СветАризона обвини 18 републиканци за обид да го променат резултатот од изборите во 2020Во американската сојузна држава Аризона, обвинети се 18 лица во врска со обидот за промена на резултатите од претседателските избори во 2020 година во корист на Доналд Трамп, објави државниот обвинител, цитиран од франуските и американските медиуми.Според американските медиуми, меѓу обвинетите е и Руди Џулијани, личниот адвокат на поранешниот претседател Доналд Трамп. Во обвинението се вели дека имало заговор да се доделат гласовите на американскиот Изборен колеџ, кои се користат на секои четири години за избор на нов претседател, во корист на Доналд Трамп во таа држава, во која во 2020 година беше тесно победен од Џо Бајден. Јавниот обвинител на Аризона рече дека во случајот се вклучени 11 локални републиканци, како и седум други надвор од државата. Според „Вашингтон пост“, меѓу седумте се поранешниот шеф на кабинетот на Доналд Трамп во Белата куќа, Марк Медоус, адвокатите Џена Елис и Џон Истман, советникот во кампањата Борис Епштајн и Руди Џулијани, поранешниот личен адвокат на Доналд Трамп. Против поранешниот претседател не е покренато обвинение, но тој е наведен како необвинет соучесник, пишува Вашингтон пост. Џо Бајден ја освои оваа југозападна држава со нешто повеќе од 10.000 гласови пред милијардерот, но многу претставници на Републиканската партија веруваа, без докази, дека имало измами и дека Доналд Трамп победил на изборите во Аризона. Аризона стана четвртата американска држава, по Мичиген, Џорџија и Невада, која презема правни мерки против луѓето кои се обиделе да формираат алтернативна листа на претставници на Изборниот колеџ, која го одредува американскиот претседател. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРуте го разочара Зеленски: Моментално нема согласност за влез на Украина во НАТОГенералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги отфрли барањата на Украина за приклучување кон трансатлантската алијанса во овој момент.Тој на годишната сесија на Парламентарното собрание на НАТО во Берлин изјави дека постои можност Украина да стане дел од Алијансата во иднина, но дека членките на НАТО во моментов не се едногласни по ова прашање, објави „Зидојче Цајтунг“. „На НАТО е да одлучи кој може да стане членка на НАТО“, рече Руте. Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно повторно се залагаше за прием на неговата земја во НАТО. Тој оцени дека ова е подобро решение за безбедноста во Европа отколку безбедносните гаранции кои само личат на клаузулата за заемна помош во член 5 од договорот за НАТО. Русија го отфрла влезот на Украина во НАТО, а Одбранбената алијанса во принцип одлучи дека Украина треба да стане членка, но САД се спротивставија на тоа во последните години.Тагови: Володимир Зеленски Марк Руте Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
ЗабаваЦрногорската мисица Марија, која „леташе орли“ на Мис Универзум: Бев горда Претставничката на Црна Гора на натпреварот Мис Универзум што ќе се одржи на 24 ноември, Марија Александра Ивезај, покажа „двоглав орел“ за време на парадата со костими.Сега таа одговори на прашањата на јавноста за нејзиниот потег за време на презентацијата и рече дека е горда и на своето албанско потекло и на Црна Гора, објави Телеграф. Откако нејзиното претставување на натпреварот Мис Универзум привлече големо внимание, бидејќи покажа „двоглав орел“ на сцената, Марија Александра Ивезај се огласи на социјалните мрежи. - Многу луѓе ме прашаа зошто го покажав албанскиот орел за време на моето претставување на натпреварот Мис Универзум. Размислував за тој момент пред да излезам на сцената и ОДБРАВ да го направам тоа затоа што сакав девојките со албанско потекло од Црна Гора да видат дел од себе таму горе со мене. Двајцата мои родители се родени и израснати во Црна Гора. Моето семејство е од Тузи и пораснав враќајќи се таму секое лето. Тоа што сум Албанка е дел од приказната на моето семејство, а Црна Гора е дел од таа приказна. Кога реков „Црна Гора“ на сцената и го кренав орелот, бев горда и на двете. Дојдов на Мис Универзум со надеж дека луѓето од малцинските заедници во Црна Гора исто така ќе се чувствуваат претставени. Прославувањето на нашето наследство беше еден од најлични начини на кои можев да оддадам почит на земјата што моето семејство ја нарекува дом. Би го направила тоа повторно - напиша таа на Инстаграм. Таа покажа двоглав орел на сцената За потсетување, на 75-от избор за Мис Универзум, имаше неочекуван скандал кога претставничката на Црна Гора, Марија Александра Ивезај, направи гест за време на парадата во национални носии што крена многу прашина. Таа покажа „двоглав орел“ со рацете на сцената, што често се смета за симбол на таканаречената голема Албанија.Тагови: Мис Универзум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСредба на министерот Муцунски со грчкиот министер за надворешни работи Јоргос ГерапетритисДенеска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис.Денеска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис, на маргините на министерскиот состанок на земјите од иницијативата „Пријатели на Западен Балкан“, што се одржа во Атина. Министерот Муцунски се заблагодари за поканата за учество на состанокот, чиј домаќин беше министерот Герапетритис, како и за континуираните заложби на Грција за целосна интеграција на Западен Балкан во Европската Унија, што беше потврдено и во рамките на денешните дискусии. Потенцирајќи ја посветеноста на Владата на целосно спроведување на европската реформска агенда и подготовка на земјата за ЕУ-интегрирање, согласно со Копенхагенските критериуми, министерот Муцунски изрази очекување грчката поддршка да продолжи и во следниот период, како придонес кон европската интеграција и развојот на целиот регион. Двајцата министри го поздравија позитивниот развој на билатералните односи и изразија подготвеност за натамошно зајакнување на соработката преку засилен политички дијалог, приоритет на инфраструктурното и енергетското поврзување долж Коридорот 10, како и внесување нова динамика во економската соработка, културата и туризмот. Соговорниците разговараа и за изнаоѓање практично решение за предизвиците со кои се соочуваат професионалните возачи при влезот и престојот во Шенген-зоната. На средбата беше потврдена и важноста од почитувањето на меѓународното јавно право, како и определбата билатералните односи и натаму да се развиваат врз основа на меѓусебно разбирање, добрососедство и сојузништво во НАТО, соопштуваат од МНРи НТ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter