Аријана Гранде за естетските зафати: Имав купишта филери и ботокс, сега ги извадив (ВИДЕО) - Канал 5

Аријана Гранде за естетските зафати: Имав купишта филери и ботокс, сега ги извадив (ВИДЕО)

Пејачката Аријана Гранде проговори за естетските зафати. Таа откри дека ставала филери во усните и користела ботокс, но дека прекинала сѐ во 2018 година бидејќи ѝ било премногу.

Аријана Гранде за естетските зафати: Имав купишта филери и ботокс, сега ги извадив (ВИДЕО)

„Со текот на годините имав многу филери за усни и ботокс, но престанав во 2018 година бидејќи чувствував дека е премногу. Се чувствував како да се кријам. Долго време убавината ми беше скриена и сега се чувствувам дека сум слободна, бидејќи престанав да ставам филери и ботокс“, рече Аријана во видеото за Vogue.

Таа рече дека и покрај сѐ, можеби ќе се предомисли и во иднина повторно ќе користи филери. "Можеби еден ден ќе почнам одново. Не знам. Секој на своето. Што и да те прави да се чувствуваш убаво, јас го поддржувам. Дали ќе имам фејслифтинг за 10 години? Можеби", рекла таа.

„Стареењето само по себе може да биде толку убава работа“, додаде таа. Таа верува дека нејзината перцепција за убавината се променила во последните години.

Аријана зборува за почетокот на кариерата.

„Со текот на годините користев шминка како маска или нешто зад кое се криев. Имав сѐ повеќе коса, погуста сенка за очи... Понекогаш може да биде убаво, но како што стареам, ми се допаѓа повеќе она што е под него “, рече таа.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Граѓаните се труеле со години, а СДС и Филипче молчеле иако добиле анализи од приближно 400 испитувања за загадена вода

Граѓаните се труеле со години, а СДС и Филипче како министер молчеле иако добиле анализи од приближно 400 испитувања за загадена вода.

Манасиевски: Граѓаните се труеле со години, а СДС и Филипче молчеле иако добиле анализи од приближно 400 испитувања за загадена вода

За 400 испитувања не било постапено, ниту пак биле известени граѓаните да не ја пијат водата.

Венко Филипче денеска се обидува да држи лекции за заштита на здравјето на граѓаните, а токму во неговиот мандат како министер за здравство и истоимената институција Министерство за здравство располагале со информации за стотици случаи на неисправна вода, за кои граѓаните и јавноста не биле информирани.

Денес, истиот човек кој не им кажал на граѓаните што пијат тогаш, денес се обидува да се претстави како заштитник на јавното здравје.

Еве неколку примери:

На ден 12.08.2021 година, Чешма во здравствен дом во М.Каменица не била исправна;

Понатаму, 27.07.2021 година, чешма пред училиште Гумалево, Зелениково, не била исправна, повторувам чешма пред училиште во Зелениково;

Денеска слушаме од СДС говорат за Дебарца па еве тука има документ кој вели на 29.06.2021 година, била земена мостра од вода за пиење од локален водоводен систем и утврдено е дека водата била небезбедна. Односно има отсуство на резидуален хлор. Ете зошто не го решиле проблемот досега.

Одиме понатаму,

Требеништа, Дебарца, истото место за кое што денеска говореа.

Земање на мостра 11.05.2021 година, од место вода за пиење

има отсуство на резидуален хлор и микробиолошка контаминација. Присуство на бактеријата Ешерихија Коли.Зошто Филипче како министер и Социјалдемократскиот сојуз тогаш молчеле и не го решиле овој проблем?

Во Кочани одморалиште Пониква на 06.07.2021. Сето ова додека Филипче е министер за здравство и до него биле праќани овие извештаи, пишува Министерство за здравство, се вели дека водата не одговара на законски стручни прописи во однос на бактериолошка анализа, затоа што водата за пиење во одмаралиштето Пониква не одговарала на законските и стручните прописи во однос на испитаните параметри и има зголемен број на бактерии и присуство на бактеријата Ешерихија Коли.

Повторно прашуваме зошто тука Венко Филипче како министер и Социјалдемократскиот сојуз не реагирале. Поставуваме едно многу едноставно прашање. Ако тогаш Филипче молчел, а имал институционална одговорност, со каков кредибилитет денес тој говори за здравјето на граѓаните?

Има пријави до МВР и тие се поднесени. Очекуваме и Јавното обвинителство да го истражи овој скандалозен случај и да се утврди дали со прикривањето на овие информации биле загрозени здравјето и животите на граѓаните. Никој не смее да биде над законот без разлика на функцијата што ја извршувал.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судијата Мери Дика Георгиевска денеска започна со работните обврски во Уставниот суд

Судијата Мери Дика Георгиевска денеска ги започна своите работни обврски во Уставниот суд.

Судијата Мери Дика Георгиевска денеска започна со работните обврски во Уставниот суд

Во рамки на првиот работен ден, судијката Георгиевска оствари работен состанок со претседателот д-р Дарко Костадиновски кој ја запозна со внатрешната организација и начинот на функционирање на Уставниот суд, како и со судиите и вработените во стручната служба. На судијата Георгиевска и се доделени работни материјали за претстојните активности на Судот.

Во наредниот период на судијата Георгиевска ќе ѝ бидат распределени предмети по кои ќе постапува како судија-известител.

Мандатот на судијата Мери Дика Георгиевска во Уставниот суд трае девет години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со 2.720.000 денари Општина Ѓорче Петров ќе поддржи проекти од областа на културата во 2026 година

Општина Ѓорче Петров продолжува со континуирана поддршка на културата, обезбедувајќи 2.720.000 денари за реализација на проекти од областа на културата, преку Јавниот повик за финансирање на културни програми и иницијативи.

Со 2.720.000 денари Општина Ѓорче Петров ќе поддржи проекти од областа на културата во 2026 година

Со овие средства ќе се реализира богата и разновидна културна програма во текот на 2026 година, која ќе понуди содржини наменети за сите генерации и ќе придонесе за збогатување на културниот живот во општината.

Во рамки на програмата се предвидени концерти под отворено небо, театарски претстави, кино под отворено небо, изложби, креативни работилници, базари, фестивалски содржини и други културни настани што ќе ги оживеат јавните простори и ќе создадат нови можности за дружење, творештво и културно изразување.

Општина Ѓорче Петров останува посветена на создавање динамична културна сцена и поддршка на иницијативи што ја поттикнуваат креативноста, го негуваат културното наследство и придонесуваат за поквалитетен јавен живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер