Арагчи: Соработката со МААЕ повеќе не е релевантна - Канал 5

Арагчи: Соработката со МААЕ повеќе не е релевантна

 Соработката меѓу Иран и Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) „веќе не е релевантна по повторното воведување на санкциите на Обединетите нации (ОН) поврзани со нуклеарната програма на Иран“.

Арагчи: Соработката со МААЕ повеќе не е релевантна

Соработката меѓу Иран и Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) „веќе не е релевантна по повторното воведување на санкциите на Обединетите нации (ОН) поврзани со нуклеарната програма на Иран“, изјави денеска шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи.

-Нови одлуки мора да се донесат и, според мене, договорот од Каиро повеќе не е релевантен во сегашната ситуација, рече Арагчи пред дипломатскиот собир.

Тој се повика на договорот постигнат минатиот месец меѓу Иран и МААЕ за дефинирање на нивната соработка.

Иран ја суспендираше целата соработка со нуклеарната агенција на ОН во јули по бомбардирањето на иранските нуклеарни постројки од страна на Израел и САД за време на 12-дневната војна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски: Со поддршка од EU4FAST ја зајакнуваме борбата против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе

Тошковски истакна дека поддршката од Европската Унија претставува конкретен придонес во јакнењето на капацитетите на македонската полиција и во унапредувањето на нејзината оперативна ефикасност.

Тошковски: Со поддршка од EU4FAST ја зајакнуваме борбата против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на церемонијата за примопредавање на возила и специјализирана опрема за Министерството за внатрешни работи, обезбедени во рамки на регионалниот ИПА проект „Поддршка на ЕУ за зајакнување на борбата против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе во Западен Балкан (EU4FAST)“.

Во рамки на донацијата беа предадени 30 алатки за проверка на документи, два детектори за срцебиење, за откривање на лица во скриени простори, седум возила (четири теренски возила и три комбиња), како и пет видео камери, наменети за Граничната полиција и Националната единица за борба против криумчарење мигранти и трговија со луѓе.

Во своето обраќање, министерот Тошковски истакна дека поддршката од Европската Унија претставува конкретен придонес во јакнењето на капацитетите на македонската полиција и во унапредувањето на нејзината оперативна ефикасност.

„Живееме во комплексно геополитичко време кое бара максимална будност и кохезија на безбедносните структури. Нашите граници се рамноправен дел од безбедносната архитектура на европскиот континент, а нашите институции се на првата линија на одбрана на заедничките европски вредности. Затоа секоја инвестиција во модернизацијата на нашите служби е истовремено инвестиција во мирот и стабилноста на целиот европски простор“, нагласи Тошковски.

Министерот посочи дека криминалните мрежи делуваат транснационално и постојано ги адаптираат своите методи, поради што е неопходен координиран и навремен одговор заснован на силна меѓународна соработка.

Тој истакна дека проектот EU4FAST претставува успешен пример за заедничко дејствување на институциите од регионот и европските партнери преку обуки, размена на информации и координирани активности на терен.

„Донираните возила и специјализирана опрема веднаш ќе бидат ставени во функција, со што значително ќе се зголемат мобилноста, ефикасноста и оперативните капацитети на полициските единици во справувањето со криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе“, истакна Тошковски.

Тој нагласи дека овие форми на организиран криминал имаат директни последици врз човечките судбини, поради што Министерството за внатрешни работи продолжува да применува мултидисциплинарен пристап со силна хумана компонента во секоја оперативна активност.

На крајот од обраќањето, министерот Тошковски упати благодарност до Европската Унија, донаторската заедница и проектниот тим за континуираната поддршка и доверба, потенцирајќи дека Република Северна Македонија ќе остане активен и кредибилен партнер во сите иницијативи насочени кон зајакнување на безбедноста, владеењето на правото и регионалната соработка.

Проектот EU4FAST ги поддржува партнерските институции во регионот во зајакнување на превенцијата, истрагата, гонењето на сторителите како и заштитата на жртвите, преку комбиниран пристап кој опфаќа обуки, техничка помош, набавка на опрема и унапредување на меѓуинституционалната соработка.

Проектот е кофинансиран од Европската Унија, Германското сојузно министерство за економска соработка и развој (BMZ), Министерството за внатрешни работи на Италија и Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија. Имплементацијата ја спроведува конзорциум предводен од Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ), заедно со европски партнери од областа на внатрешни работи и правда.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Промоција на книгата „Да живее Долна дупка“ на Коле Ангеловски во Драмски театар

Во рамките на одбележувањето на 80-годишнината утре со почеток во 19:00 часот во Драмскиот театар ќе биде одржана промоција на книгата „Да живее Долна дупка“ на легендата на македонската театарска и филмска уметност, Коле Ангеловски.

Промоција на книгата „Да живее Долна дупка“ на Коле Ангеловски во Драмски театар

Книгата е своевидна збирка на четири комедии: „Да живее Долна дупка“, „Аферата ’Рекет’“, „Аферата ’Ладен шприцер’“ и „Птица со главата меѓу нозе“, кои Коле Ангеловски ги напиша во последните десетина години. Од нив две веќе се поставени на сцените на македонските театри.

Комедијата „Птица со главата меѓу нозе“, во режија на Коле Ангеловски, премиерно беше изведена во неговиот матичен Драмски театар на 10 ноември 2021 година. Преку улогите на актерите: Стефан Вујисиќ, Маја Вељковиќ-Пановска, Благој Чоревски, Ѓокица Лукаревски, Марија Кондовска, Анастас Тановски, Калина Наумовска, Благица Димитровска и Симон Манасковски. „Птица со главата меѓу нозе“ говори за растргнатоста на индивидуата меѓу сегашноста и минатото, за пандемијата, економската криза и за социјалните превирања во нашава земја.

„Да живее Долна дупка“, чиј режисер е самиот Коле Ангеловски, премиерно беше изведена на сцената на Театар „Комедија“ на 29 јануари 2025 година и веќе доживеа десетина претстави. Оваа комедија, во која ликовите ги играат: Горан Ников, Жаклина Стевковска, Роберт Ристов и Јаков Спасов, успева со леснотија и хумор, а сепак жестоко, низ сатирична визура да ги согледа и да ги претстави нашата посттранзициска стварност, општествените аномалии и отсуството на вредностите.

„Аферата ‘Ладен шприцер’“ од една комична перспектива ни ги претставува аномалиите на начините на кои се одвива локалната самоуправа, а провокативноста на „Аферата ‘Рекет’“, пак, произлегува од тоа што главните ликови се засновани на главните протагонисти од аферата позната на нашата јавност под истото име, но тоа е само почетна точка за Ангеловски, кој на извонредно комичен начин го развива драмското дејствие.

Приредувач и уредник на книгата „Да живее Долна дупка“ е Свето Стаменов - политиколог, новинар и несомнено еден од најплодните македонски публицисти, автор, коавтор, приредувач и уредник на седумдесетина книги од најразлични жанрови, додека, пак, за дизајнот на книгата се погрижи младата македонска графичка дизајнерка Бојана Симевска. Публикацијата е збогатена и со триесетина колор фотографии од претставите „Птица со главата меѓу нозе“ во Драмски театар и „Да живее Долна дупка“ во Театар „Комедија“.

Во сите четири комедии обединети во оваа книга, преку необичните пресврти и извонредно водениот дијалог, Коле Ангеловски успешно им дава драмски облик на актуелностите на нашето време.

Излегувањето на книгата финансиски е помогнато од Министерството за култура и туризам во рамките на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во 2026 година.

На промоцијата за „Да живее Долна дупка“ на Коле Ангеловски ќе говорат: Роберт Вељановски – директор на Драмскиот театар, Тодор Кузманов – театарски критичар, проф. д-р Гоце Смилевски – писател и драматург, Благоја Чоревски – актер, Ѓокица Лукаревски – актер и приредувачот и уредник Свето Стаменов, додека, пак, актерите Жаклина Стевковска и Горан Наков ќе одиграат фрагменти од претставата „Да живее Долна дупка“.

Драмски театар Скопје ги поканува љубителите на театарот, културната јавност, медиумите и сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на промоцијата на книгата „Да живее Долна дупка“ каде што присутните ќе имаат можност да слушнат повеќе за значењето на македонското современо драмско творештво.

НУ Драмски театар Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Експертите од Националната конвенција за ЕУ: Безбедноста на водата станува национален приоритет во услови на климатски промени

Водата претставува стратешки ресурс чија заштита и одржливо управување се од суштинско значење за економскиот развој, безбедноста на храната, заштитата на животната средина и благосостојбата на граѓаните.

Експертите од Националната конвенција за ЕУ: Безбедноста на водата станува национален приоритет во услови на климатски промени

Ова беше една од клучните пораки од заедничката 7. сесија на Работната група 5 – Животна средина (Поглавје 27) и 14. сесија на Работната група 1 – Земјоделство и рурален развој (Поглавје 11), што денеска се одржа во рамките на Националната конвенција за Европската Унија во Република Македонија.

Настанот, организиран од Европското движење во Република Македонија, беше посветен на темата „Европските политики за вода во ерата на климатските промени: можностите за интегриран и мултисекторски пристап во Република Македонија“ и собра претставници на институциите, академската заедница, граѓанскиот сектор, земјоделските организации и меѓународните партнери.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, истакна дека управувањето со водните ресурси мора да биде поставено високо на агендата на националните политики.

„Климатските промени веќе имаат директно влијание врз земјоделското производство и достапноста на водата. Затоа е неопходно да инвестираме во модерни системи за наводнување, подобро планирање и поефикасно користење на водните ресурси, следејќи ги европските стандарди и добри практики“, рече Трипуновски, нагласувајќи дека тоа за Владата е стратешка цел и веќе инвестира во изградба на стабилен систем за наводнување преку градење на нови и реконструкција на постојните брани и хидросистеми.

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, посочи дека климатските ризици бараат нов пристап во управувањето со водите.

„Безбедноста на водата повеќе не е само еколошко прашање, туку прашање на развој, економска конкурентност, безбедност и јавно здравје. Затоа е неопходен интегриран систем за управување со водите и подобра координација меѓу институциите, засилена примена на европското законодавство и долгорочни политики засновани врз научни податоци и реални потреби“, истакна Хоџа.

Водата е јасен пример дека современите предизвици не можат да се третираат изолирано, бидејќи водата е бесценет ресурс и нашата заедничка одговорност е да ја зачуваме за наредните генерации, заклучи Хоџа.

Амбасадорката на Република Словачка, Ивета Хрицова, ја нагласи важноста на регионалната и европската соработка во справувањето со климатските предизвици.

„Искуствата на земјите членки покажуваат дека интегрираното управување со водите носи конкретни придобивки за животната средина, земјоделството и локалниот развој. Европската Унија останува силен партнер на Македонија во процесот на усогласување со европските политики и стандарди“, рече Хрицова.

Во рамките на трите тематски панели се дискутираше за европските политики за водна безбедност, потребата од поголема отпорност кон климатските промени, интегрираното управување со водите во функција на земјоделството и руралниот развој, како и за можностите што ги отвора дигитализацијата во управувањето со водните ресурси.

Учесниците се согласија дека е неопходно да се зајакне меѓусекторската координација меѓу институциите надлежни за животна средина, земјоделство, водостопанство и локален развој, како и да се подобри размената на податоци и интероперабилноста на системите.

Во заклучните согледувања беше нагласено дека Република Македонија треба да продолжи со усогласувањето со европското законодавство во областа на водите, да ги зајакне институционалните капацитети за управување со климатските ризици и да инвестира во дигитални решенија што ќе придонесат за поголема транспарентност, ефикасност и одржливост на јавните политики.

Препораките и заклучоците од денешната сесија ќе бидат доставени до надлежните институции и ќе претставуваат придонес во процесот на подготовка на Република Македонија за членство во Европската Унија.

НКЕУ-МК

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер