Вонредна дезинсекција во Драчево: Денеска акција против ларви, во петок третман против возрасни комарци
1Вонредна дезинсекција во Драчево: Денеска акција против ларви, во петок третман против возрасни комарци
Дали изневерувате, а не сте ни свесни за тоа? Овие се 7 навики кои можат да ја уништат врската, иако не изгледаат како изневерување
2Дали изневерувате, а не сте ни свесни за тоа? Овие се 7 навики кои можат да ја уништат врската, иако не изгледаат како изневерување
ЖивотАрктикот би можел да остане без морски мраз во лето до 2030-тите, еве какви се последицитеНаучниците предупредуваат дека Арктикот би можел да остане без морскиот мраз една деценија порано од предвиденото, што е уште еден јасен показател дека климатската криза се развива побрзо од очекуваното.Според најновото истражување објавено денес во списанието Nature Communications, арктичкиот морски мраз би можел целосно да исчезне веќе во 2030-тите во текот на септември. Дури и ако значително ги намалиме емисиите на стакленички гасови, експертите веруваат дека до 2050-тите Арктикот може да го изгуби мразот во текот на летните месеци. Научниците ги анализираа промените во нивото на мразот од 1979 до 2019 година, споредувајќи различни сателитски податоци и климатски модели. Тие открија дека намалувањето на морскиот мраз во голема мера е резултат на загадувањето кое ја загрева планетата и дека претходните модели ги потцениле трендовите на топење на ледените плочи на Арктикот. „Можеме да останеме без мраз десет години порано од предвиденото“ - Бевме изненадени кога сфативме дека Арктикот ќе остане без мраз во текот на летото, дури и ако направиме нешто за намалување на емисиите на стакленички гасови, изјави за Си-Ен-Ен климатологот Сеунг-Ки Мин од Универзитетот за наука и технологија Поханг во Јужна Кореја. Арктичкиот мраз се акумулира во текот на зимата, а потоа се топи во лето. Најниското ниво обично го достигнува во септември, а подоцна, со доаѓањето на постудено време, циклусот повторно започнува. Меѓутоа, ако нема повеќе мраз во текот на летото, тој ќе се акумулира побавно во зима. Во случај да се зголемат штетните емисии и дополнително да го забрзаат глобалното затоплување, Мин верува дека до 2080 година Арктикот би можел да остане без мраз до крајот на октомври. Наодите од ова истражување не се во согласност со извештајот од 2021 година на Меѓувладиниот панел на ОН за климатски промени, во кој се наведува дека Арктикот ќе биде „практично без мраз близу до средината на векот под сценарија за средни и високи емисии на стакленички гасови“. „Нашата студија покажува дека тоа би можело да се случи 10 години порано, без оглед на сценаријата за емисии“, рече Мин. Кои се последиците? Во текот на изминатите неколку децении, Арктикот се загреал четири пати побрзо од остатокот од светот, според студија од 2022 година. Арктикот без летен морски мраз би предизвикал страшни последици ширум светот. Имено, белиот мраз ја рефлектира сончевата енергија. Кога се топи, се изложува потемниот океан кој апсорбира повеќе топлина, што пак предизвикува дополнително затоплување. - Намалувањето на нивото на морскиот мраз може да влијае и на глобалната клима. „Со оглед на претпоставката дека затоплувањето на Арктикот носи временски екстреми, како што се топлотни бранови, шумски пожари и поплави на северните географски широчини, порано целосно губење на мразот во текот на летото може да предизвика екстремни настани побрзо отколку што предвидовме, рече Мин. Арктикот без мраз би можел да доведе и до зголемување на комерцијалниот поморски превоз поради отворањето на нови рути, а според минатогодишниот извештај за Арктикот на американската Национална агенција за истражување океани и атмосфера, зголемениот бродски превоз би довел до повисоки емисии и загадување во регионот. Индекс.хрКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:08
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
ЖивотВидео: Мини песочно торнадо „песочен ѓавол“ во Лондон?! Жителите и туристите во Лондон останаа вчудоневидени кога огромен ротирачки столб од прашина и трева ненадејно се издигна среде познатиот парк Гринич.Во еден момент сончање и уживање во природата, а во следниот – сцени како од филмови за катастрофи! Жителите и туристите во Лондон останаа вчудоневидени кога огромен ротирачки столб од прашина и трева ненадејно се издигна среде познатиот парк Гринич и со бучава мина покрај изненадените луѓе. View this post on Instagram A post shared by The Guardian (@guardian) Иако изгледа како мини-торнадо, станува збор за метеоролошки феномен познат под морничавото име – „песочен ѓавол“. Овој феномен е исклучително редок во Европа, но сушите и екстремните топлотни бранови буквално ја менуваат климатската слика на континентот и ни носат пустински сцени! Што точно претставува „песочниот ѓавол“? „Песочниот ѓавол“, или песочниот вител, претставува ротирачки столб од воздух што од земјата крева прашина, песок, сува трева и ситни остатоци. Иако по форма наликува на торнадо, тој настанува на сосема поинаков начин и во сосема поинакви временски услови! Торнадото настанува од буноносни облаци и е поврзано со лошо време, грмежи и дожд, додека „песочниот ѓавол“ се појавува под сосема ведро небо, за време на жешки и сончеви денови без ветер!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:08
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
МакедонијаВонредна дезинсекција во Драчево: Денеска акција против ларви, во петок третман против возрасни комарциЦентарот за јавно здравје, во соработка со Општина Кисела Вода, денеска спроведува вонредна акција за дезинсекција на подрачјето на населбата Драчево, со цел ефикасна заштита на граѓаните од комарци и спречување на нивното масовно размножување.Денешната акција е фокусирана на сузбивање на ларвите, при што специјализираните екипи на терен вршат прскање со соодветен ларвицид во сите критични точки, каналите, застоените води и влажните места каде што се собира вода и каде што постојат услови за развој на овие инсекти. За дополнителна заштита и целосно намалување на бројноста на инсектите, акцијата ќе продолжи и во петок, кога ќе се изврши теренско прскање против возрасни комарци на територијата на овој дел од општината. Општина Кисела Вода ги потсетува пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на своите пчелни семејства поради најавеното прскање против возрасни комарци кое ќе се реализира во петок.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиБраја Авиа со нов рекорд на Македонија во скок во далечина во младинска конкуренцијаМакедонскиот атлетичар Браја Авиа синоќа на Светското првенство во атлетика за младинци до 20 години постави нов државен рекорд во скок во далечина.На шампионатот во Орегон младиот Авиа предводен од тренерот професор Ѓорги Вучков со скок од 7,04 метри што е негов личен рекорд го освои 24 место во конкуренција на 30 скокачи од целиот свет. Македонската атлетика доби уште едно историско достигнување! Со овој скок, Брајан го собори досегашниот младински национален рекорд од 7.05 метри, поставен од Славчо Мирчевски во 2010 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter