Петрушевски: Пратеникот Филипче да каже зошто досега молчел и не се обратил до ЈО, за скандалот на Славјанка Петровска вреден 37 милиони евра?
1Петрушевски: Пратеникот Филипче да каже зошто досега молчел и не се обратил до ЈО, за скандалот на Славјанка Петровска вреден 37 милиони евра?
3Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот - сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија
3Меѓународна поддршка на македонскиот пинг понг, Мохамед Атум од Јордан ќе тренира со најмладите пинг понгари
СветАрагчи и Виткоф најверојатно ќе се сретнат во Турција Иранската новинска агенција Тасним објави дека министерот за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи ќе се сретне со американскиот специјален претставник, Стив Виткоф.Но, агенцијата не наведе повеќе детали, кога и каде ќе се оствари средбата. Засега САД не ја потврдија веста. Тасним е агенција блиска до Иранската револуционерна гарда. Според западните медиуми, средбата Виткоф – Арагчи би требало да се одржи во Турција. Веста за состанокот доаѓа во време на неколкунеделни тензии помеѓу САД и Иран, откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе употреби воена сила како одговор на бруталното задушување на демонстрациите и ако Техеран не се врати на преговарачката маса за иранската нуклеарна програма. Изминатите дена распоредени се дополнителни американски сили на Блиски Исток зголемувајќи ги стравувањата од можен напад врз Иран. Но, Трамп пред два дена наведе дека „Иран сериозно разговара со САД“. Арагчи вчера посочи дека е „уверен дека може да се постигне договор“ со САД за иранската нуклеарна програма. Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера изјави дека се „надева оти нема да мора да го нападне Иран. Шефот на иранската дипломатија минатата недела во Анкара имаше средба со турскиот колега Хакан Фидан. Арагчи наведе дека Иран е подготвен да ги обнови разговорите со САД ако преговорите бидат фер и непристрасни и не ги вклучуваат одбранбените капацитети на Иран. Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, во телефонскиот разговор со иранскиот колега Масут Пезешкијан на 20 јануари, истакна дека Анкара е подготвена да посредува помеѓу Иран и САД. Тагови: Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПетрушевски: Пратеникот Филипче да каже зошто досега молчел и не се обратил до ЈО, за скандалот на Славјанка Петровска вреден 37 милиони евра?Пратеникот Филипче да каже зошто до сега молчел и не се обратил до ЈО, за скандалот на Славјанка Петровска вреден 37 милиони евра? Дали распукувањето на калимерата меѓу овие двајца пратеници од редовите на СДС, воедно и поранешни владини функционери, го натера пратеникот Филипче да прозбори за како што вели тој, скандал вреден 37 милиони евра на пратеничката Славјанка Петровска, додека ја извршувала функцијата министерка за одбрана. Доколку Филипче знаел за ова, а не пријавил, тој по којзнае кој пат прави кривично дело. Имено, непријавување кривично дело или сторител е казниво согласно Член 364 од КЗ и за тој што свесно ќе пропушти да пријави кривично дело. А со оглед на тоа дека Филипче јавно говореше за сторено кривично дело од Петровска, го повикуваме ЈО, да го повика Филипче на информативен разговор и да ги обелодени сите информации кои ги има, а се поврзани со овој случај. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НаукаФренсис Халзен е добитник на Нобеловата награда за физика Добитник на Нобеловата награда за физика е Френсис Халзен од Универзитетот во Висконсин. Наградата му е доделена „за неговиот клучен придонес кон Опсерваторијата за неутрина ’Ајс-кјуб‘ (IceCube) и откривањето на неутрина со висока енергија од астрофизичко потекло“, соопшти организацијата што ја доделува наградата, пренесува „Гардијан“. Опсерваторијата за неутрина „Ајс-кјуб“ се наоѓа во станицата „Амундсен-Скот“ на Јужниот пол на Антарктикот и располага со мрежа од сензори поставени под антарктичкиот мраз. Нобеловата награда за медицина вчера им беше доделена на Карл Дајсерот (54), Петер Хегеман (71) и Георг Нагел (73) за истражување на мозочната активност, кое опфаќа проучување на јонски канали контролирани со светлина и оптогенетика. Нобеловата награда за хемија ќе биде доделена утре, онаа за литература – задутре, а Нобеловата награда за мир – во петок. Наградата на Шведската банка за економски науки во спомен на Алфред Нобел ќе биде доделена на 12 октомври. Паричниот износ на овогодишната награда изнесува 12 милиони шведски круни, што е околу 1,2 милиони американски долари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
МакедонијаО. Карпош: Инспекцијата на терен Општина Карпош продолжува со редовните инспекциски контроли на терен, согласно утврдениот план за работа на инспекциските служби. Во текот на изминатата недела, контролите се реализираа во попладневните и вечерните часови, во повеќе групи и на критични точки на територијата на општината. Покрај изречените опомени до физички лица, комуналните редари изрекоа и седум прекршочни налози за неправилно одлагање на отпадот. Инспекциските контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел одржување на комуналниот ред и почиста и поуредна општина. Општина Карпош апелира до граѓаните совесно и соодветно да го одлагаат отпадот и да придонесат за почиста и поуредна животна средина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook