Археолозите во Египет пронашле пивара стара 5.000 години (ВИДЕО) - Канал 5

Археолозите во Египет пронашле пивара стара 5.000 години (ВИДЕО)

Археолозите откриле пивара стара 5.000 години во египетскиот град Абидос што можела да произведе илјадници литри пиво, објави египетското Министерство за туризам и антиквитети.

Археолозите во Египет пронашле пивара стара 5.000 години (ВИДЕО)

Министерството додава дека пиварницата веројатно потекнува од времето на кралот Нармер, последниот крал на прет-династичкиот период (3300-2900 п.н.е.).

Д-р Метју Адамс од Универзитетот во Њујорк и еден од водачите на египетско-американската мисија што го открила археолошкиот локалитет рече дека тој и неговите колеги веруваат дека пивото се користело за време на ритуалите на кралските погребувања на најраните кралеви во Египет.

Претходните истражувања во истата област сугерираат дека пивото се користело за време на обреди на жртвување.

Пиварницата, чиј производствен капацитет изнесувал 22.400 литри, била поделена на осум делови со по 40 глинени садови за загревање на мешавина од житни култури и вода.

YouTube video

Египетските власти пишуваат за новооткриените артефакти, обидувајќи се да го оживеат туризмот бидејќи египетската туристичка индустрија е уништена од последиците од пандемијата на коронавирус.

Меѓународните летови кон Египет се прекинати во март минатата година. Затворени се археолошките локалитети и музеи.

Комерцијалните летови продолжиле дури во јули, а бројот на туристи кои ја посетиле земјата опаднал од 13,1 милиони во 2019 година на три и пол милиони во 2020 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора

Претседателот на владата, Христијан Мицкоски денеска  ќе учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора.

Мицкоски  учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора

Претседателот на владата, Христијан Мицкоски денеска ќе учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора на кој ќе се разговара за економското поврзување на регионот, безбедноста и забрзување на интеграцијата во Европската унија.

На главната сесија, Мицкоски ќе ги образложи македонските можности и ставови поврзани со економијата, безбедноста како и европските интеграции и конкурентноста на регионот.Самитот е завршен настан на претседавањето на Црна Гора, а покрај лидерите од Западен Балкан, учествува и канцеларот на Сојузна Република Германија, Фридрих Мерц кој е силен поддржувач на напредокот и интеграцијата на регионот во Европската унија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

РСБСП апелира до сите учесници во сообраќајот-Вози одговорно. Секој живот е важен.

По повод претстојниот празник 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба и продолжениот викенд, се очекува зголемена раздвиженост во сообраќајот, особено на патните правци надвор од населените места. 

РСБСП апелира до сите учесници во сообраќајот-Вози одговорно. Секој живот е важен.

Поради тоа, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

РСБСП укажува:

Почитувајте ги ограничувањата на брзината.

Не управувајте со возило под дејство на алкохол и психотропни супстанци.

Не користете мобилен телефон додека возите.

Користете сигурносен појас на секое патување.

Обезбедете ги децата во соодветно детско седиште.

Одржувајте безбедно растојание и избегнувајте ризични маневри.

Проверете ја техничката исправност на возилото пред патување.

Доколку сте уморни, направете пауза и одморете се.

Нека празничните денови бидат исполнети со убави моменти, безбедни патувања и среќно враќање дома.

Вози одговорно. Секој живот е важен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. 

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

7 Попова Шапка, 10 Маврови Анови, Крушево, Берово, Крива Паланка, 11 Прилеп, 12 Охрид, Претор, Тетово, Виница, Кавадарци, 13 Битола, Струмица, 14 Куманово, Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, 15 Штип, Велес, 16 Демир Капија, Гевгелија.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2)

17 Лазарополе, 14 Попова Шапка, Маврови Анови, Тетово, 9 Охрид, 8 Претор, 5 Крушево, 3 Битола, Скопје-Петровец, 2 Велес, Куманово, Крива Паланка, 1 Штип, Прилеп, Виница, Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Наместа врнежите ќе бидат поројни проследени со појава на грмежи. По оделни котлини има утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 24 степени.

Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 22 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер