Арина Сабаленка откри кој според неа е најдобриот тенисер на сите времиња - Канал 5

Арина Сабаленка откри кој според неа е најдобриот тенисер на сите времиња

Најдобрата светска тенисерка во моментов, Белорусинката Арина Сабаленка изјави дека најтрофејниот светски тенисер, Србинот, Новак Ѓоковиќ е нејзиниот избор за најдобар тенисер на сите времиња.

Арина Сабаленка откри кој според неа е најдобриот тенисер на сите времиња

Во интервју за „Piers Morgan Uncensored“, Сабаленка зборувала на различни теми, а едно од прашањата било кој, според неа, е најдобриот тенисер на сите времиња.

Одговорот на Арина бил безусловен: „Новак“. „Секако. Бројките го покажуваат тоа“, додаде Сабаленка, која, патем, неодамна го „предаде“„ својот голем пријател Ѓоковиќ и не го спомена во ТОП 5.

Таа се осврна и на своите модели од светот на женскиот тенис. Иако признава дека Серена Вилијамс е најдобра во однос на статистиката, Сабаленка истакнува дека нејзини фаворити се Штефи Граф и Мартина Навратилова.

Кога ја прашале дали може да ги победи во нивната најдобра форма, Арина не била сигруна во тоа.

Сабаленка моментално ужива во успешна сезона, а на крајот од месецот ќе има егзибициски натпревар „Битка на половите“ против Ник Киргиос.

Тенисерката нагласува дека е фокусирана на тоа да остане на врвот на ранг-листата на ВТА и дека нејзина амбиција е да продолжи да се истакнува на светската сцена, пренесува Телеграф.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: ММФ ги разби лагите на Мицкоски за „третата“ економија

ММФ ги разби лагите на Мицкоски за „третата“ економија – македонската економија расте побавно дури и од Косово.

СДСМ: ММФ ги разби лагите на Мицкоски за „третата“ економија

Македонската економија ќе расте побавно од економиите во регионот во следните пет години, дури и Косово е пред нас.

Меѓународниот монетарен фонд ги разби лагите и пропагандата на Мицкоски за некаква „трета“ економија во Европа.
Според ММФ – во следните пет години македонската економија во просек ќе расте само 3 проценти.
Пред Македонија се Албанија со 3,19 проценти, Србија со 3,5 проценти, Молдавија, Украина, Косово со 3,95 проценти.
Ова е реалноста и вистината. Сè друго беа политички лаги. Впрочем граѓаните тоа најдобро го знаат и го чувствуваат со своите празни паричници и празни фрижидери.
Мицкоски со лаги дојде на власт, со лаги владее. Ветуваше дека економијата ќе биде „тигар“, ветуваше „инвестициски бум“, ветуваше подобар животен стандард. Ништо не исполни.
Две години подоцна, резултатите се поразителни, а цената ја плаќаат граѓаните – со празни џебови и сè потежок живот.
По две години власт на ВМРО-ДПМНЕ, економските показатели се катастрофални.
Странските директни инвестиции во 2025 година паднаа за 61% – еден од најлошите резултати во регионот.
Индустриското производство во мај падна за 2%.
Бројот на работници во индустријата е намален за 2,6% во мај годинава споредено со истиот период лани.
Граѓаните живеат крпен живот – потрошувачката кошничка е скоро 70.000 денари само за основни трошоци.
Пензискиот фонд е во катастрофална состојба, дупката продлабочена за 40%, а власта го загрози и вториот пензиски фонд – оваа Влада ја доведе во ризик исплатат не само на сегашните, туку и на идните пензионери.
Буџетот е празен, нема пари.
На средина од годината го истрошија целиот дефицит.
Единствено нешто во што оваа Влада е успешна – се задолжувањата. Таму им нема конкуренција – за две години направија нов долг од 2,5 милијарди евра.
Јавниот долг се искачи на скоро 11 милијарди евра – пари од кои ништо нема за граѓаните, има само за криминалните партиски тендери на ВМРО.
Мицкоски сам си се разобличи и со ребаланост – тој е јасно признание за промашени политики, за тотален колапс.
Се кратат пари токму таму каде што се создава економска вредност, кај поддршката на компаниите, младите, социјално ранливите граѓани и друго.
Само не се крати од луксузот на власта.
Со коригираната инфлација од 4,5%, власта признава дека граѓаните ги чека уште поскап и потежок живот.
Домашното задолжување неконтролирано расте и со ова темпо до крајот на годината јавниот долг ќе надмине 61,5% од БДП.
Со Мицкоски и неговата расипничка Влада, Македонија ризикува да остане на дното, не затоа што нема потенцијал, туку затоа што оваа власт ниту има развојна стратегија, ниту сака да им помогне на граѓаните.
Наташа Поповиќ СДСМ

YouTube video

Скопје, 09.07.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: СДС, Левица и ДУИ намерно го опструираат носењето на Изборниот Законик поради лошите рејтинзи

СДС, Левица и ДУИ намерно го опструираат носењето на Изборниот Законик поради лошите рејтинзи, иако со месеци се создаваше консензус меѓу политичките партии.

Манасиевски: СДС, Левица и ДУИ намерно го опструираат носењето на Изборниот Законик поради лошите рејтинзи

СДС, Левица и ДУИ намерно го опструираат носењето на Изборниот Законик поради лошите рејтинзи, иако со месеци се создаваше консензус помеѓу политичките партии.

Наместо договор и носење на Изборен Законик за следниот изборен циклус, СДС, Левица и ДУИ одбраа да создадат една какафонија во јавноста за овој реформски закон.

Имено, потегот на Левица да се покажат како тврдокорни пред своето членство со не потпишувањето договорот за носењето на ИЗ, доаѓа откако увидоа дека рејтингот не им оди како што посакуваат, и на овој начин создаваат алиби за лошиот резултат на следните избори, и секако, прстот го вперуваат кон ВМРО-ДПМНЕ. Вистинската причина за блокирање на ИЗ е токму стравот и паниката од убедливиот пораз на следните избори.

СДС пак, откако увидоа дека Левица го блокира ИЗ, и тие да не останат покуси, најдоа начин како да го блокираат ИЗ со поднесување на 10 илјади амандмани, и како што велат, гласањето на дијаспората по електронски пат, односно дека тој чин бил недемократски и неевропски. Секако и за СДС, ВМРО-ДПМНЕ е виновно. Вистинската причина и тука е стравот и паниката од убедливиот пораз на следните избори.

ДУИ пак од трета страна се приклучува на блокирање на овој процес, со барање да сите одлуки кои се носат во ДИК да бидат носени со консензус, наместо досегашниот начин кој е демократски, односно мнозински модел. И тука, вистинската причина е стравот и паниката од убедливиот пораз на следните избори.

Почитувани граѓани, ВМРО-ДПМНЕ јасно и гласно кажа, се она што ќе го побараат и договорат опозициските партии ние ќе го прифатиме, само да се олесни начинот на гласање на дијаспората.

Со ова однесување на опозицијата, се докажува дека за нив дијаспората и враќањето на македонските граѓани во сопствената татковина не им е од интерес, туку ги интересираат само партиските интереси.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Инвестираме преку 165 милиони денари за нови улици во Гевгелија. Со општината ќе работиме на изградба на нов влез во градот

Завршивме неколку големи проекти во Гевгелија со што инфраструктурно градот доби нов лик, едно модерно место за живеење. 

Николоски: Инвестираме преку 165 милиони денари за нови улици во Гевгелија. Со општината ќе работиме на изградба на нов влез во градот

Вкупно инвестираме преку 165 милиони денари, поддршката од Владата за Гевгелија ќе продолжи и во таа насoка ќе работиме на изградба на нов влез во градот, најави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски при денешната посета на Гевгелија.

Заедно со градоначалникот извршија увид во реконструкција на улицата Маршал Тито, инвестиција од 81 милион денари поддршка од Владата.

“Овој проект ќе даде целосно нов лик на овој дел од градот, Ќе ја врати автентичноста, но исто така има и доста модерни елементи. Тоа што целокупната инсталација се решава и оди подземно и тоа што ќе има едно прекрасно осветлување кое што навечер ќе даде целосно нов дух на овој дел од градот, мислам дека целосно ќе го смени ликот. Toa ќе значи голема шанса и за околните жители нивните имоти да добијат вредност, а тука зошто да не да се отворат и угостителски објекти во кои што ќе можат да доаѓаат и гости од државата, но и гости од странство кои што често знаат да ја посетат Гевгелија. Kако Влада и како Министерство за транспорт дадовме поддршка во реализација на овој проект, во вкупна вредност од некаде 81 милион денари”-истакна Николоски.

Тој најави и нов проект за општина Гевгелија.

“Заедно со градоначалникот пред некој ден разговаравме и за нов влез на градот кој што ќе го преземеме како обврска Министерството за транспорт, еве можам и официјално да најавам така што ќе работиме заеднички за еден нов влез на градот” – рече заменик претседателот на Владата, Николоски.

Николоски истакна дека до сега Владата преку Министерството за транспорт во општина Гевгелија инвестира 165 милиони денари во инфраструктурата.

“Покрај оваа улица на која што сме во моментов, завршена е и изградбата на улицата Новопланирана во вредност од 2,4 милиони денари, како и изградба на парк со детско игралиште на улица Деко Ковачев во вредност од 7,1 милион денари. Завршена е реконструкција и рехабилитација на дел од булевар Гевгелија и натпатник на улица Железничка во првиот повик 17,7 милиони денари. Преку средства од Министерството за транспорт завршивме и реконструиравме улици во село Моин, во село Прдејци и во село Богородица и завршен е Западниот булевар фаза 3 со средства обезбедени од Министерството за транспорт со поддршка на Светска банка во вредност од 30,8 милиони денари” – додаде Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер