3Фрчкоски: СДСМ бара 5 милиони евра од прославата со пејачи да се пренаменат за чиста вода за граѓаните
СветАракчи: Не сакаме директни преговори со САД, нема да се откажеме од збогатувањето на ураниумШефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, денеска изјави дека Техеран не сака директни преговори со САД за неговата нуклеарна или ракетна програма и повтори дека Иран нема да се откаже од збогатувањето на ураниум.-Никогаш нема да преговараме за нашата ракетна програма и ниедна рационална личност не би се разоружала. Не можеме да го запреме збогатувањето ураниум, а тоа што не може да се постигне со војна, може да се постигне со политика, рече тој. Арагчи рече дека иако Техеран не сака директни разговори со Вашингтон, може да постигне договор преку индиректни разговори, објави Ал Џезира. Според него, Иран е подготвен да преговара за да ја отстрани загриженоста за неговата нуклеарна програма и повтори дека нејзината природа е „мирнодопска“. „Постигнувањето фер договор е можно, но Вашингтон предложи неприфатливи и невозможни услови“, додаде првиот ирански дипломат.Тагови: Аракчи збогатен ураниум САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаШтерјова: ВМРО го труе и Скопје-СДСМ бара одговорност за загадувањето на ЛепенецЗагадувањето на реката Лепенец значи дека отровот веќе стигна и во Скопје.Белата боја и обемот на пената што вчера се појави на сливот на реката Лепенец во реката Вардар, најчесто се знак на синтетичко загадување. Ова е сериозен аларам власта нема капацитет за заштитата на животната средина и безбедноста на водните ресурси. Наместо конкретни мерки и одговорност градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, си игра со дронови, од воздух ќе го решавал проблемот. Човекот кој една обична слика за билборд не може да направи без грешка, На граѓаните на Скопје не им требаат спектакли, туку институции што ги штитат. И најважно, чиста и безбедна вода. Скопје има проблеми со депонии, со смет, со загаден воздух а сега и проблем со загадување на Лепенец и Вардар. СДСМ бара институциите веднаш да ја утврдат одговорноста за загадувањето и итна реакција за санација на проблемот. Секој што си игра со здравјето на луѓето мора да сноси одговорност. СДСМ нема да дозволи оваа власт да ја отруе цела Македонија. Време е за правда и вистина, рече Кети Штерјова од СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива со одлична динамикаИнтензивно се градат галериите, во следните месеци ќе се пуштат најкомплицираните 10 километри за сообраќај.Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се реализира со забрзана динамика. Две галерии се целосно завршени, на третата интензивно се работи. Паралелно се работи на стабилизација на земјиштето, на довршување на мостовите, како и на довршување на двете цевки на тунелите. Во следните неколку месеци ќе отвориме уште 10 километри коишто се најкомплицирани, 10 километри каде што влегуваат тунелите и галериите, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Алекснадар Николоски, кој денеска изврши увид во градежните активности на трасата и изградба на галериите на потегот од Пресека до Кичево. “ Тука се работат осум галерии коишто се навистина еден голем инженерски потфат. Позади нас имаме три галерии коишто се веќе во завршна фаза — две можам да кажам дека се целосно завршени и на третата интензивно се работи. Паралелно се работи на стабилизација на земјиштето, на довршување на мостовите, како и на довршување на двете цевки на тунелите, со што за неколку месеци од денес овој дел од автопатот ќе биде функционален и ставен во функција. Бројките се навистина импресивни. Само овие три галерии коишто се позади мене се во должина од 1 километар и 100 метри, додека тунелите ќе бидат најдолги во Македонија, едната цевка во должина од 2 километри, другата цевка во должина од 2 километри и 100 метри, како што кажав, најдолги тунели во Македонија, а галериите за првпат од овој тип се изведуваат не во Македонија, туку во целиот регион” – изјави Николоски. Тој додаде дека изгрaдбата на галериите било најдоброто решение за стабилизација на земиштетo, што на терен се покажува како ефикасно решение. Најави во скоро време пуштање на нови делници за сообраќај. “Ова беше најпаметното и најдоброто решение за стабилизација на земјиштето. За да ја заштитиме трасата, за да имаме безбедно возење, овие инженерски чуда коишто се позади нас беа најдоброто решение. Ова беше напуштен проект, ова беше проект во којшто никој не веруваше, но еве го, веќе се гледа крајот, веќе имаме 34 километри на коишто се вози, а во следните неколку месеци ќе отвориме уште 10 километри коишто се најкомплицирани 10 километри каде што влегуваат тунелите и галериите”- истакна заменик претседателот на Владата, Николоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФрчкоски: СДСМ бара 5 милиони евра од прославата со пејачи да се пренаменат за чиста вода за граѓанитеВодата веќе не е за пиење во 7 населени места во Македонија. Гостивар, Валандово, Крушево, Пласница, Прилеп, Лешок, Преглово. Прашање е кој град е следен.Бидејќи изворот Студенчица го користат и Кичево, Македонски Брод, Долнени ризикот е дека и за овие места водата може да биде загадена. Мицкоски отвора базени додека во седум населени места водата е неисправна за пиење а низ Лепенец и Вардар тече бела пена. Отровот стигна и до главниот град Скопје. Со Мицкоски и ВМРО-ОКГ најскапото нешто, здравјето на луѓето е во прашање. Најосновната животна потреба на граѓаните, за чиста и здрава вода е загрозена. Ова е системски колапс на институциите под команда на Христијан Мицкоски и организираната криминална група ВМРО. Мицкоски ја труе Македонија. Буквално. Во вакви околности, на затруени цели градови, болни, со можни извори на зарази, каде граѓаните немаат пристап до чиста и здрава вода, крајно несоодветно, нехумано и неодговорно е да потрошат 5 милиони евра за прослава на независноста со скапи пејачи и артисти. Не е патриотски чин 5 милиони евра да завршат кај пејачи и провизии во џебови на власта. Најпатриотски чин на денот на независноста е да се обезбеди здрава вода за македонските граѓани. Бараме да се пренаменат овие 5 милиони евра и наместо за скапи пејачи да се дадат за чиста вода за македонските граѓани. Пречистителни станици, филтер станици, резервоари за вода, обнова на водоводни цевки, нови инсталации. Можеме 35 години од незавиноста да прославиме поскормно и поздраво, со народ кој нема да се труе со пуштање на чешмите дома. Со чиста вода и чисти реки. За здравје, за вода се работи. Владата на Мицкоски досега криеше од јавноста колку пари ќе потроши за прославата, но АКТ денеска открива. Додека Мицкоски и ВМРО-ОКГ ја трујат цела Македонија - немаат милост за тендери и провизии. На 167-та седница одржана на 28 април 2026 година, Владата на Мицкоски ѝ наложила на АД Државна лотарија да обезбеди 300.000.000 денари (околу 5 милиони евра) од нераспределената дивиденда за 2024 година за финансирање и спонзорирање на манифестациите за прослава на независноста. Пред да биде објавен формалниот јавен повик на Државна лотарија, во јавноста и медиумите беше објавено дека „Авалон продукција“ веќе е избрана и ангажирана како главен партнер за централните музички настани. Како? Под маса? Ова е сомнително и од законски аспект треба да биде испитано. Не може народот во цела Македонија да се труе а некој да лапа милионски провизии. Не може да нема за вода, за плати, за пензии а да се трошат 5 милиони евра. Пренаменете ги парите! 5 милиони евра се многу пари, да им обезбедиме на луѓето чиста и здрава вода. За Македонија се работи!, рече Јон Фрчкоски - член на Извршниот одбор на СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00