Сиљановска-Давкова: На Фестивалот „Игор Маџиров“, на мал и скромен простор, секоја година се случуваат театарски чуда!
Клучен енергетски објект што го снабдува Киев со греење и електрична енергија е погоден од руски балистички ракети
1Сиљановска-Давкова: На Фестивалот „Игор Маџиров“, на мал и скромен простор, секоја година се случуваат театарски чуда!
2Клучен енергетски објект што го снабдува Киев со греење и електрична енергија е погоден од руски балистички ракети
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
2Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
КултураАрхеолозите збунети: Во Египет се откриени мумии со јазици од злато (ФОТО)Археолозите откопале неколку древни мумии во Египет кои наместо јазици имале златни влошки.Овие необични мумии се пронајдени во некрополата Кувајсна, која е откриена во 1989 година. Експертите веруваат дека областа била населена за време на Птоломејскиот и Римскиот период, кои се протегале од околу 300 год. п.н.е. до 640 година од нашата ера. Мумиите со златен јазик биле откопани во новооткриеното проширување на археолошкиот локалитет, каде што биле закопани бројни други тела од три периоди на древниот Египет. Некои откопани скелети имаат позлатени коски, додека други се закопани во близина на златни скарабеи и цветови од лотос. Иако ова не е прв пат во Египет да се најдат мумии со златни јазици, оваа древна практика сè уште претставува загатка за археолозите. На пример, на почетокот на 2021 година, додека работеле на локација стара 2.000 години во Египет, експертите откриле череп со декорација во облик на јазик. Кон крајот на истата година, пронајдени се мумии на маж, жена и дете со златни јазици, постари од 2500 години. Кога биле откриени овие необични мумии, египетското Министерство за туризам и антиквитети објавило дека најверојатно станува збор за постхумен ритуал во кој во устата на покојникот бил ставен „златен јазик“ за да му го олесни патувањето низ задгробниот живот. Имено, во древниот Египет се верувало дека златниот јазик е неопходен за да му се угоди на Озирис, господарот и судијата на подземниот свет. Како грчкиот бог Хадес, Озирис живеел меѓу мртвите и држел завет на молчење. Всушност, подземниот свет во древниот Египет понекогаш бил познат како „Тивка земја“, а Озирис го нарекувале и Господар на тишината, пишува Science Alert. Озирис очигледно мразел бучава, а експертите веруваат дека токму поради тоа имало тишина за време на погребните практики во древниот Египет. Само кога устата на мумијата била отворена како подготовка за задгробниот живот, била пуштена музика или се произведувал звук. Можеби древните Египќани верувале дека погребаните ќе можат да зборуваат со Озирис без да прават врева поради нивниот златен јазик? Но, ако е така, тогаш зошто само некои мумии имаат толку „скапоцен“ јазик? Златото било популарен материјал во древниот Египет кога се правеле украси за погребни обреди. Блескавиот елемент се сметал за месо на боговите, поточно кожата на богот на сонцето Ра, и се поврзувал со концептот на вечноста. Ра бил на чело на сите древни египетски богови, творец на сè и го претставувал сончевиот дел од денот, додека Озирис ги претставувал часовите на темнината. Можеби златниот јазик симболизирал врска со светлината дури и во студената темнина на подземјето. Претставници на египетското министерство велат дека мумиите пронајдени во Кувеисна се во лоша состојба и нивните тајни се распаѓаат со нив.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
КултураСиљановска-Давкова: На Фестивалот „Игор Маџиров“, на мал и скромен простор, секоја година се случуваат театарски чуда!Во својство на покровителка, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера вечер го отвори петтото издание на интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“.За неа, годинашното мото на фестивалот, „СИТЕ СМЕ ИСТИ. И ЈАС И ТИ“ е уметнички и хуман повик на почитување на правото на секој човек на свој живот, свој свет, своја приказна. „Токму театарот нè учи да погледнеме подалеку од разликите, да го слушнеме другиот и во неговото искуство да препознаеме нешто блиско и свое, наше, заедничко, човечко“, рече претседателката. Таа ги поздрави огромните уметнички успеси и високи дострели на Театарот за деца и младинци, постигнати на малиот и скромен простор, непроменет со децении. За неа, тука, во срцето на Скопје, со многу генерации на деца живееле, растеле, твореле и пораснале големи глумци, задоволувајќи ги нивните мечти и соништа, врзани за блиски и далечни култури. Богатото уметничко наследство на Игор Маџиров, според претседателката, не престана да постои со неговото прерано физичко заминување, туку продолжи да живее на старите тетарски даски, на коишто, секоја година се случуваат чуда. Сиљановска- Давкова ја повтори минатогодишната желба - детскиот театар конечно да добие пристоен дом, каков што заслужуваат неговите талентирани и вредни станари и нивните најчести и најверни гости- децата! Во продолжение е интегралното обраќање на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова: Почитувани организатори, Почитувани уметници, Драги гости, Почитувани и сакани деца, И годинава, пак сме тука, а јас сè уште посакувам и се надевам на нов амбиент заради доброто на глумците, децата и младите, гледачите. Ама... Но...чудна дружина сме ние, не случајно овде собраните: талентираните и посветени театарски дејци, децата, како најискрени гледачи и ние, љубителите и обожавателите на театарот, ним сличните, по темперамент и големи очекувања. Верувам дека и годинава, кога глумците со збор и со тело ќе ги оживеат ликовите и ќе станат други, ние, чувствувајќи ги нивните радости и стравови ќе се идентификуваме со нив и ќе почнеме да размислуваме за изборот којшто го прават, небаре е наш. Преку играта, смеата и тагата, храброста и сомнежот, правдата и неправдата, театарот како уметност на неможното, ни помага да ги препознаеме човечките слабости и доблести, внатрешни борби, да се радуваме и да се нервираме, бурно да реагираме. Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“, преку творечката енергија, уметничката храброст и недофатливите дострели, ја задоволува огромната љубопитност, поврзува блиски и далечни култури, генерации, светогледи. Знам дека творењето за најмладата публика и глумењето пред неа е голема и посебна одговорност зашто детето не е рутиниран гледач што мирно ја следи приказната, туку немирен, разбрануван, бистар, љубопитен ум што мисли брзо, поставува многу незгодни и смели прашања, остар и прецизен набљудувач и добар воочувач, бескомпромисен критичар, кој отворено, без преправање, директно го кажува она што го мисли за виденото и чуеното, односно – одиграното. Овогодишното мото „СИТЕ СМЕ ИСТИ. И ЈАС И ТИ.“ има демократска и рамноправна дикција, нè потсетува дека секој од нас без оглед на земја од која доаѓа, театар во кој твори, возраст, вера, религија, раса, пол, статус, има свој јазик, своја приказна и свој начин на доживување на светот, но дека сите ги делиме потребата и желбата да бидеме прифатени и разбрани. Токму театарот нè учи да погледнеме подалеку од разликите, да го слушнеме другиот и во неговото искуство да препознаеме нешто блиско и свое, наше, заедничко, човечко. Театарот, преку уметничкото доживување ја развива способноста да се гледа низ туѓите очи, да се преиспита сопственото уверување, а неговата вредност не е само естетска, туку и педагошка и хумана, просветителска и просветлувачка, освестувачка, зашто уметноста може да инспирира, да вознемири, да провоцира, но и да облагородува, смирува, духовно збогатува, учи, храни, милува... Знам дека името на Игор Маџиров го поврзува фестивалот со актер чиешто творештво остави оригинална, творечка, длабока трага во македонската култура. Неговото уметничко наследство потсетува дека вистинските сценски дострели не завршуваат со животот или со последниот аплауз, туку продолжуваат да живеат преку глумата на други актери или новите генерации актери, нивните остварувања, но и преку публиката којашто повторно ја открива магијата на театарот и волшебничките способности и дострели на актерите, режисерите, сценаристите... Драги деца, Гледајте и фантазирајте, размислувајте и кажете си ги мислењата, борете се и негувајте си ја слободата на мислата, коментирајте, хранете си ги љубопитноста, храбро откривајте ги тајните на животот и на светот. Не престанувајте да прашувате, да замислувате и да сонувате, зашто токму во детските пориви се крие тајната и силата на новото, незамисливото, чудното, неочекуваното. Фестивалските денови нека нè нурнат во театарската магија и во светот на детската фантазија и имагинација. Нека „Игор Маџиров“ ја разгори и овој пат искрата на љубовта и интересот кон театарот и уметноста, кон сцената, кон играта, нека отвори нови видици, нека овозможи фер и витешки натпревар, нека поттикне исчекувања и надежи. И оваа година, како и минатата, ќе ја повторам вашата и моја желба, детскиот театар да добие уметничка куќа, дом каков што заслужува, не само сцена на којашто ќе се играат претстави, туку простор којшто ќе овозможи, па и ќе стимулира креативност кај најмладите, ќе овозможува да дојде до израз творечката смелост и ќе му овозможи на Театарот за деца и младинци да расте и да се развива како што децата со растот имаат потреба од поголема облека и поширок простор! Со особено задоволство го прогласувам за отворено петтото издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“. Ви благодарам. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
СветКлучен енергетски објект што го снабдува Киев со греење и електрична енергија е погоден од руски балистички ракетиКлучен енергетски објект што го снабдува Киев со греење и електрична енергија е погоден во руски балистички ракетен напад, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.Енергетскиот објект и станбена зграда беа погодени во напад за кој претседателот рече дека дошол „без рано предупредување од партнеритe“. Киев објави повеќе руски напади откако Трамп изјави дека Русија и Украина пред два дена постигнале договор за прекин на огнот во енергетскиот сектор.Утринава властите во Киев ги повикаа жителите да останат во засолништата откако прогласија црвена тревога поради „ракетна закана“. По нападите во вторникот, Зеленски изјави дека „Украина го поддржа прекинот на огнот на енергетиките објекти . Русија е насочена кон уште една електрана и кон животите на нашите луѓе.“„Ова е апсолутно неправедно: тие ја уништуваат нашата енергетска инфраструктура, а Украина дури и не добива рани предупредувања за лансирање балистички ракети“, додаде тој„ова е втора ноќ по ред Киев да биде погоден од руски ракети, а тоа се случува во време кога Зеленски се подготвува да се сретне со британскиот премиер Енди Барнам на Даунинг стрит денеска , за да разговараат за забрзување на испораките на воздушна одбрана за Киев. По нападите во понеделникот се шпекулираше дека Америка го прекинала пристапот до клучните разузнавачки информации што ѝ овозможуваат на Украина да ги следи дојдовните закани. Трамп негираше дека тоа е случај.Тагови: русија украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
МакедонијаДенеска продолжува судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во КочаниДенеска продолжува судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што одбраната треба да презентира докази во рамки на судската постапка.Постапката ја води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. Во пожарот што избувна на 16 март 2025 година за време на настапот на групата ДНК во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00