3Универзитетска клиника за психијатрија: Расте бројот на пациенти кои побарале помош поради претрпено семејно насилство
КултураАрхеолози напред, „стој" за дивите копачиНов правилник за археолошки истражувања е неопходно да се донесе, за чекор напред за археолозите и чекори назад за дивите копачи. Ова меѓу другото, беше кажано на јавната дебата на Македонското археолошко друштво, на која се разговараше за иницијативата за нов документ. Македонските археолози се согласија дека мора да бидат вклучени со свои стручни претставници од фелата, во комисијата која би работела на промената на правилникот. Тие ќе го бараат тоа од Министерството за култура, како еснафско здружение. Ќе ги дадат своите забелешки, мислења, идеи на оваа, според нив, мошне значајна тема. – Правилникот за археолошки истражувања е донесен уште во 2005 година, а досега не се направени ниту една измена или дополнување. Правилникот, како подзаконски акт, произлегува од Законот за заштита на културното наследство. Самиот закон досега има претрпено повеќе од 15 промени. Ова го прави правилникот доста непрактичен, во голема мера и нелогичен со денешната практика и методолошки е доста застарен. Правени се обиди за дополнување и измени, изработка на нов правилник. Затоа е добро да се продискутира за проблемите со кои се соочуваме, за нашите предлози да се бара да бидат имплементирани во закон и нов правилник, појасни Орданче Петров, доктор на науки од областа на археологијата и претседател на Здружението. Според Силвана Блажевска, исто така доктор на археолошки науки, нелогичности има и во самиот закон, а камоли пак во правилниците. – Ние имаме проблем со евидентирање на музејски материјал, теренски инвентар, што е тоа што влегува во музеј, што не влегува во музеј. Законот не познава што е студиски материјал, колеги завршуваат со кривични пријави затоа што имаат неевидентиран материјал, страшно, рече Блажевска. Забелешки на застарениот правилник имаше и Драги Митревски, професор доктор по археологија. – Не можете докрај да му ја регулирате работата на еден хирург. Не можете да му кажете каков инструмент треба да употреби, со кој лек треба да лечи, каква техника да употреби и дали да сече на лево или десно. Само хирургот ги знае пациентот и болеста и знае што и како треба. И не можете да барате за колку време треба да заврши една операција. Замислете да му се каже на еден режисер каков треба да му биде снимателот, колку машки а колку женски глумци треба да има, рече професорот, нагласувајќи дека истото треба да важи и во археологијата. Тој се осврна и на тоа ,,каде лежи зајакот” и во што е проблемот со правилникот. – Правилникот е сериозна работа. За нас, тој е нашиот занает. Колку тој има пропусти и е несоодветен, толку и нашиот занает е несоодветен. Колку не ни дозволува или ни дозволува да работиме, помага или одмага, толку ние и ќе имаме археологија. Затоа е толку сериозна оваа работа, рече тој. Митревски беше дециден дека тој правилник треба да задоволи два сегмента. – Да помогне на археолозите, да им создаде убави услови за работа, за да се поефикасни. Истовремено, да ги спречи „дивите” и да го заштити културното наследство од нив. Правилникот по кој досега работиме, постигнува сосема спротивен ефект. Ниту нам ни овозможува да работиме со одврзани раце и вистински да продуцираме тоа што треба, ниту пак ги спречува тие што нелегално работат, продаваат, дивеат и уништуваат културно наследство, посочи тој. Во своето обраќање, магистер Билјана Јовановска од Управата за заштита на културното наследство, се согласи дека правилникот треба да го прават, тие што потоа треба да го применуваат. Таа информираше дека ќе има измени на постоечкиот закон, ќе се ревидира. Јовановска ја поддржа иницијативата за промена на правилникот. Таа соопшти дека доставувач на предлог за нов правилник е Министерството за култура, а носител на активноста е Управата, се формира работна група од стручни лица, а така би требало да биде и во овој случај. На проблемите со кои се соочуваат, се осврна и Сања Ивановска-Велкова, доктор на науки, вработена во Национален конзерваторски центар. Сите се согласија дека за теренски површински увид на вработени од центарот им требаат дозволи, а на некој сточар на пример, што е секој ден на лице место, никој не му бара дозвола и има поголем пристап на одделни места. Со коментари на темата се обратија и Ване Секулов од Завод и музеј Струмица и доктор Христијан Талевски од Институт за старословенска култура Прилеп. Археолозите собрани во просториите на Музеј на град Неготино се договорија прво да ги видат измените во законот за културно наследство и изразија надеж дека тие ќе бидат ставени на јавна расправа. На средбата беа упатени критики за работата на одделни административци. Се побара да се избегне праксата на копирање на закони и правилници од други држави, ако претходно не се направи анализа, дали се тие применливи кај нас. Да се обрне повеќе внимание на превентивата. Да не се дозволи како досега, одделни институции да склучуваат договори со своите вработени, да ја реализираат програмата за која аплицирале, затоа што таков договор може да се склучи само со лице кое треба да биде стручен раководител на ископувања, доколку се нема таков кадар во сопствените редови. Да не се случува праисторичар да работи на византиски, рановизантиски или средновековен локалитет, да не се случува друг да ги бира кадрите за терен, па дури и да се дрзне да коментира, ,,зошто не ја земеш историчаркава, не била никогаш на терен?”Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСветски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Технологија„Microsoft“ ги изненади сите со својот најмал „Xbox“ контролерПолесен е од вашиот телефон, лесно се става во џеб и сè уште ги има сите копчиња што ви се потребни.„Xbox“ го најави „Nano Controller“, најмалиот контролер што компанијата некогаш го направила. Дизајниран е за деца, гејмери со помали раце и луѓе кои сакаат да играат игри надвор од дневната соба. „Nano“ е долг нешто повеќе од 12 сантиметри и тежи околу 99 грама. We've got a little something new to show you! Hop into your favorite games with our pocketable XBOX Nano Controller: https://t.co/DPU58BuTEm https://t.co/c2jYeeaLI4 — XBOX (@XBOX) October 14, 2026 И покрај својата големина, „Xbox“ не отстранил никакви контроли. Ги добивате сите 18 стандардни влезови, така што распоредот на копчињата се совпаѓа со „Xbox“ контролерот со кој веќе сте запознаени. „Nano“ користи батерија што може да се полни, иако „Xbox“ не откри колку долго ќе трае едно полнење. Исто така, постои и програмабилно копче за акција што можете да го поставите да прави снимки на екранот, да снима игра или да стартува кратенка што често ја користите. Се поврзува преку „Xbox Wireless“ и „Bluetooth“, така што можете да го користите со кој било компатибилен уред. „Xbox“ го позиционира и „Nano“ како контролер за целото семејство. „Xbox Nano Controller“ е достапен за преднарачка за 50 долари. Испораката започнува во ноември во 36 земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Канада, Јапонија и Австралија, а дополнителни пазари ќе бидат додадени подоцна. Цените ќе варираат во зависност од пазарот. Извор: Б92Тагови: Microsoft Xbox Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПаника во Русија: Шпионски авион кружел со часови во близина на границатаАмерикански шпионски авион денес кружел два часа над Естонија и Латвија, десет километри од нивната граница со Русија, по што се вратил во својата база во Романија, според податоците од летот од авионот.Според податоците пренесе РИА Новости, авионот полетал од меѓународниот аеродром „Михаил Когалничеану“ во Констанца, Романија, околу 9:42 часот наутро и прелетал над Унгарија, Словачка, Полска и три балтички земји, каде што неколку пати кружел во близина на нивните граници со Русија. Авионот, за кој РИА Новости вели дека редовно се користи за летови околу регионот Калининград и над Црното Море, долж Крим и други јужни региони на Русија, се вратил во својата база во Романија денес околу 16:33 часот. Руските власти изјавија дека во последните години се забележани досега невидени активности на НАТО долж западните граници на земјата и дека НАТО ги проширува своите иницијативи, нарекувајќи го тоа „одвраќање од руската агресија“.Тагови: авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Забава„MUSE“ – ново поглавје во креативниот свет на Милена Танасковска – ПупиПо години посветени на стајлингот и модниот израз, Милена Танасковска – Пупи го претстави својот прв моден проект – колекцијата „MUSE”. Настанот се одржа на 16 октомври, во просторот на URMA Concept store, каде посетителите имаа можност одблиску да го запознаат новото креативно поглавје на Пупи. „MUSE“ е природно продолжение на нејзиниот досегашен професионален пат, но и чекор кон поавторски моден израз. По долгогодишното искуство во создавањето и обликувањето стилски приказни, Пупи за првпат го преточува својот сензибилитет во сопствена колекција, во која модата станува начин за изразување став, индивидуалност и лична естетика. Зад брендот PUPI стои идејата за мода создадена со личен пристап, надвор од концептот на масовно производство. Секое парче се изработува по нарачка, од висококвалитетни природни материјали, со можност за индивидуален избор на ткаенина и боја, како и прилагодување според мерките на клиентот. На овој начин, секоја креација добива лична димензија, а процесот на создавање станува исто толку важен колку и финалниот изглед. Визуелната приказна на колекцијата е инспирирана од Париз – неговата безвременска елеганција, урбаниот ритам и ненаметливиот шик. Соработката со URMA Concept Store ја поставува колекцијата во простор што ја обединува модата со концептуалниот пристап кон стилот и современото купувачко искуство. За презентацијата беше подготвен и ограничен избор парчиња, достапни ексклузивно на 16 октомври, со што настанот доби карактер на внимателно курирано модно доживување. Со „MUSE“, Милена Танасковска – Пупи отвора ново поглавје во својата креативна приказна, претворајќи го долгогодишниот интерес за модата во сопствен бренд со јасна естетика и индивидуален пристап. PUPI е посветен на жената која ја цени автентичноста и не се стреми да биде обична, туку да го пронајде сопствениот израз преку парчиња создадени токму за неа. Настанот беше поддржан од Play All Day Cafe.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСветски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42