Археолозите откриле шминка стара 2.000 години, се знае која боја била популарна кај Римјанките - Канал 5

Археолозите откриле шминка стара 2.000 години, се знае која боја била популарна кај Римјанките

Шминка во 10 различни бои, производи за нега на коса и накит биле откриени за време на археолошките ископувања во античкиот римски град Ајзанои (или Езанија, како што го нарекувале Римјаните) во Турција, објави Arkeonews.

Археолозите откриле шминка стара 2.000 години, се знае која боја била популарна кај Римјанките

Овој римски град, кој се смета за еден од најважните во Мала Азија, бил повторно откриен од европските патници во 1824 година. Научните ископувања започнале во 1926 година под контрола на Германскиот археолошки институт и Универзитетот Думлупинар.

Досега таму се ископани храмот на Зевс, комплекс со театар и арена и затворен пазар. Козметика и накит се откриени при ископување на продавница стара 2.000 години на античкиот пазар.

- Откривме продавница која нудеше парфеми, накит и производи за шминка. Посебно е интересно што пронајдовме сенка за очи и руменило во морски школки, а знаеме дека Римјаните чувале такви предмети во школки. Најголемото изненадување се пигментите во козметиката. Се разбира, тие не се сочувани во совршена состојба, некои од нив се само милиметар или два. Најдовме и парче кое беше целосно сочувано - изјави за агенцијата Анадолија проф. Гокан Ѓошкун, раководител на Катедрата за археологија на Универзитетот Думлупинар.

Како што вели, доминантни бои биле црвената и розовата.

- Она што ни го кажува откритието на оваа продавница е дека луѓето се слични во различни времиња и дека жените се секогаш жени. Уште во дамнешни времиња користеле шминка, носеле ѓердани и ја средувале косата за да изгледаат што поубаво - рекол Ѓошкун.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Аларм од природата: Популациите на диви животни се намалени за 73 отсто за 52 години

Според најновиот извештај на Светскиот фонд за природа (WWF), бројноста на популациите на речиси 6.000 видови диви животни е намалена во просек за 73 отсто во периодот од 1970 до 2022 година. 

Аларм од природата: Популациите на диви животни се намалени за 73 отсто за 52 години

Индексот „Живот на планетата“ (Living Planet Index), изготвен од Зоолошкото друштво на Лондон и Светскиот фонд за природа, опфаќа вкупно 35.803 популации на 5.790 различни видови цицачи, птици, влекачи, водоземци и риби во текот на период од 52 години.

Според проценките во извештајот, вкупната бројност на популациите опаѓала во просек за околу 2,5 отсто годишно во текот на тој период. „Глобалните популации продолжуваат да опаѓаат и сè уште нема докази за глобално закрепнување“, изјави Ендрју Тери, раководител за заштита на природата при Зоолошкото друштво на Лондон.

Од Светскиот фонд за природа велат дека закрепнувањето на дивиот свет може да се случи „исклучително брзо“ доколку се преземат итни мерки, но предупредуваат дека би било погрешно да се мисли оти само заштитата на природата ќе овозможи глобално закрепнување.

Потребни се големи промени во енергетскиот, прехранбениот и финансискиот систем, соопштија од организацијата за заштита на природата.

Светскиот фонд за природа (WWF) забележа дека се преземаат позитивни чекори во областа на енергетиката.

Во извештајот се наведува дека губењето и деградацијата на живеалиштата се најчестите регистрирани закани, но популациите на дивиот свет се загрозени и од прекумерно искористување, климатски промени, загадување, инвазивни видови и болести.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

30 убиени во руски напад врз два автобуса во украинскиот град Краматорск

Најмалку 33 лица се убиени во руски напад врз два патнички автобуси во Краматорск, во источна Украина.

30 убиени во руски напад врз два автобуса во украинскиот град Краматорск

Најмалку дваесет луѓе се ранети во нападот, соопшти канцеларијата на регионалниот обвинител на Доњецк, регион каде се водат едни од најжестоките борби, а кој Русија сака да го анектира од Украина.

Според украинските власти, руските сили гранатирале улица во Краматорск, кога биле погодени двата автобуса. Нападот следува ден откако откако повеќе од 20 луѓе беа убиени во руски воздушни напад и врз неколку украински градови, првенствено насочени кон енергетската инфраструктура..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четири клуба пред сите други дознале за одлуката за вината на Манчестер Сити?!

Бурата околу скандалот поврзан со финансиското работење на Манчестер Сити не стивнува.

Четири клуба пред сите други дознале за одлуката за вината на Манчестер Сити?!

Имено, четири клуба од Премиер лигата, пред сите останати, добија две важни известувања во врска со случајот што Премиер лигата го води против Манчестер Сити.

Од сите претседатели на клубови било побарано да потпишат договори за доверливост пред да ги добијат документите поврзани со случајот на Премиер лигата против Манчестер Сити и одлуката на Независната комисија, која го прогласи Манчестер Сити за виновен по 114 точки за прекршување на правилата.

Сепак, четири клуба ја добиле информацијата пред сите други. Оваа вест сега би можела да шредизвика земјотрес во англискиот фудбал. Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Арсенал и Тотенхем биле информирани за одлуката на Независната комисија пред сите останати клубови.

Исто така, истите четири клуба добиле известувања пред останатите, уште во 2024 година, за тоа како можат да поведат постапка за отштета против Манчестер Сити доколку Сити биде прогласен за виновен – што сега и се случи.

Овие четири клуба се разликуваат и по тоа што претседателите на Јунајтед, Ливерпул, Арсенал и Тотенхем не морале да потпишуваат договор за доверливост.

Всушност, овие четири клуба биле информирани за одлуката порано од останатите токму затоа што пред две години им беше дадена можност да поведат правна постапка против клубот од „Етихад“.

Се разбира, фактот што останатите клубови не добиле известувања за можното покренување на постапката во 2024 година, не значи дека не можат да го сторат тоа сега или откако ќе заврши жалбената постапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер