Археолозите открија светилиште на Маите старо 3.000 години во Гватемала - Канал 5

Археолозите открија светилиште на Маите старо 3.000 години во Гватемала

Археолозите во Гватемала открија скоро 3.000 години старо наоѓалиште од ерата на Маите во северот на земјата.

Археолозите открија светилиште на Маите старо 3.000 години во Гватемала

Претпоставките говорат дека местото било едно од најважните обредни средишта во тоа подрачје, вели предводникот на археолошките ископувања, Милан Ковач.

Новооткриеното наоѓалиште го доби името Лос Абуелос (во превод: „Бабите и дедовците“), откако таму биле пронајдени две седнати камени скулптури, за коишто се верува дека претставуваат маж и жена. Ковач вчера изјави дека се смета оти скулптурите се поврзани со обожавањето на предците и дека близу статуите, високи околу 1,5 метри, се пронајдени и скршени ќерамички садови - најверојатно за ритуални приноси.

Лос Абуелос се наоѓа во прашумата близу Ваксактун, во областа Петен и се протега на околу 16 квадратни километри. Се наоѓа на околу 40 километри северно од Тикал - населба под заштита на УНЕСКО.

YouTube video

Ископувањата открија и набљудувачница, пирамиди, олтари, фрагменти од стела и ќерамика. Истражувачите веруваат дека светилиштето служело како обредно собиралиште околу 1.000 години пред да биде напуштено, а потоа тоа место повторно било запоседнато околу 800 година од нашата ера.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Грција ќе отвори нови шалтери и привремено ќе ја суспендира биометриската проверка на граничниот премин „Евзони“

Грција ќе отвори нови шалтери и привремено ќе ја суспендира биометриската проверка на граничниот премин „Евзони“ за да ги олесни гужвите, откако новиот систем за влез на Европската унија предизвика значителни доцнења и долги редици, објави „Катимерини

Грција ќе отвори нови шалтери и привремено ќе ја суспендира биометриската проверка на граничниот премин „Евзони“

Суспензијата е привремена — може да трае неколку часа — и се дозволува во случаи на долги редици од автобуси и од автомобили. Паралелно се разгледуваат дополнителни оперативни решенија, меѓу кои отворање нови шалтери, оптимизација на постојните ленти и подобро искористување на расположливата инфраструктура на граничните премини. Дел од мерките опфаќаат и привремено пренаменување на постојни објекти со цел зголемување на капацитетот за обработка на патници и на возила.

„Ова е мерка што ја имаме воведено и во часови на голема гужва ја применуваме континуирано изјави Константинос Гиулекас, заменик-министер за внатрешни работи задолжен за Македонија и Тракија – пренесува Катимерини

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најуспешните ученици од општина Илинден и оваа година на летен камп во Охрид

Општина Илинден и оваа година ја продолжува традицијата на организирање летен училишен камп за најуспешните ученици од општинските основни училишта. 

Најуспешните ученици од општина Илинден и оваа година на летен камп во Охрид

Како признание за нивниот труд, посветеност и постигнати резултати, учениците престојуваат во Охрид, еден од најатрактивните туристички центри во државата.

Летниот камп се реализира во рамки на Програмата за работа на градоначалникот Александар Георгиевски и Стратешкиот план за развој на Општина Илинден 2022–2026, со цел поттикнување на образовниот развој, мотивацијата и личниот напредок на младите.

За време на нивниот престој во Охрид, учениците ги посети градоначалникот Георгиевски, кој им честиташе за остварените резултати и им посака уште многу успеси во иднина. Во непосредна и пријатна атмосфера, тој истакна дека токму знаењето, трудот и истрајноста се вредности кои отвораат нови можности и заслужуваат да бидат препознаени и наградени.

Со ваквите проекти, Општина Илинден континуирано вложува во младите генерации, поттикнувајќи ги да се стремат кон нови знаења и достигнувања. Грижата за младите и нивниот развој останува еден од врвните приоритети на локалната самоуправа, која и во иднина ќе продолжи да создава можности за нивна мотивација, едукација и напредок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Божиновска на IFC Day: Енергетската транзиција е можност за економски раст и нови инвестиции

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска учествуваше на „IFC Day in North Macedonia“, настан организиран од Меѓународната финансиска корпорација (IFC), членка на Групацијата на Светска банка.

Божиновска на IFC Day: Енергетската транзиција е можност за економски раст и нови инвестиции

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска учествуваше на „IFC Day in North Macedonia“, настан организиран од Меѓународната финансиска корпорација (IFC), членка на Групацијата на Светска банка, посветен на перспективите за енергетска транзиција и развој на извозно ориентираното производство во земјата.

Настанот, кој за првпат се организира во Македонија во партнерство со државните институции, претставува значајна платформа за размена на искуства и идеи меѓу носителите на политики, меѓународните финансиски институции и приватниот сектор, со цел поттикнување на одржлив економски развој и инвестиции.

Министерката Божиновска беше панелист на дискусијата посветена на енергетската транзиција, заедно со претставници на IFC, Светска банка, МЕПСО и приватниот сектор.

„Создаваме правна рамка за поотпорен и посигурен енергетски систем. Новиот Закон за енергетика, донесен во 2025 година, ја усогласува Македонија со Пакетот за чиста енергија на Европската Унија и воспоставува посилна рамка за развој на обновливите извори на енергија, системите за складирање на енергија, пазарите за тргување ден однапред, поголемо учество на потрошувачите, планирањето во вонредни услови и десетгодишното планирање на мрежата. Особено важно е што законот воведува појасни правила за приклучување на електроенергетската мрежа и го третира складирањето на енергија како посебна регулирана дејност, што е од суштинско значење доколку сакаме обновливите извори на енергија да ја зајакнат, а не да ја нарушат сигурноста на снабдувањето.“ истакна Божиновска.

Во своето обраќање таа ги претстави приоритетите на Министерството во насока на модернизација на енергетскиот сектор, забрзување на инвестициите во обновливи извори на енергија и создавање предвидлива и транспарентна инвестициска клима.

Божиновска истакна дека во завршна фаза е усвојувањето на законодавството усогласено со Европската Унија Пакетот за интеграција на енергетските пазари, кој потоа ќе биде предмет на верификација од страна на Секретаријатот на Енергетската заедница и Европската комисија. Македонскиот оператор на организираниот пазар на електрична енергија (МЕМО) активно соработува со БСП и во рамки на поширокиот процес на поврзување на пазарите во Југоисточна Европа. Нашата цел е македонскиот пазар поефикасно да се интегрира со регионалните и европските пазари на електрична енергија, бидејќи подлабоката пазарна интеграција значи поголема ликвидност, подобри можности за управување со ризиците и поголема доверба кај инвеститорите, истакна Божиновска

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на спроведување на реформите и создавање услови за одржлива енергетска транзиција, преку соработка со домашните и меѓународните партнери, во интерес на економскиот развој и енергетската стабилност на државата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер