СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар – кој потпишал и кој гарантира дека е безбедна?
1СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар – кој потпишал и кој гарантира дека е безбедна?
3Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
1Пациентите со трансплантирани органи без дополнителен трошок – Myfortic ќе биде достапен без доплата
СветАракчи: Трамп ја задуши секоја можност за деескалација на судирите на Блискиот ИстокИранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, денес изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп речиси „ја потиснал отвореноста на Иран за деескалација“ во регионот на Блискиот Исток.Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, денес изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп речиси „ја потиснал отвореноста на Иран за деескалација“ во регионот на Блискиот Исток, која постоела под услов воздушниот простор, територијата и водите на соседните земји да не се користат за напад врз Иран. Тој предупреди дека САД ќе бидат одговорни за „интензивирање“ на иранските акции. „Погрешното толкување на намерите и можностите на Иран од страна на Трамп ја уби шансата за намалување на тензиите. Одговорноста за понатамошно зајакнување на одбраната на Иран ќе биде на американската администрација“, рече Аракчи на платформата X. Тој додаде дека седумдневната авантура на Трамп веќе ја чинела американската војска 100 милијарди долари и животите на млади војници, и дека трошоците ќе бидат префрлени на обичните Американци преку зголемувањето на цените на бензинот. Аракчи, исто така, потсети дека Националниот совет за разузнавање на САД, кој ги обединува 18 американски разузнавачки агенции, проценил дека војната против Иран не е одржлива и дека до американските преговарачи биле испратени предупредувања за неуспехот на војната, но праша дали овие предупредувања биле пренесени. Иранскиот функционер оцени дека војната во Ирак се водеше по налог на мала група поддржувачи на „Израел прво“, додека американскиот народ сака крај на скапите војни на Блискиот Исток. Тој го предупреди американскиот претседател дека ако сака ескалација, „токму тоа е она за што нашите моќни вооружени сили одамна се подготвени“. Иранскиот претседател Масуд Пешмерга претходно посочи дека Техеран нема да ги таргетира соседните држави од Персискиот Залив „освен ако тие не бидат нападнати прво“.Тагови: Аракчи блискиот исток Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар – кој потпишал и кој гарантира дека е безбедна?Владата треба веднаш јавно да го објави целосниот извештај и анализите за водата во Гостивар.Несериозно и неодговорно е, по сè што се случуваше во Гостивар, од граѓаните повторно да се бара да веруваат само на изјави. Особено затоа што власта постојано даваше различни информации а изјавите на владините функционери во изминатите пет недели беа различни и контрадикторни. Прашање е и зошто досега ниту еднаш јавно не е објавена целосна анализа на водата за Гостивар? Нема документ. Нема извештај. Затоа СДСМ бара Владата денеска да овјави целосен извештај за водата во Гостивар. Кои се резултатите од анализите и која институција ги извршила? Кој го потпишал извештајот? Кој одобрил користење на водата и кој со својот потпис гарантира дека таа е безбедна за граѓаните? По 5.000 илјади граѓани со здравствени проблеми и по сите контрадикторни информации од институциите, повеќе нема простор за усни уверувања. За здравјето на граѓаните мора да постои документ, стручна анализа, институционална одговорност и потпис. Граѓаните бараат една едноставна работа: чиста и безбедна вода и имаат право да ја знаат целата вистина. Бидете барем еднаш сериозни и одговорни - објавете документ. СДСМ Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија72 санкции за возачи на лесни електрични возила на територија на цела државаЗа време на контролата санкционирани се и 260 други видови на прекршоци.Во текот на вчерашниот ден (13.08.2026) во периодот од 17:00 до 22:00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на прекршоци кои ги прават возачите на лесни електрични возила на територијата на целата држава, при што санкционирани се 72 возачи. Од нив, по 11 на територијата на СВР Тетово и СВР Битола, осум на територија на СВР Велес, седум на територија на СВР Куманово... Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани се 20 возачи на лесни електрични возила. За време на контролата санкционирани се и 260 други видови на прекршоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАХВ ја прогласи водата во Гостивар безбедна за пиењеГостиварци по речиси еден месец голгота, од денеска конечно можат повторно безбедно да пијаат вода од чешмите. Одлуката на Агенцијата за храна и ветеринарство беше соопштена на прес конференција во Гостивар, а доаѓа откако и последните добиени резултати потврдиле дека водата е микробилошки и бактериолошки исправна. Во Гостивар е Елизабета Спасеновска Дамјановска. Сега клучното прашање е дали гостиварци им веруваат на иституциите? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook