ФудбалАрбелоа привремено решение „кралскиот клуб“ го бара КлопПо отказот за Чаби Алонсо Реал Мадрид експресно најде замена во сопствените редови и го промовираше поранешниот нивни играч Алваро Арбелоа за тренер на првиот тим. Но, по се изгледа по елиминацијата од куп натпреварувањето управата ќе направи напор да го донесе Германецот Јирген Клоп, кој по заминувањето од Ливерпул сè уште немал ангажман. Сепак постои еден услов за негово седнување на клупата на Реал Мадрид. Клоп инсистира еден од најдобрите играчи и ѕвездата на клубот Винисиус да замине. Ова барање сигурно нема да му се допадне на играчот и на огромната армија негови навивачи, но Клоп има своја визија за создавање на екипа во Мадрид. Управата на клубот е пред тешка одлука – ангажманот на Јирген Клоп ќе значи и голем исчекор за подобрување на резултатите сезонава. Останува секако прашањето дали Клоп ќе ја прифати понудата и колку Арбелоа ќе остане на клупата на Реал Мадрид. Тагови: Реал Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
МакедонијаВо Велес се одржа јавна панел-дискусија посветена на органодарителството во МакедонијаВо петокот, 24.7. во Велес се одржа осма по ред јавна панел-дискусија посветена на органодарителството во Македонија.На дискусијата како и секогаш присуствуваа врвни експерти во својата област, националниот координатор и заменик-координатор за трансплантација, претседателот на здружението на приватни матични лекари, верски заедници, донори, пациенти кои чекаат орган за трансплантација и медиумите. Целта е подигнување на јавната свест за потребата од органодарителството. Животот на пациентите зависи од едно ДА за согласност за донирање органи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 25. јули 2026 година Дневен хороскоп за сабота, 25. јули 2026 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Малите естетски вештини ќе бидат ваш начин да и се приближите на саканата личност , со која сте на дистанца. Делумно ќе имате успех. Кариера Оние кои работат во лаборатории , болници , институции од затворен тип и слично ќе добијат унапредувања и добри резултати. Здравје Не влегувајте во расправии. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе се обидете на другата страна да и се претставите во најдобро светло, но тоа нема да биде вашето најдобро издание. Резултатот може да биде менлив. Кариера Резултатите од вашата работа би можеле да излезат на виделина , со што ќе ви порасне гордоста. Продолжете да го градите започнатото. Здравје Мала меланхолија. Вага 24.9.-23.10 Љубов За да ја подобрите вашата љубовна состојба , денеска послужете се со вашата интуиција. Нека таа ве води и се ќе биде подобро. Кариера Во сите дејности , кои се поврзани со луѓе ќе постигнете денеска завидни резултати. Другите ќе соработуваат. Здравје Не освојувајте по секоја цена. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе продолжите да заведувате драга личност. За неа ќе бидете неодоливи. На тој начин ќе ја зголемите блискоста во врската. Кариера Ќе дојде до мали преиспитувања во врска со финансиски вложувања , за кои ќе мислите дека не се стабилни. Ќе смислите нов план. Здравје Не можете вие да одработите за другите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе бидете склони кон попуштање во се и сешто , а некои целосно ќе ги симнат критериумите за љубов. Самците би можеле да бидат со личност по принципот ,,која и да е” . Кариера Ако сте решени да делувате од сенка, денеска е ден кога на таков начин може да постигнете успех. Здравје Прво промислете , а потоа делувајте. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веројатно ќе ја повикате саканата личност на интимна вечера , каде ќе покажете завидно кулинарско знаење. Кариера Иако некои колеги ќе бидат малку почувствителни и ќе прават драма , добро е што ќе донесете креативност и нови решенија. Здравје Освежете се на чист воздух. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе се веселите со пријатно друштво и нема да дозволите ништо да ви ги расипе добрите односи , расположението и забавата. Кариера Подобро од другите знаете дека дека со мали чекори се минува исто растојание како и со големи. Здравје Релаксирајте се. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Блиска личност ќе ви го отвори своето срце и ќе ви ги покаже своите емоции . Ќе возвратите со иста мерка. Кариера Една состојба или дел од работата ќе биде дефиниран, созреан и заклучен. Од тоа ќе произлезат нови иницијативи. Здравје Можна е мала настинка. Овен 21.3-20.4. Љубов Кулминацијата на поврзаноста со пријателите ќе ви донесе радост , а секако ќе ги подобри и личните особини. Кариера Би сакале да воведете некои измени во процесот на работата. Денеска ќе размислувате за деталите. Здравје Крајот делото го краси. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе заклучите дека е време на другите да им покажете колку се сакате и да ја официјализирате врската. Некои тоа само ќе го посакаат. Кариера Ќе работите без напор и нема да се зимачувате со премногу прашања . Имате добра перспектива , позитивен став. Здравје Сега живеете уредно. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Богатството на еротиката и сензуалноста ќе бидат главна одлика на овој ден. Уживајте. Кариера Можете слободно да направите нешто за себе. На кого било да му објасните , ќе го разбере вашиот став и ќе го прифати како нешто нормално. Здравје Ќе знаете да се справите со проблемите. Рак 22.6-22.7. Љубов Вашите скриени чувства денеска ќе се појават , на ваша среќа. Ќе бидете малку збунети , но ќе ви биде мило. Кариера Заклучоците до кои доаѓате ќе останат познати само за вас и за никој друг. Тоа не е типично за вас , но овој пат така е најдобро. Здравје Никаде не треба да брзате.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваРазголена украинска тенисерка се забавува на Ибица (ВИДЕО)Украинската тенисерка Марта Костјук (24) го привлече вниманието на своите следбеници со објави од нејзиниот одмор на Ибица. „Беше некаде во јули“, напиша таа во описот на објавата. Младата спортистка сподели неколку фотографии од вечерното излегување, а нејзиниот избор на облека предизвика најмногу коментари. Блескаше во смел фустан За излегувањето, Костјук избра црн тесен фустан со прорезови на стомакот и колковите и проѕирни мрежести детали што откриваа дел од нозете. Комбинацијата ја нагласуваше нејзината фигура, а нејзините следбеници не го криеја своето воодушевување во коментарите. „Воу, изгледаш прекрасно“, „И надвор од теренот си пламен“, „Како ќе се опоравам од ова?“ и „Овој фустан е сè“ се само дел од коментарите што следеа по објавата. View this post on Instagram A post shared by Marta Kostyuk • Марта Костюк (@martakostyuk) Нејзината пријателка Ева Лис, исто така тенисерка, која ѝ се придружи на патувањето, исто така реагираше на фотографиите. Друштво им правеше и германската манекенка Каролин Даур. „Дали воопшто смеам да дишам до тебе во тој фустан?“, се пошегува Лис во коментарот. Успешна сезона на теренот Најдобрата сезона во нејзината кариера е зад неа. Оваа година, Костјук ја освои својата прва титула во ВТА 1000 со триумф на турнирот во Мадрид, каде што ја победи Русинката Мира Андреева во финалето. Пред тоа, таа го освои и турнирот во Руан, а на Ролан Гарос стигна до првото полуфинале на Гренд слем турнири во нејзината кариера. По одморот на Ибица, се очекува да се врати на тенисот и да се подготви за остатокот од сезоната, вклучувајќи го и настапот на Отвореното првенство на САД. View this post on Instagram A post shared by Marta Kostyuk • Марта Костюк (@martakostyuk) Тенериски талент од Киев Марта Костјук е родена на 28 јуни 2002 година во Киев, главниот град на Украина. Таа почнала да тренира тенис како дете и многу рано се пробила во професионалниот свет. Веќе на 15-годишна возраст, го освоила јуниорскиот Отворен турнир на Австралија, што бил еден од првите главни показатели за нејзиниот талент. Костјук пораснала во спортско семејство - нејзината мајка Талина Бејко исто така играла тенис, а подоцна била нејзин тренер. Таа го имаше своето деби на ВТА турнејата во 2018 година, а вниманието на јавноста го привлече уште кога стигна до третото коло од главниот турнир на Отвореното првенство на Австралија, на само 15 години. Позната е по својот агресивен стил на игра, моќните удари од основната линија и борбеноста на теренот. Покрај спортските успеси, таа често зборува за својата поддршка за Украина по руската инвазија, поради што одби да се ракува со руски и белоруски тенисерки на турнирите.Тагови: Ибица тенисерка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter