КултураАрхеолошкото злато од Македонија претставено пред германската публикаВо престижниот национален Келтско - римски музеј во Манхинг, Германија синоќа беше отворена меѓународната изложба со наслов „Златното лице на непознатиот македонски крал - Македонците и Келтите од брегот на Охридското Езеро”, проект кој се реализира со поддршка на Комисијата за образование, аудиовизуелност и култура при ЕУ во рамките на проектот „Clash of Cultures“.Германската, но и пошироката европска јавност во текот на наредните месеци ќе има можност да се запознае со извонредното културно богатство на Република Македонија. Организатор на оваа значајна изложба е Археолошкиот музеј заедно со Заводот за заштита на спомениците од културата и музеј од Охрид и Музеј на град Неготино, а во соработка со „Келтен ромер музејот“ од Германија. Пред многубројната публика од археолошката фела, градоначалници, конзули, дипломати и љубители на уметноста се обратија Весела Честоева, директорка на Археолошкиот музеј на Македонија, проф. д-р Виктор Лилчиќ директор на Управата за заштита на културното наследство, директорот на „Kelten Romer Museum“ Волвганг Давид и професорот Митја Гуштин од Универзитетот Приморска во Копар, Словенија. На свеченоста присуствуваше и Герхард Кругер, почесниот конзул на Република Македонија во Германија. Директорката на Археолошкиот музеј на Македонија Честоева подвлече дека од две древни места на територија на Република Македонија, од архајскиот и класичниот период допатуваа во Манхинг презентираните вредни предмети за да ја раскажат приказната за цивилизацијата. - Денес пред вас е една од петте златни маски на локалните кралеви, откриени во архајските некрополи на двата града Лихнид и Енхелана. Со маската од Лихнид патуваат и повеќе златни и други предмети од арахајската некропола на локалитетот Горна Порта во Лихнид, сведоци на луксузот, моќта и идеологија на кралот за неговиот пат кон вечноста. Од Лихнид во Манхинг дојдоа и келтските шлемови, железните штитови и долгите железни мечеви. Келтските воини на почетокот на 3 век пред н.е. на патот кон Делфи или по враќањето, застанале во Лихнид. Долговековниот келтски сон, пренесуван од колено на колено, дека не смее да се умре пред да се види Делфи, за нив запрел во Лихнид, рече Честоева. За важноста на артефактите и за нивната историска и археолошка вредност говореше Лилчиќ директорот на Управата за заштита на културното наследство. - Република Македонија е земјата од каде ги донесовме денес тука златната маска на еден благороден Енхелеец од градот на светлината - Лихнид, златниот трезор од Тремник на Вардар и оружјето на Келтите кои го бранеле Лихнид во хеленистичкиот период. Територијата на Република Македонија во раната антика била најсеверната зона на Балканско-медитеранските рани цивилизации, кралствата на Македонците, Пајонците, Пелагонците, Линкестите, Енхелеите/Десаретите, Девриопите и Агријаните, рече проф. Лилчиќ. Тој истакна дека е посебно задоволен што денес пред германската и европската јавност, тука во Манхинг, донеле дел од раноантичката, архајска цивилизација на Охридските (Лихнидските) Енхелеи, од класичната цивилизација на античките Македонци од Тремник на Аксиј (Вардар) во близина на античката македонска воена база Антигонеа (Неготино) што подоцна прераснала во цивилен град и предметите на пријателските Келти (Гали) кои несомнено своите животи ги положиле во одбрана на цивилизациската среќа на античкиот град Лихнид на Охридското Езеро. Професорот Гуштин, кој долги години соработува со археолозите од Македонија, се осврна на успешната соработка со неговите македонски колеги. На поставката се изложени 62 вредни археолошки предмети, во најголем дел златни, меѓу кои и ритуалната погребна маска од почетокот на 5 век пред н.е. која со археолошките истражувања во 2002 година беше пронајдена на Горна Порта, Охридска крепост во Охрид, потоа златната нараквица, апликации во форма на диск, накит, сребрени сандали, двоколка, садови и многу други артефакти, сите од архајски период и најдени на Горна Порта. Од истиот локалитет пред очите на светската јавност е претставена и келтска воена опрема од 3 век пред наша ера, шлемови, копја, мечеви, штитови и други предмети. Меѓу вредните артефакти е и познатата статуа на Изида од алабастер од 2 век п.н.е. Наодите од с. Тремник од Неготино се исто така дел од поставката. Изложбата, која ќе биде отворена до 16 ноември, е главен настан на Европскиот проект „Clash of Cultures“ - проект кој 2012 година беше одобрен од Европската унија, координиран е од Универзитетот Приморка во Словенија, а Археолошкиот музеј на Македонија се приклучи како рамноправен партнер во проектот во 2011 година. Во проектот како рамноправни партнери се јавуваат и Лошињски музеј од Хрватска, Земаљски музеј од Сараево, Босна и Херцеговина и Келтско-римскиот музеј во Манхинг, Германија. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизНовата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираатСнимка од Мараја Кери во Бразил предизвика загриженост кај нејзините обожаватели. На социјалните мрежи, луѓето почнаа да се прашуваат дали сè е во ред со 57-годишната пејачка, откако видео од нејзино јавно појавување покажа дека таа се движи малку нестабилно додека излегува од автомобил. За време на престојот во Бразил, пејачката делеше автограми и се фотографираше со фановите кои се собраа да ја поздрават, држејќи транспаренти. Иако изгледаше добро расположена, некои гледачи забележаа дека ѝ треперат рацете и дека чекори несигурно. Снимката беше објавена на „TikTok“. Фановите се прашуваат дали сè е во ред „Дали треба да се грижиме?“ – праша еден корисник на „TikTok“. „Изгледа како да чувствува болка“, напиша друг, додека трет ѝ посака добро здравје на пејачката: „Се молам за неа и ѝ испраќам убави желби на нашата Божиќна кралица“. Сепак, не сите ја протолкуваа оваа ситуација како причина за загриженост. Некои укажаа на конкретните услови во кои се движеше пејачката: врнеше дожд, теренот беше закосен, а Кери носеше високи потпетици. „Како прво, врне дожд. Второ, теренот е закосен. Трето, таа носи високи потпетици. Четврто, не сака да падне“, напиша еден корисник. На снимката се гледа и како нејзиниот асистент ја држи околу половината додека таа поминува покрај фановите. Засега нема информации кои укажуваат на тоа дека Мараја Кери има некакви здравствени проблеми, а самата снимка не е доволна за да се донесе таков заклучок.Тагови: Мараја Кери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Технологија„Microsoft“ и големиот прекин – што навистина се случи?Услугите на „Microsoft“ конечно работат правилно по повеќе од 24 часа –што навистина тргна наопаку?„Microsoft“ го реши големиот проблем што предизвика повеќе од 24 часа застој на „Microsoft 365“, тоа предизвика сериозни прекини во работењето на бизнисите и владините агенции низ целиот свет. Проблемите започнаа на 12 ноември околу 17:17 часот по средноевропско време, кога услугата „Exchange Online“ падна. Малку повеќе од два часа подоцна, проблемите се проширија на остатокот од платформата „Microsoft 365“. Што го предизвика тоа? „Microsoft“ првично се сомневаше дека невообичаено големиот сообраќај е причина за проблемите. Сепак, последователната истрага покажа дека неколку серверски системи неочекувано престанаа да работат, оставајќи ги преостанатите сервери неспособни да се справат со зголеменото оптоварување. Обидите за рестартирање на серверите беа неуспешни, бидејќи тие повторно престанаа да реагираат откако се врати сообраќајот. Компанијата на крајот утврди дека проблемот е поврзан со претходно надградување на капацитетот на мрежата, предизвикано од последователна промена во мрежната инфраструктура. Потоа инженерите применија поправка на компонента одговорна за автентикација и насочување на сообраќајот. Обновувањето беше спроведено постепено, со обработка на заостанати е-пораки. „Microsoft“ нагласи дека нема докази за злонамерна активност и дека вештачката интелигенција не е причина за проблемот. Кој беше засегнат? Покрај „Outlook“ и „Exchange Online“, прекините влијаеја на календарите на „Teams“, закажувањето состаноци, „Copilot“, „SharePoint“ и „Intune“. Некои функции продолжија да работат за време на прекинот. Влијанието се почувствува надвор од технолошкиот сектор. Националната здравствена служба на Велика Британија (NHS) мораше да се потпре на алтернативни системи, додека индиските авиокомпании „Air India“, „IndiGo“ и „Akasa Air“ пријавија проблеми со поддршката за е-пошта. Проблемите влијаеја и на финансиските институции. Една тајванска компанија дури мораше да користи факс за да ги потврди трансакциите со акции. Според „Downdetector“, имало повеќе од 7,4 милиони пријави за проблеми низ целиот свет. Сепак, овој број не го претставува вкупниот број на индивидуални корисници погодени од прекинот. Извор: Б92Тагови: Microsoft Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
ЕвропаФранција на нозе: 200.000 луѓе на улицитеФранцуската полиција уапси 121 лице за време на протестите одржани низ целата земја, објави француското Министерство за внатрешни работи.Според Министерството, околу 106.000 луѓе учествувале во демонстрациите, додека синдикатите проценуваат дека околу 200.000 граѓани се собрале на улиците. 22 лица се приведени во Париз, вклучувајќи тројца малолетници. Апсењата се главно за носење оружје од категорија Д, навреди и кршење на забраните за посетување одредени места или учество во демонстрации, објавува „BFMTV“. Според полициските податоци, околу 24.000 луѓе протестираа во француската престолнина, додека младинските синдикати проценуваат дека на улиците имало близу 100.000 демонстранти. Низ цела Франција се одржаа повеќе од 60 протестни собири. Во Париз истовремено се одржаа три одделни демонстрации - против предлог-закон за претпоставка за легална употреба на оружје од страна на безбедносните сили, меѓународен марш против насилството врз децата и протест на движењето „Жолти елеци“ против зголемувањето на трошоците за живот. Тензии беа пријавени во Париз, Бордо, Нант, Лион и Руан. На Плоштадот на нацијата во Париз, полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата, што предизвика први знаци на паника кај демонстрантите. Во Нант, полицијата употреби водени топови, додека во Бордо беа пријавени судири за време на кои некои демонстранти фрлаа предмети кон полицијата. Во Тулуз, според организаторите, протестираа 6.000 луѓе, додека полицијата соопшти дека имало 1.800. Собирот помина без инциденти. The Protests in France are Massive https://t.co/CefTcDvpqL — Ryan Rozbiani (@RyanRozbiani) November 14, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00