Арената „Филип II“ се ребрендира во Телеком Арена - Канал 5

Арената „Филип II“ се ребрендира во Телеком Арена

Националната арена „Филип II“ ќе се ребрендира и именува во „Телеком Арена“. Договорот за соработка денеска го потпишаа „Македонски Телеком“ и Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.

Арената „Филип II“ се ребрендира во Телеком Арена

Брендираната Телеком Арена ќе биде домаќин на Супер Купот на УЕФА во 2017 година на кој ќе учествуваат победниците на Лигата на шампионите на УЕФА и Лигата на Европа на УЕФА за 2016-17 година.

- Нашата поддршка ќе обезбеди промоција на Телеком Арената во пошироки рамки по примерот на светски познатите стадиони, но и дополнително ќе го поттикнеме здравиот начин на живот и развојот на спортски дух кај граѓаните во државата, истакна главниот извршен директор на Македонски Телеком, Андреас Маиерхофер.

Според генералниот директор на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов, со брендирањето на Националната Арена во Телеком Арена, Република Македонија се приближува чекор напред кон светски прифатените трендови во спортската индустрија.

Арената „Филип II“ е со капацитет од над 33.000 посетители и е целосно усогласен со стандардите на ФИФА и УЕФА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина новинарот Бранко Радовановиќ

Почина Бранислав Бранко Радовановиќ, истакнат македонски новинар, уредник и автор, кој со децении беше дел од медиумскиот живот во земјава.

Почина новинарот Бранко Радовановиќ

Радовановиќ е роден на 16 јуни 1947 во Битола. Дипломирал на Факултетот за политички науки во Белград. Со новинарство се занимавал уште како средношколец пишувајќи за „Млад Борец“ и како студент и по дипломирањето работејќи за „Вечерње новости“ и како надворешен соработник во „Нова Македонија“. Од 1979 година работел како соработник во надворешно-политичката редакција на МТВ, а од 1985 како коментатор и во повеќе наврати уредник во оваа редакција. Неколку семестри бил асистент по теорија и практика на интердисцплинарните студии по новинарство на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Од 1999 година работи во Документарната програма на МТВ. Во 2002 година станува уредник во Образовната програма на МТВ.

Некои од неговите поважни ангажмани како новинар и уредник се известувањата од поранешниот Советски Сојуз, од Заливската војна и од војната во Босна, за Македонците во Бугарија, Албанија и Грција.

Во 1994 година го доби признанието „Кристе Мисирков“. Бранислав Бранко Радовановиќ беше член на Советот за Радиодифузија од април 2009 година со мандат од 6 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаосот во Полска не стивнува: Претседателот свика итен состанок

Полскиот претседател Карол Навроцки свика итни консултации со претставници на парламентарните партии поради ескалацијата на конфликтот околу Уставниот суд, што предизвика сериозна политичка криза во земјата.

Хаосот во Полска не стивнува: Претседателот свика итен состанок

„Поради заканата по внатрешната безбедност на Република Полска, денеска свикувам итни консултации со учество на претставници на парламентарните сили, со цел да се стабилизира политичката состојба и да се воспостави уставниот поредок“, изјави шефот на кабинетот на Навроцки, Павел Шефернакер, пренесува полската телевизија „Република“.

Засега не е прецизирано кога ќе се одржат консултациите.

Навроцки вчера ја прекина својата официјална посета на Сенегал и се врати во Полска, откако полицијата влезе во просториите на Уставниот суд, а претседателот на таа институција, Богдан Свјенчковски, беше суспендиран.

„Во ваков момент, претседателот мора да биде во Полска. Ја прекинувам посетата на Сенегал и се враќам“, напиша Навроцки на платформата „Икс“ (X).

Од полицијата соопштија дека нејзини припадници влегле во зградата на Уставниот суд по инцидентите пред оваа институција, при што кон полициските службеници биле фрлани опасни предмети. Демонстранти се собраа пред зградата на судот и се обидоа да ја пробијат заштитната ограда, поради што беа распоредени дополнителни полициски сили.

Уставниот суд на својата веб-страница објави дека Свјенчковски е суспендиран, додека министерот за правда Валдемар Журек поднесе барање за негово разрешување од функцијата вршител на должноста претседател на судот, како и за одземање на неговиот имунитет.

Во Варшава, повеќемесечниот судир околу контролата врз полското правосудство синоќа ескалираше. Сè започна кога судијката Ана Корвин-Пјотровска најави едномесечна суспензија за претседателот на Уставниот суд, Богдан Швјенчковски, и неговиот заменик, Бартломеј Сочански.

Овој потег доведе до присуство на полиција за разбивање демонстрации пред зградата на судот, предизвика протести на улиците и го принуди полскиот претседател Карол Навроцки да ја прекине официјалната посета на Сенегал – додека сè уште беше во авион – и да се врати во земјата.

Демонстранти и политичари од десничарската опозиција – предводени од Јарослав Качински, лидер на партијата „Право и правда“ (PiS) – се собраа пред Уставниот суд. Полицијата распореди сили околу комплексот по барање на судијката Корвин-Пјотровска, која проценила дека постои потенцијална безбедносна закана. Во текот на вечерта дојде до помали судири, некои поединци фрлаа предмети кон полицајците, а три лица беа приведени откако се обидоа да ја преминат заштитната бариера.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Судири на улиците во Рим: Полицијата интервенираше со водени топови

Судири на улиците во Рим- Поставени контејнери во близина на Колосеумот; Полицијата интервенираше со водени топови.

Видео: Судири на улиците во Рим: Полицијата интервенираше со водени топови

Најголемите собири се одржаа во Рим и Болоња, каде што во секој од овие градови се собраа повеќе од 50.000 луѓе.

Протести се одржаа и во Милано, Неапол и Торино, додека ученици и студенти се приклучија на демонстрациите во повеќе од 50 градови.

Синдикатот USB, кој го организираше овој ден на протестни активности, тврди дека до пладне во протестите низ земјата учествувале најмалку еден милион луѓе. Полицијата сè уште нема излезено со свои проценки. Поради страв од насилство, на улиците е распореден голем број припадници на безбедносните сили. Сепак, повеќето протести во текот на денот поминале мирно.

Мирољубивите протести, организирани од синдикатите и студентите во Рим, завршија, но потоа група демонстранти се собрале на брегот на реката Тибар и се обиделе да стигнат до центарот на градот, јавува СРНА, повикувајќи се на руската новинска агенција РИА Новости.

Полицијата со употреба на сила ги запрела демонстратните на мостот. Демонстрантите потоа се обиделе да стигнат до центарот на Рим по друг пат, но полицијата ги запрела и во вториот обид употребувајќи водени топови.

Ситуацијата во Рим дополнително се заостри, при што беа запалени контејнери и поставени барикади во близина на Колосеумот. Немирите избија по масовните протести низ Италија, за време на кои полицијата во неколку наврати интервенираше за да ги запре демонстрантите. Италија е потресена од насилни протести во текот на последните недели, а најтешките немири беа забележани во Милано.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер