Археолозите во чудо: Пронајдена тврдина стара 3.000 години на дно на езеро (видео)

Изгубен град стар 3.000 години пронашле нуркачите и истражувачите во турското езеро Ван.

Тврдината ја откриле археолозите од Универзитетот Јузунџи Јил во соработка со тим на нуркачи.

Остатоците од тврдината се простираат на површина од еден километар. Иако со векови се наоѓа под вода, на основа на висината на видливиот дел на тврдината се претпоставува дека ѕидовите биле високи меѓу три и четири метри.

„Многу цивилизации и народи ја населувале областа околу езерото Ван. Го нарекувале горно море и верувале дека крие многу мистерии“ – наведува лидерот на тимот Тасин Џејлан.

„Ова откритие не поттикна да продолжиме во откривањето на тајната на ова езеро старо 600.000 години. Вистинско чудо е пронаоѓањето на тврдината под вода. Археолозите ќе ја испитуваат историјата на замокот, а потоа ќе дадат информации за тоа“ – додаде тој.

Уратру било античко кралство во Ерменија на чија територија денеска се простираат делови од Турција, Ерменија и Иран. Езерото Ван се смета за важно место за оваа цивилизација.

„Тоа што досега го знаеме е дека замокот е стар околу 3.000 години“ – навел гувернерот Ариф Караман.

Тоа не е прво откритие во ова езеро. Минатата година пронајдени се сталагмити на површина од 2.253 метри квадратни.

Претходно, оваа година пронашле и остатоци од руски брод за кои мислат дека потекнуваат од 1948 година.


Видео: Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина

Пет лица загинаа вчера во торнадо во јужната кинеска метропола Гуангжу, јави ДПА.Новинската агенција Синхуа денеска јави дека 33 лица се повредени во невремето.

Според официјалните податоци, торнадото предизвикало штета на 141 производствени капацитети, но ниту една станбена зграда не е урната.

Според Синхуа, работата на спасувачите сега е главно завршена. За време на торнадото, метеоролошката станица во областа Баијун во Гуангжу забележа брзина на ветер од над 20 метри во секунда.

Пред само една недела, Гуангжу и околната провинција Гуангдонг беа погодени од пороен дожд, при што загинаа најмалку четири лица, а повеќе од 100.000 жители беа евакуирани.

Гуангжу има население од над 18 милиони луѓе. Главниот град на провинцијата Гуангдонг е еден од најважните економски центри во Кина.

ЛШ: Тројца фудбалери на Баерн неизвесни за дуелот со Реал

Фудбалерите од средниот ред Џамал Мусиала и Конрад Лајмер, како и дефанзивецот Матијас де Лихт се под знак прашалник за првиот натпревар од полуфиналната пресметка на Баерн Минхен во Лигата на шампионите против Реал Мадрид

Фудбалерите од средниот ред Џамал Мусиала и Конрад Лајмер, како и дефанзивецот Матијас де Лихт се под знак прашалник за првиот натпревар од полуфиналната пресметка на Баерн Минхен во Лигата на шампионите против Реал Мадрид идниот вторник, објави германскиот клуб.

Мусиала вчера не настапи во победата на Баерн во Бундеслигата над Ајнтрахт Франкфурт поради воспаление на тетивата.

„Тој навистина сакаше да игра, а и ние. Имаше два дена кога не чувствуваше никаква болка, но тоа повторно се врати вчера“, објасни тренерот на Баварците, Томас Тухел.

Лајмер го истегна зглобот на натпреварот со Ајнтрахт, додека Де Лихт има повреда на лигаментите на коленото.

„Ќе видиме дали и двајцата ќе бидат подготвени за натпреварот во вторник. Ќе треба да почекаме да видиме што ќе покажат дополнителните тестови“, додаде Тухел.

Во Скопје санкционирани 142 возачи, 52 за брзо возење

Вкупно 142 мерки, меѓу кои  52 за непочитување на брзината на движење се изречени во контролите на сообраќајот што вчера ги спроведе Секторот за внатрешни работи Скопје на територија на град Скопје.

Како што информира МВР, при тоа се изречени и 15 мерки за возење без возачка дозвола, шест за користење мобилен телефон при возење, шест за управување под дејство на алкохол,...

Од МВР најавуваат дека и во наредните денови ќе продолжат сообраќајните контроли и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, какао што велат, да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

притисни ентер