бидејќи стравуваат да излезат од своите домови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter