Проблемите со видот, нарушувањето на видот и слабоста во мускулите може да бидат знак за недостаток на овој витамин
2 Проблемите со видот, нарушувањето на видот и слабоста во мускулите може да бидат знак за недостаток на овој витамин
СветАрагчи: Иран повеќе не е подготвен да преговара со САДИранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, во интервју за телевизијата ПБС ијзави оти не верува дека „прашањето за преговори со Американците или повторни преговори со Американците ќе биде ставено на дневен ред“, објави „Џерусалем пост“.Според Арагчи, САД го пропуштиле потенцијалот за идни преговори со постојано напаѓање на Иран за време на дипломатските разговори - прво во јуни минатата година и сега. „Оваа година се обидоа да нè убедат дека овој пат е поинаку. Ни ветија дека немаат намера да нè нападнат“, рече Арагчи, додавајќи: „Затоа не мислам дека разговорите со Американците повторно ќе бидат на дневен ред“. Министерот, исто така, негираше дека Иран намерно врши притисок врз САД и Израел со напаѓање на производството на нафта во други земји во регионот. Тој рече дека танкерите за нафта „се плашат да поминат низ Ормутскиот теснец“, но „Иран не ги спречува да пловат во овој теснец“. Наместо тоа, министерот ја обвини американската и израелската агресија против Иран, велејќи дека нивните напади го дестабилизирале регионот. „Ова е војна што ни беше наметната“, рече Арагчи, додавајќи: „Ние само се браниме. Постои агресија против нас што е апсолутно нелегална. А она што го правиме е чин на самоодбрана што е легален и легитимен“. „Па, веќе ги предупредивме сите во регионот дека ако САД нè нападнат, бидејќи не можеме да стигнеме до американска територија, ќе мора да ги нападнеме нивните бази во регионот, нивните објекти, нивните локации, нивните средства. Како резултат на тоа, војната ќе се прошири низ целиот регион“, рече највисокиот дипломат на Иран, додавајќи: „Значи, ова се последиците, последиците од американската агресија против нас. Ние не сме одговорни за ова“. Тагови: Арагчи Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски ќе присуствува на промоција на комунални возилаДенес претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на промоција на комунални возила, на паркингот пред спортскиот центар „Борис Трајковски“.Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми.Тагови: Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБез вода делови од ЦентарЕдна информација за граѓаните од централното градско подрачје. Без вода денеска од 8:30 часот ќе останат корисниците на потегот од Градски Парк до владата, како и од булеварот „Илинденска“ до градскиот стадион, а од 9 часот и дел од корисниците на булеварот „Гоце делчев“, дел од објектите на Македонската телевизија и населбата Крњево. Како што соопшти регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот со водоснабдување е поради уличен дефект на водоводна мрежа на улицата „Коле Неделковски“ бр. 5 во Општина Центар, и дефект на приклучна цевка на улицата „Дана Стуцки“ бр. 18, исто така во Општина Центар..Тагови: вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Силно невреме попладнево го зафати КавадарциСилно невреме попладнево го зафати Кавадарци и територијата на општината, проследено со силен ветер и обилни врнежи. За среќа, нема повредени лица, а благодарение на добрата атмосферска канализација и навремено санираната инфраструктура, не се регистрирани материјални штети на инфраструктурните објекти. На повеќе локации се регистрирани паднати дрвја и гранки, околу 10 поплавени подруми, како и проблеми со електричната и телекомуникациската инфраструктура. Паднати дрвја се регистрирани и на регионалните патни правци Кавадарци–Дреново и Кавадарци–Неготино. Екипите на ЈП „Комуналец“ веднаш се мобилизирани и се на терен. Ангажирани се 12 работници од хигиена и зеленило, како и 15 работници од секторот Водовод и канализација, заедно со два трактора, две камиончиња и еден скип. Екипите работат на расчистување на наносите, решетките и јавните површини, како и на санирање на последиците од невремето. На терен се и екипите на ТППЕ Кавадарци, како и екипи на Општина Кавадарци. Се интервенира на сите локации каде што има потреба, во координација со електродистрибутивните и телекомуникациските оператори, кои работат на санирање на дефектите. Во координација со надлежните служби, Полициската станица Кавадарци ги обезбедува локациите каде што постои ризик или движењето е отежнато. Сите надлежни служби остануваат на терен и продолжуваат со активности за целосно расчистување и нормализирање на состојбата. За сите пријави и информации од граѓаните, достапен е Општинскиот кол-центар на 13.300.- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Митко Јанчев невреме Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook