Архимандрит Партениј ќе биде хиротонисан за епископ антаниски - Канал 5

Архимандрит Партениј ќе биде хиротонисан за епископ антаниски

 Во храмот „Света Софија" во Охрид денеска, на празникот посветен на апостолите св. Петар и св. Павле, ќе биде хиротонисан новиот епископ на МПЦ-ОА, архимандрит Партениј, игуменот на Бигорскиот манастир.

Архимандрит Партениј ќе биде хиротонисан за епископ антаниски

Од 8:30 часот ќе биде отслужена празнична Божествена литургија, на која Партениј ќе биде хиротонисан за епископ антаниски.

Во свештената Бигорска обител вчера беше извршено наречението за епископ на архимандрит Партениј.

Монашкото братство и присутните верници во Бигорски му посакаа на отец Партениј достојно да го понесе товарот на новата архијерејска служба.

Од Бигорската обител, во пресрет на хиронијата на отец Партениј, соопштија дека имајќи ја предвид актуелната сосотојба со коронавирусот, се преземаат мерки за заштита на присутните. Ги замолуваат сите верници и посетители совесно да се придржуваат до сите пропишани мерки за здравствена заштита, кои, пред сѐ, вклучуваат задолжително носење заштитна маска и запазување на потребното растојание.

Во Охрид ќе биде ангажирана и агенција за обезбедување, која ќе се погрижи за максимално спроведување на редот и одржување на физичката дистанца. Исто така, во тоа ќе помагаат и службениците на СВР Охрид.

Со оглед на тоа дека мерките предвидуваат и ограничен број присутни во храмот, во кој ќе можат да влезат одреден број свештенослужители и гости, за да им се овозможи на сите верници молитвено учество во настанот, ќе бидат обезбедени надворешни видеоекрани, на кои ќе се врши директен пренос од богослужбата. Предвидени се три видеоекрани, едниот на влезот на „Св. Софија", другиот на западниот трем каде што е амфитеатарот и третиот на плоштад, сѐ со цел подобро распоредување на граѓаните, за да се избегне формирањето поголема толпа. Со специјален ангажман на комуналното претпријатие во Охрид, во неделата пред да започне богослужбата ќе се изврши целосно дезинфицирање на храмот.

Поради денешната хиротонија во Охрид, Бигорскиот манастир денеска ќе биде затворен за посетители до 15 часот.

Синодот на МПЦ-ОА на 21 мај годинава едногласно го избра игуменот на Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител" архимандрит Партениј за викарен епископ на Дебарско-кичевската епархија со титула антаниски според античкиот град Антанија, кој бил епископско седиште.

Тој истовремено ќе ја задржи и својата должност како игумен на Бигорскиот манастир, каде што ќе биде и неговото постојано седиште.

Светиот архијерејски синод на истата седница го избра и отец Григориј, игуменот на „Свети Јоаким Осоговски",за епископ сарандополски. Тој ќе го наследи митрополитот кумановско-осоговски г. Јосиф, кој беше ослободен од митрополиската должност од здравствени причини.

Наречението за отец Григориј е закажано за 25 јули во манастирот „Јоаким Осоговски", а на 26 ќе се одржи хиротонијата во црквата „Свети Никола" во Куманово, кога ќе биде интронизиран за митрополит кумановско-осоговски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен земјотрес ја погоди Португалија

Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во вторник, 21 јули 2026 година, во 15:13 часот во Португалија.

Силен земјотрес ја погоди Португалија

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во близина на Азорските Острови.

Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 12 километри под површината на земјата.

Во моментов нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува растот на авиосообраќајот во земјава

Аеродромите во Скопје и Охрид бележат зголемен интензитет на авиосообраќајот, покажуваат најновите податоци за првата половина од годинава.

Продолжува растот на авиосообраќајот во земјава

Од ТАВ Македонија велат дека двата аеродроми се меѓу 15-те најуспешни во мрежата со која управува компанијата, а воедно го бележат и најсилниот раст на патничкиот сообраќај во регионот. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски информираше дека во првите шест месеци низ двата аеродроми поминале речиси два милиони патници, што е за близу 30 проценти повеќе во споредба со истиот период лани. Во меѓувреме, авиокомпанија „Виз ер“ ја прошири својата база во Скопје со седми авион, а според Николоски, тоа дополнително ја зацврстува позицијата на скопскиот аеродром како една од најголемите бази на компанијата во регионот.

-Во првите шест месеци на двата аеродроми Охрид и Скопје има 2 милиона патници. Се надевам таа бројка да продолжи и во вториот дел од годината и ако пред неколку години се боревме за 2 милиона патници годишно, сега мислам дека она што беше незамисливо, а тоа се 4 милиони патници годишно е нешто што реално е остварливо,- Александар Николоски – министер за транспорт и врски.

Дополнителниот авион меѓудругото овозможи отворање на две нови авиолинии – до Палермо и Алгеро, со што се зголемуваат бројот на дестинации и фреквенцијата на летови. Од ТАВ Македонија велат дека очекуваат тоа да придонесе за развој на туризмот, економијата и отворање нови работни места, додека од „Визер“ оценуваат дека проширувањето на базата со 7-ми авион е потврда за довербата во македонскиот пазар и ќе овозможи подобра поврзаност со европските дестинации.

-Повеќе патници значат повеќе гости во хотелите, повеќе посетители во рестораните и поголеми приходи за локалните компании. Подобрите и подиректни воздушни врски им овозможуваат на компаниите полесно да воспоставуваат деловни контакти, да пристапуваат до нови пазари и да привлекуваат инвестиции,- Неџат Курт - Генерален директор на ТАВ Македонија.

Во првите шест месеци годинава преку аеродромите во Скопје и Охрид се реализирани повеќе од 13 илјади летови. Новите линии кон Палермо и Алгеро стартуваа минатата недела, а Николоски најави дека се водат разговори и за воспоставување две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице до Охрид.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тензиите на Блискиот исток ги кренаа цените: Горивата во Македонија поскапени од полноќ

Цената на нафтата на светските берзи веќе втора недела бележи раст откако САД и Иран го обновија конфликтот што во прашање го доведува поморскиот сообраќај и снабдувањето со нафта низ Ормускиот теснец. 

Тензиите на Блискиот исток ги кренаа цените: Горивата во Македонија поскапени од полноќ

Денеска нафтата од типот Брент достигнува и до 90 долари за барел, додека дел од светските економски аналитичари предупредуваат дека доколку двете страни не се вратат на преговарачка маса и воените дејствија продолжат во следните две недели светот би можел да се соочи со цени и над 100 долари за барел, а веќе во септември стравуваат од евентуален можен недостиг на деривати.

Првиот човек на Меѓународната агенција за енергетика оценува дека по последната ексалација пазарите се нервозни а дел од земјите веќе превземаат мерки за да го избегнат најлошото сценарио.

„Пазарите се нервозни, без разлика дали наскоро ќе има или не трајно решение за проблемот. А во исто време многу земји преземаат мерки за да го избегнат најлошото сценарио.“ - Фатих Бирол – директор на Меѓународна агенција за енергетика.

Растот на цените на светски берзи влијаеше и на цените на дериватите во земјава. За да се ублажи ценовниот удар врз џебот на граѓаните вчера владата ја намали акцизата кај дизелот за 2 и бенизините за 1 денар по литар.

По завршувањето на вонредната, регулаторна ги обајви и новите цени по кои се отчат горивата од полноќ, бенизните поскапеа за 3 а дизелот за 6 денари по литар.

„ Со Одлуката за определување на видот на енергентите, временскиот период, како и начинот на пресметка на акцизата се овозможува да се применат намалени износи на акцизите. Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,88%.“ – стои во образложението на - РКЕ.

Од регулаторна повторуваат и дека ова се максимални цени, а трговците велат можат да ги продаваат дериватите и по пониски цени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер