Базенот во Карпош предаден на користење на Националната пливачка федерација – нов чекор за развој на пливањето
2Базенот во Карпош предаден на користење на Националната пливачка федерација – нов чекор за развој на пливањето
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
КултураAрхеолошкото одделение на велешкиот Народен музеј годинава со четири поголеми проектиВо текот на оваа година археолошкото одделение на Народниот музеј во Велес со финансиска поддршка од Министерството за култура ќе реализира четири проекти.Станува збор за поставување на нова музејска поставка во приземјето на музејот со репрезентативни и археолошки предмети откриени при последните ископувања во велешко, потоа археолошко истржување на локалитетот Кале/Градиште кај селото Згрополци, конзерваторски истражувања и изработка на конзерваторски проект на предмети од керамика од античката збирка на музејот и конзервација на монети од нумезматичката збирка на музејот. -Оваа година планирано е да се постави нова музејска поставка во која ќе бидат вклучени предмети кои се одликуваат со својата репрезентативност, но и предмети што се откриени при последните истражувања на археолошките локалитети од Велес и околината коишто хронолошки го опфаќаат периодот од праисторијата до Средниот век, појаснува д-р Анита Василкова Мидоска, археолог, кустос советник во Народниот музеј во Велес. За вториот проект кој опфаќа археолошко истражување на локалитетот Кале/Градиште, Василкова-Мидоска појаснува дека ќе се доистражи просторот на некрополата со цел да се открие сакралниот и секуларниот аспект од животот на населбата. Ова истражување претставува продолжување на истражувањата од 2019 година. - Од аспект на сакралниот дел, со овие истражувања би се детерминирала ситуацијата на терен од аспект на религиозниот живот, од аспект на хронолошката рамка на користење на просторот на некрополата и од аспект на дефинирање на границите на распростирање. Од друга страна, во сферата на секуларниот сегмент, би се открил релативно мал дел од секојдневниот живот на античкиот човек кој во одредена мера го расветлува доменот на секојдневието.Со реализацијата на овој проект покрај сознанијата за недвижното културно наследство ќе се овозможи збогатување на фондот на движни археолошки предмети на античката збирка на Музејот. Овие предмети говорат за едно интензивно и богато живеење на населението на античка Gurbita. Пронајдените предмети говорат за интензивна комуникација на оваа населба со големите центри на античкиот свет односно импорти посведочени и на просторот на Солун, Дион и Пела. Од аспект на гробните форми оваа некропола содржи неколку типови на гробови кои рефлектираат релации со неколку локалитети од просторот на денешна северна Грција, појаснува Василкова Мидоска. Третиот проект содржи предмети од (Теќе – с. Отовица, Градиште/Циглана – Неготино, непознати локалитети) и претставува продолжение или надополнување на активностите поврзани со ревизијата, документацијата и евиденцијата на античката збирка на Музејот. Во претходниот период од страна на археолошкото одделение континуирано се вршат конзерваторски активности на предмети што се дел од конзерваторските проекти изработени од страна на Музејот за периодот 2017-2022 година. -Во 2022 година се вршеа интензивни евиденции на музејскиот материјал од античкиот период. Овие евиденции претставуваат и појдовна точка за изработка на ревизиони списоци и она што е најважно изработка на соодветни елаборати за валоризација на поединични збирки кои ќе произлезат од оваа активност. Притоа, со детален преглед на музејското депо и евиденција на секој поединечен примерок констатирано е дека Музејот поседува материјал со исклучителна вредност кој припаѓа на античкиот период и кој опфаќа една широка хронолошка рамка од хеленистичкиот до римскиот период. Во предложениот проект ќе бидат вклучени археолошки предмети од керамика од два евидентирани локалитети Градиште/Циглана - Неготин и лок. Теќе кај с. Отовица и предемети чијашто провениенција не е позната, но според својот облик и зачуваност заслужуваат да бидат подложени на конзерваторски третман,вели Василкова Мидоска. По конзерваторско - реставраторскиот третман, предметите чии материјални и естетски вредности ќе ги задоволат критериумите за музејски експонати, се очекува да станат составен дел на археолошката поставка во музејот, додека останатите ќе се депонираат во депо и ќе се презентираат пред пошироката јавност на повремени изложби и за стручно-научни или популарни публикации. Василкова-Мидоска на овој проект ќе работи заедно со Билјана Јанкуловска Пеева, виш кустос конзерватор од Националната установа Стоби. Четвртиот проект, како што информира Василкова Мидоска, е конзервација на монети од нумезматичката збирка на Музејот во Велес, а на овој проект таа ќе работи со Бранко Величковски, кустос советник конзерватор од Музејот на Македонија. Овој проект претставува продолжение на започнатите активности поврзани со конзервацијата на монетите од нумизматичката збирка на Музејот во Велес. Во текот на 2022 година во рамки на Годишната програма за финансирање на проекти од национален интерес финансиран од страна на Министерството за култура изведени се конзерваторски истражувања и изработен е конзерваторски проект. -Целта на предложениот проект се базира на неколку основи кои вклучуваат заштита, соодветна идентификација, евиденција и промоција на овој вид на културно наследство. Во таа насока со овој проект ќе се овозможи конзервација на целокупната збирка, а со надополнување на нови примероци од монети таа само ќе се збогатува, појаснува Василкова Мидоска. Со цел да се обнови интегритетот на монетите ќе се применат интервенции за намалување, успорување и спречување на нивното пропаѓање. -Интервентните активности ќе се одвиваат во неколку фази кои се однесуваат на селекција на монетите односно изработка на т.н. приоритетна листа согласно нивната зачуваност односно оштетеност, чистење на површините односно физичка и хемиска обработка на селектираните предмети, консолидирање на површината со соодветни препарати и третмани за сочувување на предметите и запирање на нивниот деградирачки процес, посочува Василкова Мидоска. По завршување на активностите, монетите ќе бидат ревидирани и евидентирани во музејската евиденција согласно новите сознанија и податоци, а дел од нив ќе бидат вклучени и во елаборатите на поединечните збирки од нумизматичката збирка на Народниот музеј во Велес. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија128 санкционирани возачи вчера во акциска контрола во Скопје, 102 за брзо возењеСите прекршители на сообраќајните правила и прописи ќе се соочат со законски предвидените глоби.На 12.10.2026 во периодот од 06:00 часот до 22:00 часот на подрачјето на Град Скопје од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, при што од страна на полициските службеници изречени се 102 санкции. За време на сообраќајната контрола изречени се и 26 останати мерки од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Сите прекршители на сообраќајните правила и прописи ќе се соочат со законски предвидените глоби. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБазенот во Карпош предаден на користење на Националната пливачка федерација – нов чекор за развој на пливањетоМинистерот за спорт, Борко Ристовски, денеска присуствуваше на примопредавањето на базенот кај спортската сала „Наум Наумовски Борче“ во Карпош, кој Општина Карпош го предаде на користење на Националната пливачка федерација (НПФ).Станува збор за објект кој започна да се гради од поранешната Агенција за млади и спорт, но беше оставен недовршен. Со поддршка од Владата, Министерството за спорт обезбеди средства за негово доизградба, а во јуни годинава новиот објект беше предаден на владение на Општина Карпош. Со предавањето на базенот на НПФ се прави значаен исчекор кон воспоставување нов модел на управување со спортската инфраструктура во кој националните спортски федерации ќе имаат активна улога во управувањето со спортските објекти, со цел нивно поефикасно користење и создавање подобри услови за развој на спортот. Министерот за спорт, Борко Ристовски, истакна дека пливањето е меѓу приоритетите на Министерството и Владата, нагласувајќи дека соработката со локалната самоуправа и Пливачката федерација е важна за враќање на овој спорт на местото што го заслужува. „Министерството за спорт, во соработка со Општина Карпош и со претседателот на , оди чекор понатаму, со цел пливањето да го вратиме онаму каде што заслужува – да биде еден од спортовите што се приоритет на оваа Влада и на Министерството за спорт. Во таа насока е и овој чекор, со кој за првпат Националната пливачка федерација ќе стопанисува со базени. За почеток, станува збор за два базена. И за другите базени, кога ќе ги довршиме, ќе најдеме соодветен договор со градоначалниците за и тие да ѝ бидат предадени на НПФ. Федерацијата ќе добие и финансиска поддршка од Министерството за спорт и од Владата, за да може правилно да стопанисува со овие објекти и тие да бидат максимално искористени за развој на пливањето. Нашата заложба е спортските објекти што ги гради државата да бидат стопанисувани од националните федерации кои имаат квалитет и капацитет тоа успешно да го реализираат“ - истакна министерот Ристовски. Министерството за спорт, со поддршка од Владата и во соработка со општините и националните спортски федерации, продолжува со инвестиции во спортската инфраструктура и со создавање услови за поголема искористеност на спортските објекти, развој и унапредување на спортот во Македонија. Министерство за спортТагови: Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКлековски: Нечовечките услови во психијатриските установи мора да станат минатоМинистерот за здравство Сашо Клековски денеска, по повод Светскиот ден на менталното здравје, го отвори целосно реконструираниот оддел „Машки 2“ во ЈЗУ Психијатриска болница – Скопје (Бардовци).Одделот е со површина од околу 600 м², а за реконструкцијата се издвоени 300.000 евра. „Пред четири децении, за време на моите студии, едно од двете најтешки искуства ми беа нечовечките услови во психијатриските установи. Работиме тоа да се смени“, изјави министерот Клековски. Со болницата е договорено, основниот буџет да вклучува средства за континуирани реконструкција, бидејќи тоа е потребно на психијатриските установи, кои со децении работеле во несоодветни услови. Претходно се реконструирани сите оддели во Специјалната психијатриска болница Негорци, дел од Клиниката за психијатрија Скопје, а следува реконструкција на Психијатриската болница во Демир Хисар. Министерот Клековски истакна дека грижата за менталното здравје не се сведува само на подобрување на условите во болниците. Од минатата година матичните лекари имаат превентивна цел за рано откривање на депресија кај младите. Следната година Министерството за здравство планира да започне со спроведување на проект за центри за ментално здравје на младите.Тагови: Клековски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook