Apple развива свој пребарувач на интернет - Канал 5

Apple развива свој пребарувач на интернет

Една од придобивките на ваквиот модел е слабеењето на доминацијата на Google на полето на пребарување.

Apple развива свој пребарувач на интернет

Според информациите кои кружат низ годините, Google инвестира милијарди долари за да остане стандарден веб прелистувач на пребарувачот Safari на Apple - за iOS, iPadOS и macOS. Според договорот, корисниците на уредите „Епл“ вршат „стандардно“ пребарување со користење на „Гугл“, освен ако тие рачно не ги променат поставките во Сафари.

Таа соработка, сепак, може да заврши, ако се верува на шпекулациите дека „Епл“ го започнал развојот на својот пребарувач.

Притисокот од европските регулатори, за кој е потребно Apple да им дозволи на корисниците за да го изберат преферираниот прелистувач при користење на Safari, ги „затегнаа“ односите со Google, како и „зреењето“ на Siri и iCloud технологиите, може да го охрабрат Apple да се развива и на пазарот да понуди своја алатка за пребарување.

Според технолошкиот блог Coywolf News, може да има неколку мотиви за таков потег. Како прво, Apple, како највредна компанија на светскиот пазар, нема многу корист од досегашната соработка со Google. Друга причина е зголемената побарувачка на „Епл“ за софтверски инженери специјализирани за технологии за пребарување и големиот број огласи за работа што оваа компанија ги објави неодамна. Конечно, „веб-роботот“ на Applebot беше ажуриран во јули, а сопствениците на страници ја забележуваат зголемената активност.

Судејќи според описите на работните места на инженерите кои Apple има намера да ги ангажира, пребарувачот на Apple може да функционира како персонализирана колекција на податоци, слична на Google Assistant на Android, но (барем првично) без реклами. Придобивките од ваквиот модел за Apple би биле: ослабување на доминацијата на Google во полето за пребарување и намалување на неговиот капацитет за заработка преку рекламирање и барање податоци; промовирање на услуги и производи на Apple; дополнително „заклучување“ на корисниците во системот на Apple, пишува.

Доколку потенцијалниот пребарувач на „Епл“ ја види светлината на денот, специјалистите за оптимизација треба да се прилагодат и да ја оптимизираат содржината на страниците. Со оглед на претходната документација на Applebot, тактиката ќе остане иста, но може да има различни можности од Google и другите сегашни алатки за пребарување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нема нови случаи на заболени со морбили во Македонија

Денеска нема нови случаи со морбили сипаниците, засега се прават анкетите и дадени се препораките на оние кои биле во контакт со оние кои имале ситни сипаници, соопшти министерот за здравство Клековски. 

Нема нови случаи на заболени со морбили во Македонија

Она што е важно да се имунизираат децата, и да разберат родителите дека морбилите се опасни сипаници и единствена заштита е вакцината МРП. Досега беа потврдени пет случаи со морбили, од кој еден странски државајнин. Според последните под

Продолжува големиот интерес за примање на вакцината против грип. Досега се вакцинирани над десет илјади граѓани, и се очекува со новата пратка на вакцина да се вакцинираат граѓаните.

Според последните податоци во период децата кои се родени од 2021 година до 2024 година се под 60% вакцинирани.

На пример во општина Ѓорче Петров од родени 1.800 деца за три години, 980 не се вакцинирани со МРП, а се на возраст на деца кои одат во градинка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Се преземаат сите подготовски, се работи на носечките проекти меѓу нив и на Универзална сала

Повеќе нема никакви дилеми дека е доведена во прашање титулата на Скопје како Европска претсолнина на културата за 2028 година.

Ѓорѓиевски: Се преземаат сите подготовски, се работи на носечките проекти меѓу нив и на Универзална сала

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вели дека се преземаат сите потребни активности и дека сега се работи на носечките проекти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на работната посета на Брисел, оствари средба со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте

Сиљановска-Давкова ја реафирмираше посветеноста на македонската држава на НАТО и колективната одбрана, посочувајќи дека сојузничкото единство и силната трансатлантска врска се темелни предуслови за безбедноста на сојузниците.

Таа ја потврди определбата за достигнување на целта за издвојувањето, согласно Хашкиот план, нагласувајќи дека континуирано вложуваме во модернизацијата на Армијата, сајбер-отпорноста, новите технологии и заштитата на критичната инфраструктура.

За неа, Коридорите 8 и 10 не се само инфраструктурни проекти, туку стратешки правци што ја поврзуваат регионалната соработка со безбедносните интереси на НАТО и Европската Унија, особено во контекст на воената мобилност.

Сиљановска-Давкова изрази задоволство од сертификацијата на Лесната пешадиска баталјонска група како борбено подготвена, оценувајќи го тоа како потврда за професионалноста и способноста на Армијата да придонесува во операциите предводени од НАТО, ЕУ и ОН.

Повикувајќи се на искуството од членството во НАТО, таа укажа дека исполнувањето на високите сојузнички стандарди треба да биде пример за доследна примена на Копенхашките критериуми во процесот на европска интеграција.

Претседателката ја реафирмираше поддршката за Украина и потребата од континуирана политичка, воена, финансиска и хуманитарна помош, во знак на сојузничка солидарност.

Според неа, сеопфатниот, праведен и траен мир мора да почива врз меѓународното право и Повелбата на Обединетите Нации, а доследноста во почитувањето на овие принципи е неразделна од почитувањето на меѓународниот поредок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер