Архиварка во ИЈЗ со 100 000 денари плата, 30 луѓе 7 години не дошле на работа, се плаќале додатоци за "полевање цвеќе" - Канал 5

Архиварка во ИЈЗ со 100 000 денари плата, 30 луѓе 7 години не дошле на работа, се плаќале додатоци за "полевање цвеќе"

Проблеми со наплата на долгови, спорни исплати, се дел од неправилностите утврдени од страна на ревизорите во Институтот за јавно здравје за 2024 година..  

Архиварка во ИЈЗ со 100 000 денари плата, 30 луѓе 7 години не дошле на работа, се плаќале додатоци за "полевање цвеќе"

Не се проблем само 15.000 евра дадени за кабел и 50.000 евра за еден час прослава, во Институтот за јавно здравје, триесетина луѓе од 6 до 7 години не се појавувале на работа, ама плаќале по 200 евра на колеги за да ги куцаат на врата и така станале т.н „вработени духови“ ем го има ем го нема.

Од Институтот велат дека платата на архивар достигнувала до околу 100 000 денари, а се книжеле и пари за приправности за административци кои законски не можат да ги земаат бидејќи не се медицински лица.

Картички за точење бензин користеле луѓе кои во Институтот ниту ги знаат, ниту ги познаваат и не можат да ги најдат за да ги прашаат кој им дал да си извозат 150.000 денари.

Ова е само дел од хаосот што владеел во Институтот во 2024 година ама и со години наназад, бидејќи никој не проверил како се работи од 2017 наваму тврди сегашната Директорка на институцијата Марија Андоновска која очекува Обвинителството да ги гони сите оние кои сториле криминал.

Иако спомена дека на веќе вработени им се давале и договори на дело за да земаат пари за „полевање на цвеќе“ и „чистење на двор“ и до 88.000 месечно, и директорка ги потврди загрижувачките наводи во Ревизорскиот извештај дека нема никаква евиденција за вакцините, а нотираше и дека немало реагенси ни во време на епидемија.

На прашање на Канал 5 како граѓаните по ова да имаат доверба во Институтот кој по дефиниција е заштитник на јавното здравје Андоновска вели дека од празна сметка и долгови сега финансиската состојба е средена, а уверува дека сега имаат и најдобро опремена лабораторија, мотивирани вработени и поинаков менаџмент.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот македонски специјалист радиолог д-р Душан Јовановски

По кратко боледување почина истакнатиот македонски лекар, д-р Душан Јовановски, специјалист радиолог со над четири децении кариера во здравството.

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот македонски специјалист радиолог д-р Душан Јовановски

Д-р Јовановски, својот професионален пат го започна во Здравствениот дом Кратово во 1989 година, каде беше и Директор од 2005 до 2009.

Од 1987 до 1997 беше спортски доктор на фудбалскиот клуб Силекс, а во периодот од 2000 – 2005 и спортски доктор на Националниот фудбалски тим на Република Македонија

Последните 17 години беше незаменлив дел од тимот на МЕГАМЕД ПЛУС. Колегите и пациентите ќе го паметат како врвен радиодијагностичар со огромна емпатија и висока стручност, кој спаси стотици човечки животи.

Со неговото заминувањето ќе остане огромна празнина во јавното и приватното здравство.

Последниот поздрав ќе се одржи во Четврток, 25 Јуни 2026, од 09:00 до 10:00 часот на гробиштата Ѓорче Петров во Скопје

Нека почива во мир

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангелов: Уништени две хемиски гранати со боен отров од Првата светска војна

На стрелиштето Криволак уништени две хемиски гранати со боен отров од Првата светска војна.

Ангелов: Уништени две хемиски гранати со боен отров од Првата светска војна

На стрелиштето Криволак уништени две хемиски гранати со боен отров од Првата светска војна, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претставена „Везилка“ - Македонија добива национална фабрика за вештачка интелигенција

Проектот „Везилка“ – Национален центар за вештачка интелигенција, денеска беше официјално презентиран. 

Претставена „Везилка“ - Македонија добива национална фабрика за вештачка интелигенција

Станува збор за иницијатива што треба да ја поврзе домашната научна заедница, државните институции и приватниот сектор со европската инфраструктура за развој на вештачка интелигенција.

На промоцијата беше истакнато дека „Везилка“ не претставува самостојна „фабрика за вештачка интелигенција“, туку таканаречена „АИ антена“ – национален центар поврзан со европската АИ фабрика „Фарос“ во Грција. Преку ова партнерство, македонските истражувачи, стартапи, компании и јавни институции ќе добијат пристап до европски суперкомпјутерски капацитети, вклучително и суперкомпјутерот „Даедалус“, како и до напредни бази на податоци и специјализирани алатки за развој на модели со вештачка интелигенција.

Проектот чија реализација е планирана за три години, има вкупен буџет од околу 6,2 милиони евра. Од нив, приближно 3,1 милиони се обезбедени како грант од Европската Унија додека останатите средства се кофинансирани од државата.

„Везилка“ е вложување во иднината, во потенцијалот на македонските научници, истражувачи, студенти и компании. Тоа е и јасна определба државата да биде активен учесник во технолошките процеси што го обликуваат современиот свет - Христијан Мицкоски- претседател на владата

проектот претставува историски чекор во дигиталниот развој на државата и обид да се изгради траен систем, наместо да се реализираат поединечни и краткорочни проекти, посочи министерот Андоновски.

Целта на Везилка,се конкретни решенија базирани на вештачка интелигенција – од македонски јазични модели и дигитализација на културното наследство, до анализа на здравствени податоци, оптимизација на енергетските системи, автоматизација на административните услуги и примена на паметни технологии во земјоделството.

Покрај истражувачката компонента, „Везилка“ ќе функционира и како центар за обука и развој на кадри..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер