Армијата се вклучува во обезбедување на здравствените установи

​Армијата од денеска се очекува да се вклучи во обезбедување на здравствените институции. Ќе се обезбедуваат клиниките во Скопје, поголемите болници во главниот град, како и болниците во Тетово, Битола, Гостивар, Дебар, Куманово, ...

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, по вчерашната средба со британската амбасадорка Рејчел Галовеј, изјави дека Владата го испратила барање до претседателот на државата и врховен командант на воените сили и очекува тој да го одобри.

Шеќеринска појасни дека ваквата заштита ќе функционира исклучиво на барање на здравствените установи.

– Подготвен е список од Министерството за здравство и по иницијатива на секоја од институциите ќе почнеме со распоредување на силите. Ќе бидат опфатени најголемиот дел од клиниките во Скопје и најголемите болници, како „8 Септември" и другите во градов, и во поголемите центри, како Тетово, Битола, Гостивар, Дебар, Куманово, Штип, Велес. Сите што покажале потреба ќе добијат поддршка, истакна Шекеринска.

Таа појасни дека целта на ангажирањето на армијата е да се овозможи секоја болница, секоја клиника во Скопје да може да смета дека докторите, медицинските сестри и пациентите се заштитени и дека тоа е работа на полициајта и армијата сега.

Претседателот на државата и врховен командат на воените сили Стево Пендаровски, вклучувањето на армијата во обезбедување на здравствените установи го најави по прогласувањето на кризната состојба на целата територија во траење од 30 дена.

– Сметам дека ваквата помош и поддршка е повеќе од потребна за здравствените власти и за полицијата, коишто веќе деветти месец деноноќно се борат се пандемијата и се крајно исцрпени, напиша на „Фејсбук" Пендаровски во саботата, дента кога се прогласи кризна состојба.

Во Прилеп, пак, градоначалникот Илија Јовановски, поради влошената состојба со Ковид-19, бара да се воведе карантин. Неговото барање ќе биде разгледано утре од Комисијата за заразни болести, која ќе треба да одлучи дали ќе го одобри.

Портпаролот на Владата, Душко Арсовски вчера рече дека ситуацијата во Прилеп е алармантна и в петок Комисијата за заразни болести ќе го разгледува тоа како проблем.

Според последните податоци од Министерството за здравство, во Прилеп има 1021 активни случаи. Прилеп е втор град по најмногу активни случаи, веднаш зад Скопје, кое има 10130.

Од 1288 новозаразени регистрирани во претходното деноноќие, од Прилеп се 78, а од Скопје – 570. Во Тетово се активни 965, Куманово-939, Гостивар-862, Битола-808, Велес-711. Во другите градови се под 600 заразени.

Вчерашниот ден беа забележани и голем број починати, вкупно 39. Од починатите дури 16 се од Скопје (79г., 80 г., 54 г., 70 г., 68 г., 54 г., 68 г., 82 г., 84 г., 68 г., 76 г., 75 г., 71 г., 60 г., 73 г., 56 г.), двајца од Куманово (70г. и 62 г.), еден пациент од Дебар (87г.), еден од Штип (71г.), тројца од Прилеп (86г., 76 г., 68 г.), четири пациенти од Тетово (53г., 72 г., 67 г., 66 г.), двајца од Струга (68г., 69 г), двајца од Велес (67г., 78 г.), двајца од Охрид (68г., 73 г.), еден пациент од Струмица (72г.), еден од Демир Хисар (65г.), еден од Берово (79г.), двајца од Кичево (60г., 41 г.) и еден пациент од Неготино (40г.).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 57451, бројката на оздравени пациенти е 34970, на починати е 1600, а бројот на активни случаи изнесува 20881.

Во Скопје најмногу заразени има во Гази Баба – 1490, Аеродром-1474, Карпош – 1186, Центар – 1173, Кисела Вода – 1245, Ѓорче Петров – 874, Чаир – 639, Бутел – 584. Во другите општини има помалку од 300.

За големиот број починати, особено за млади лица, Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) спроведува вонредни инспекциски надзори. Во тек се девет такви надзори.

Директорката на ДСЗИ Иринка Сотирова Бухова вчера посочи дека од почетокот на пандемијата, па до сега ДСЗИ иницираше и заврши 21 вонреден инспекциски надзор. За истите тие имаат поднесено иницирање на вонредни стручни надзори, кои не ги работи ДСЗИ, ги работи Министерството за здравство или лекарската комора.

Таа рече дека во последните денови или недели немаат добиено претставки од граѓаните по основ на несоодветно лекување од страна на докторите.

– Вонредни инспекциски андзори ги правиме по допрен глас, по иницијатива на ДСЗИ, по иницитјаитва на Министерството за здравство, рече вчера Бухова.

Таа информира дека надзорот во клиничката болница во Битола по однос на актуелните случувања, е сè уште во тек.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 68 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во земјава вкупно хоспитализирани се 1297 пациенти. Во претходното деноноќие во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 812 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, а во главниот град 486 лица. Од хоспитализираните голем дел се на кислородна поддршка. Најмногу пациенти во Скопје се лекуваат во ГОБ „8 Септември"-108 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 159 пациенти.

Во скопските инфективни оддели вчера утрото имаше 20-тина слободни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка, стои во соопштението.

И покрај големиот број заразени и починати, министерката за образование и наука Мила Царовска вели дека тоа не се одразува во училиштата, каде, како што рече, нема ширење на вирусот и затоа таа смета дека предлогот на опозицијата за предвремен распуст е неаргументиран.

Првото полугодие на учебната 2020/2021 ќе заврши на крајот на годинава, а второто ќе почне на 21 јануари 2021, рече Царовска, која информира дека бројот на заразени ученици и наставници во наставата со физичко присуство во целата држава е помал од 1 процент.

Коронакризата, покрај другите негативности, донесе и зголемен бројот на случаи на семејно насилство, според резултатите од Клиниката за психијатрија.

– Очигледно е дека стресот го прави своето, дека ова што треба да сме на некој начин на физичка дистанца, што е сосем спротивно на тоа што е еволуцијата на човештвото нè учи, а тоа е заедништвото, и изолацијата за време на долгите карантин, според резултатите од Клиниката за психијатрија, резултираа со зголемен број случаи на семејно насилство, изјави вчера министерот за здравство Венко Филипче, по повод 25 ноември, Меѓународниот ден за борба против насилство врз жените.

Колегите се силно посветени на ова прашање, ги решаваат проблемите и ги зголемуваат тимовите кои излегуваат во пресрет на жртвите на насилство, потенцираше Филипче и додаде дека некаде околу 30 отсто е зголемувањето во однос на истиот период во 2019 година.

Вембањама прогласен за дебитант на годината во НБА

 Центарот на Сан Антонио, Виктор Вембањама е прогласен за најдобар дебитант на годината во НБА, објавено е на официјалната веб-страница на лигата.

Дваесетгодишниот Французин во гласањето освои 495 поени. Второто место му припадна на кошаркарот на Оклахома, Чет Холмгрен со 295 поени, додека трет е членот на Шарлот, Брендон Милер со 86 поени.

Вембањама беше избран од Сан Антонио како прв пик на драфтот на НБА во 2023 година.

Во сезоната 2023/24, кошаркарот учествуваше на 71 натпревар од регуларниот дел од сезоната, со просек од 21,4 поени, 10,6 скока и 3,9 асистенции по натпревар.

Сан Антонио заврши на 14. место во Западната конференција и не успеа да се квалификува за плејофот.

Во 2023 година Грција ја посетиле над еден милион туристи од Македонија

Македонија и овој пат е меѓу првите 15 држави според бројот на туристи и останува без промени на 11-та позиција, иако драстично е зголемен бројот на посетители од нашата земја.

Минатата година Грција ја посетиле 1.128.000 туристи од Македонија, бројка што е нешто помалку од двојно поголема споредбено со 2022 година, согласно податоците од Институтот на Асоцијацијата на грчки туристички бизниси (ИНСЕТЕ), јави дописничката на МИА од Атина.

Во истражувањето „Кој каде оди? Колку долго останува? Колку троши?“, ИНСЕТЕ ги анализира официјалните податоци на Банката на Грција за туризмот и туристите во земјата во 2023 година, а поконкретно се фокусира на секој од 13-те грчки региони.

Македонија и овој пат е меѓу првите 15 држави според бројот на туристи и останува без промени на 11-та позиција, иако драстично е зголемен бројот на посетители од нашата земја.

Првите 15 земји со најголем број посети и посетители на Грција се Германија, Велика Британија, Бугарија, Италија, Франција, САД, Романија, Холандија, Полска, Албанија, Македонија, Турција, Австрија, Белгија и Србија.

Конкретно за Македонија, минатата година, за 46,5 отсто се зголемил бројот на посетители споредбено со една година претходно, односно имало 1.128.000 посетители во 2023 година, наспроти 770.000 во 2022 година.

Во однос на посетите од нашата земја, во 2023 имало 1.132.000 посети, а пред две години 771.000, додека пак мнозинството посети се во северниот дел на Грција.

Во однос на перифериите, што е и предмет на анализата, најпосетена е областа Атика, поширокиот регион на Атина, потоа се островите во јужниот дел на Егејското море, а на третата позиција е централниот дел од северна Грција – регионот во кој спаѓаат Солун и Халкидики, каде што посетителите од Македонија се меѓу првите три земји.

-На трето место е регионот централна Македонија со 6.566.000 посети, а мнозинството посети се од Бугарија (1.821.000). Потоа следат посети Македонија (1.079.000) и од Германија (917.000), пишува во анализата.

Сепак, иако Македонија е меѓу првите три земји по бројот на посети во конкретниот регион, сепак не е во топ трите држави според бројот на ноќевања и според направените трошоци за време на престојот.

Во Русија приведен американски војник, кој бил во приватна посета на земјата

 Русија ги информираше САД за приведување на американски војник во Владивосток поради кршење на законот, изјави портпаролката на Пентагон, Синтија Смит.

„Руските власти во Владивосток на 2 мај го уапсија американскиот војник под обвинение за криминално дело. Во согласност со Виенската конвенција за конзуларни односи, Русија го информираше Стејт департментот за приведувањето на американскиот војник“, изјави Смит.

Таа рече дека американската војска го информирала семејството на војникот за инцидентот и додаде дека Стејт департментот обезбедува конзуларна поддршка на приведените припадници на американските вооружени сили.

Претходно, во понеделникот, неименуван американски официјален претставник потврди дека американски војник кој отпатувал приватно во Русија неодамна бил приведен во таа земја. Апсењето на американскиот војник прв го објави Ен-Би-Си Њуз, наведувајќи дека руските власти го обвиниле војникот дека наводно крадел од жена. Неименуван американски функционер изјави дека американскиот војник бил стациониран во Јужна Кореја, од каде отишол на приватно патување во Русија.

притисни ентер