Арапска новинарка објави видео од наводен разговор со Роналдо - Канал 5

Арапска новинарка објави видео од наводен разговор со Роналдо

Арапска новинарка објави видео од наводен разговор со Роналдо, сега се соочувасо тужба.

Арапска новинарка објави видео од наводен разговор со Роналдо

На социјалните мрежи се прошири видео од наводен случаен разговор меѓу арапската новинарка Халима Боланд и светската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо.

Убавата новинарка тврди дека Роналдо случајно и се јавил додека се обидувал да дојде до соиграч во хотелот и видео на кое се слуша наводниот разговор го објави на својот Снепчет.

Меѓутоа, само неколку минути подоцна се појавија информации дека Боланд всушност го фабрикувала гласот на Роналдо и дека тој разговор никогаш не се случил.

Одредени арапски медиуми сега пренесуваат дека на Халема и се заканува тужба од клубот на Роналдо, Ал Наср.

Но упорната новинарка не се исплашила од најаваните тужби и објавила уште едно видео. Имено, во друго видео, Халима објавила наводен разговор во кој „Роналдо“ дури и ја поканува на вечера после тренинг.

Саудискиот новинар Абдел Азиз Алкамис тврди дека веќе е поднесена тужба против Халима Боланд за злоупотреба на вештачката интелигенција за лажирање телефонски разговор со Роналдо.

Но,таа тврди дека ништо не лажирала и додава дека на видеото го покажала бројот на фиксниот телефон каде се гледа името на јавувачот.

„Фудбалскиот клуб Ал Наср“излезе со став дека чека од управата на хотелот да ги соопшти деталите за овој случај.

Го почитувам фудбалскиот клуб Ал Наср и сум голем фан на Кристијано Роналдо, но морав да одговорам на сите овие лажни обвинувања против мене, тврди Халима Боланд по обвинувањата, кои ги негира.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Нова провокација од Синди Свини

На интернет кружат нови фотографии од сексапилната актерка Сидни Свини. Градникот едвај ѝ ги држи градите.

Фото: Нова провокација од Синди Свини

Нови провокативни фотки од популарната актерка со бујни облини Синди Свини.

Позната по своите бујни облини и витката фигура, актерката Сидни Свини повторно предизвика бура од реакции меѓу своите обожаватели на социјалните мрежи.

На Инстаграм, каде што редовно објавува фотографии од својот приватен и деловен живот, таа сподели компилација од атрактивни изданија, но во малку поопуштен стил.

За да го промовира својот бренд SYRN и најновата колекција на долна облека „Small Town Girl“, актерката објави неколку селфи-фотографии.

Очекувано, вниманието на фановите беше вперено во прекрасните облини на убавата актерка, особено во нејзините гради, кои веднаш паѓаа во очи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Пола Македонија отруена а одговорни сè уште нема

Неофицијално, хемикалија за производство на детергенти ги побелела Лепенец и Вардар.

СДСМ: Пола Македонија отруена а одговорни сè уште нема

А од Државниот инспекторат за животна средина велат дека сè уште ги немаат податоците кои треба да ги споредат.

Колку дена поминаа откако Орце леташе со дрон?

Колку дена се потребни за да се докаже што ја отру водата? Дали ова се прави намерно?

Пола Македонија е отруена.

Седум градови и неколку села немаат вода за пиење.

Во Гостивар епидемија на жолтица што Мицкоски сака да ја прикрие.

А одговорен сè уште нема. Ниту еден. Министерствата и Владата молчат.

Мицкоски и Клековски - секој со своја приказна.

Едниот вели дека од петок може да се пие. Другиот вели дека има нова бактерија.

Мицкоски стана бактериолог, а Клековски не е ништо, освен задолжен за напади на професори и доктори.

Тошковски се занимава со хиперхлорирање, бидејќи корупција и криминал не може да гони - би морал да се уапси себеси, Мицкоски и целата организирана криминална група ВМРО. Затоа стана полицаец-водоводџија.

Сè ова би било смешно да не е во прашање здравјето на граѓаните и да не се меша вода за пиење со фекалии.

Затоа е многу сериозно.

На Мицкоски и ВМРО им е важен само рејтингот.

Здравјето на граѓаните - не.

Уште малку, кога ќе тргнат Орбановите медиуми со засилување од Србија - со „Ало“ и „Информер“, плус Еуроњуз со лиценца од Вучиќ што ја водат Латас и Ивона - граѓаните повеќе нема ни да чујат дека водата е отруена.

Македонија е изолирана. Во медиумски мрак. Без вода за пиење. А во позадина минуваат криминалните тендери.

Така изгледа програмата на ВМРО-ОКГ и на Христијан Мицкоски.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рашфорд се прости од Барса

Англискиот фудбалер Маркус Рашфорд се прости од Барселона,  и по подолг период се враќа на Олд Трафорд, ќе му се приклучи на тимот на Манчестер Јунајтед во подготовките за новата сезона.

Рашфорд се прости од Барса

28 годишниот Рашфорд е член на Манчестер Јунајтед, а минатата сезона ја помина на позајмица во Барселона.

Тој одигра 49 натпревари за каталонскиот клуб, при што постигна 14 гола и запиша 14 асистенции. Барселона одлучи да не ја активира клаузулата за откуп на англискиот фудбалер.

„Исклучително сум им благодарен на сите во клубот што го направија мојот престој овде толку позитивно и незаборавно искуство. Уживав во секој момент и ќе ги носам тие посебни спомени со себе. На клубот и на сите негови навивачи им посакувам многу среќа и успех во претстојната сезона“, објави Рашфорд на социјалните мрежи.

Англичанецот сега ќе се обиде да избори место во тимот на Мајкл Керик, кој минатата сезона го освои третото место во Премиер лигата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер