Археолозите открија дека и нашите предци не сакале да мијат садови , туку ги фрлале - Канал 5

Археолозите открија дека и нашите предци не сакале да мијат садови , туку ги фрлале

Чаша од глина без рачка, сместена во галеријата на британскиот музеј во Лондон, е целосно зачувана, иако била фрлена пред 3600 години, веднаш по само една употреба, што е особено интересен детал за изучувачите на историјата, јавува Си-Ен-Ен.

Археолозите открија дека и нашите предци не сакале да мијат садови , туку ги фрлале

Чашата била направена од Минојците, една од првите напредни европски цивилизации, помеѓу 1700 и 1600 година пред нашата ера на грчкиот остров Крит.

Илјадници амфори за вино се откриени во рамките на археолошкиот локалитет на овој остров, а експертите веруваат дека тие биле направени само за една употреба, по што биле фрлани како денешни пластични чаши.

„Елитата го трошела своето богатство, правејќи големи слави, празници и фестивали. Луѓето се собирале во голем број и, како и денес, ретко кој сакал да ги мие сите тие садови “, вели Џулија Фарли, кустос на британскиот музеј.

Чашата за еднократна употреба ќе биде изложено на изложбата ,,Ѓубрето и ние” во Британскиот музеј со многу посовремени примероци производи за еднократна употреба кои покажале неверојатна издржливост - вклучително и хартиена чаша за топли пијалоци што се служеле на летовите и аеродромите во 90-тите години.

"Луѓето се изненадени што чашите за еднократна употреба не се изум на современото потрошувачко општество, туку биле направени пред илјадници години. Пред три и пол илјади години, Минојците ги користеле поради слична причина како и денес - да се служат пијалоци на забави. Единствената разлика е што керамиката денес е многу повреден материјал и нам ни е чудно што некој ја фрла по една употреба, но во тоа време тоа била како пластиката денес - многу достапна, лесно можела да се произведе и да се обликува “, објаснува Џулија Фарли.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шест уставни судови од Балканот ја усвоија Охридската декларација

Шест уставни судови од Балканот ја усвоија Охридската декларација, независноста, транспарентноста и ефикасноста во функција на поголема доверба во уставните судови.

Шест уставни судови од Балканот ја усвоија Охридската декларација

Шест уставни судови, членки на Форумот на балканските уставни судови (BCCF) едногласно усвоија Охридската декларација за време на 4. годишен состанок, кој се одржа од 12 до 14 ноември 2026 година во Охрид, во организација на Уставниот суд на Република Македонија.

Целта на Декларацијата е да се утврдат заеднички насоки за зајакнување на независноста, транспарентноста и ефикасноста на уставните судови, зголемување на довербата на граѓаните во уставното судство, како и одговорна примена на современите технологии и вештачката интелигенција во функција на заштитата на човековите права и владеењето на правото.

Документот беше едногласно усвоен од претседателите и претставниците на шесте уставни судови кои се полноправни членки на Форумот:

Уставниот суд на Република Македонија;

Уставниот суд на Република Албанија;

Уставниот суд на Република Бугарија;

Уставниот суд на Република Косово;

Уставниот суд на Црна Гора;

Уставниот суд на Република Турција.

На годишниот состанок учествуваа и претставници на Уставниот суд на Босна и Херцеговина, кој има статус на набљудувач во Форумот, како и претставници на судови од Европа, Азија и Африка и на меѓународни судски институции и организации.

Трите столба на довербата: независност, транспарентност и ефикасност

Со Охридската декларација, уставните судови се заложуваат за натамошно унапредување на својата работа преку:

- Зајакнување на независноста, непристрасноста и професионалниот и личниот интегритет на уставните судии;

- Унапредување на транспарентноста и отвореноста кон граѓаните;

- Редовно информирање на јавноста за активностите и одлуките на уставните судови;

- Објавување соопштенија за судските одлуки на јазик разбирлив за пошироката јавност;

- Одржување редовни брифинзи со новинарите и комуникација преку социјалните медиуми;

- Навремено одлучување по предметите во разумен рок, без неоправдано одолжување на постапките;

- Примена на современи системи за управување со предметите и дигитални алатки за поефикасно функционирање на судовите.

Во Декларацијата се нагласува дека довербата на јавноста претставува основен предуслов за авторитетот и легитимитетот на уставните судови, а се гради преку независно, непристрасно и професионално одлучување и квалитетно образложени одлуки засновани на Уставот.

Вештачката интелигенција како помошна алатка, а не замена за судиите

Посебно значење во Охридската декларација е дадено на примената на вештачката интелигенција во уставното судство.

Уставните судови се согласни дека пристапот кон новите технологии треба да биде отворен, но претпазлив, имајќи ги предвид правните, етичките и организациските ризици поврзани со нивната употреба и ефектите врз правата на граѓаните.

Вештачката интелигенција може да придонесе за поефикасна обработка на предметите, но не смее да ја замени независната судиска анализа, правното расудување и одлучувањето на уставните судии.

Толкувањето на Уставот, оценувањето на правните аргументи и конечното одлучување по предметите мора да останат задача и одговорност на судиите.

Уставниот суд на Црна Гора го презема претседавањето со BCCF во 2027 година

На состанокот, покрај усвојувањето на Охридската декларација како завршен документ, едногласно беа донесени уште две одлуки:

-Предавање на претседавањето со Форумот за 2027 година на Уставниот суд на Црна Гора.

-Одржување на петтиот годишен состанок на Форумот во мај 2027 година во Црна Гора, во организација на тамошниот Уставен суд.

Со организирање на овој настан, Уставниот суд на Република Македонија го заврши своето претседавање со Форумот, оставајќи основа за натамошно продлабочување на регионалната соработка и унапредување на стандардите за независно, транспарентно и ефикасно уставно судство.

Со усвојувањето на Охридската декларација беше заокружен работниот дел на Четвртиот годишен состанок на Форумот на балканските уставни судови, во чии рамки се одржа меѓународната конференција на тема „Современи предизвици за владеењето на правото: Улогата на уставните судови“.

Преку три работни сесии, со учество на повеќе од 20 домашни и странски говорници, беа дискутирани прашањата за зголемување на довербата на граѓаните во уставните судови и предизвиците на уставното судство во дигиталната ера.

На свеченото отворање се обратија претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, претседателот на Собранието, Африм Гаши, министерот за правда, проф. д-р Јетон Шасивари,. Обраќање имаше и заменик - претседателот на Владата Александар Николоски. Преку видео врска се обратија претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал. Конференцијата обедини претседатели и судии на уставни судови од Европа, Азија и Африка, учествуваа потпретседателката и член на Венецијанската комисија, судија од Европскиот суд за човекови права, генералниот секретар на Конференцијата на африканските уставни институции, претседателите на уставните судови на Австрија, Турција, Азербејџан, Бугарија, Косово, Египет, Словенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Филипче и СДС и натаму лажат дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ и бегаат од надзорна расправа

Филипче и СДС и натаму лажат дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ.

Манасиевски: Филипче и СДС и натаму лажат дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ и бегаат од надзорна расправа

Не сносејќи никаква одговорност, се расфрлаа со лаги, манипулации и со нивните јавни говори се обидоа да го девалвираат банкарскиот систем.

Излажаа за забраната на Алта банка, излажаа дека банката е неликвидна, дека ќе пропадне, дека граѓаните ќе останат без своите пари и што ли уште не излажаа.

За на крајот да испадне дека сето тоа што го говореа е лага. Да излезе, дека тие биле првите кои влегле во деловни односи со Алта банка и Давор Мацура.

Затоа денес бегаат од надзорната расправа и бегаат од вистината која излезе на виделина.

Бегаат затоа што знаат што правеле и мислат дека и другите ќе прават како нив. Едноставно кај Филипче и СДС работи Фројд.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Викторија и Дејвид Бекам во Париз гордо позираа со својот син на премиерата на неговиот прв филм

Џет-сет брачната двојка, Викторија и Дејвид Бекам му дадоа поддршка на својот син Ромео на премиерата на неговиот прв филм.

Викторија и Дејвид Бекам во Париз гордо позираа со својот син на премиерата на неговиот прв филм

Синоќа, тие присуствуваа на светската премиера на филмот *Forty Love* во Париз, каде што на црвениот тепих им се придружија Ромео и неговата девојка, Ким Турнбул.

Ова беше значаен момент за Ромео, кој сега се испроба во актерството, пренесува *People*.

Викторија на црвениот тепих се појави во црно сако со крој „oversize“ и нагласени раменици, искомбинирано со црни елегантни панталони и чевли со штикла и зашилен врв.

Легендарниот фудбалер сега сопственик на Интер Мајами,изгледаше подеднакво елегантно во темно син костум, бела кошула и темна вратоврска. Својот изглед го заокружи со црвен шал околу вратот и кафеави чевли од велур.

Ромео носеше костум со дворедно закопчување, искомбиниран со црно-бела кошула на риги и тесна вратоврска со кариран дезен. Ким Турнбул се појави во долг сатенски фустан во бургундска боја, со отворен грб и драпиран израз на деколтето.

Ромео и Ким Турнбул започнаа врска во ноември 2024 година. Нивната врска не беше секогаш стабилна, а во јуни 2025 година, „Пипл“ (People) потврди дека тие раскинале. Подоцна истата година, тие се смирија. Во јануари оваа година, беа забележани во Париз во друштво на помладиот брат на Ромео, Круз, и неговата девојка, Џеки Апостел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер