ТехнологијаApple планира да произведува автомобили Американскиот технолошки гигант „Епл“ продолжува да развива технологија за автономни возила и планира да произведе патнички автомобил во 2024 година што би можел да ја користи нивната технологија за батерии.Проектот Титан е лансиран уште во 2014 година, кога производителот на iPhone започна со дизајнирање на сопствено возило. По бројните перипетии, одлучиле да се фокусираат на софтвер, а во 2018 година, ветеранот Даг Филд се вратил од Тесла и го презел кормилото на проектот, отпуштајќи 190 луѓе. Бизнисот напредувал добро, па затоа „Епл“ сега објави планови за производство на автономен автомобил за масовен пазар, изјавиле две лица запознаени со оваа тема за „Ројтерс“ под услов тие да не бидат именувани затоа што плановите на „Епл“ не се јавни. Од клучно значење за стратегијата на „Епл“ е новиот дизајн на батеријата што може „радикално“ да ги намали трошоците и да го зголеми опсегот на возилото, според третиот извор кој го видел дизајнот на батеријата на „Епл“. Apple одбил да коментира за плановите или идните производи. Производството на возила претставува предизвик дури и за компаниите со многу пари, како „Епл“, што прави стотици милиони електронски производи со делови од целиот свет секоја година, но никогаш не направиле автомобил. На Тесла на Илон Маск му биле потребни 17 години да дизајнира автомобил што ќе ја направи компанијата профитабилна, потсетува Ројтерс. Сè уште не е познато кој би го составил автомобилот од брендот „Епл“, но изворите очекуваат гигантот да се потпре на партнер во автомобилската индустрија. Компанијата одлучила да ангажира надворешни партнери за одредени делови од системот, вклучително и сензори базирани на технологијата „лидар“ кои скицираат тродимензионален преглед на патот за автономни возила, според двајца информирани извори. Епл еднаш разговарал со Магна Интернационал за производство на автомобили, но разговорите престанале затоа што плановите на технолошкиот гигант добиле се повеќе и повеќе замаглени контури, рече информиран извор. Магна не одговорила веднаш на барањето на Ројтерс да ги коментира информациите. За да остварат профит, подизведувачите често бараат повеќе автомобили во договорите, а тоа може да се покаже како предизвик дури и за Apple, новодојденец на автомобилскиот пазар. „За да може вашата фабрика за монтажа да биде одржлива, ви требаат 100.000 возила годишно и посветеност на партнерот дека тој број ќе порасне“, објаснува неименуван извор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиАмериканска пливачка собори два светски рекорда во ист денАмериканската пливачка Кејт Даглас собори два светски рекорда во ист ден на Првенството во пливање „Пан Пацифик“ во Ирвин, Калифорнија.Во финалето на трката на 50 метри слободен стил, Даглас дополнително го подобри рекордот што го постави само неколку часа претходно во квалификациите. Во финалето, Даглас ја заврши трката за 23,19 секунди, надминувајќи го сопствениот резултат од 23,49 секунди од утринските квалификации за дури 30 стотинки. Со тоа, таа повторно го презеде светскиот рекорд во оваа дисциплина од својата сонародничка Гречен Волш. Волш претходниот светски рекорд од 23,55 секунди го постави на 28 јуни на митингот „Сет Коли Трофи“ во Рим, но Даглас двапати го собори светскиот рекорд во текот на истиот ден. Американката претходно учествуваше во соборувањето на светскиот рекорд во штафетата 4x100 метри мешано на првата вечер од натпреварувањето, заедно со Гречен Волш, Ван Матијас и Вил Модглин. Даглас е освојувач на пет олимписки медали.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗа излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
ЕвропаВидео: Поплави во Шпанија, загинаа две жени, седум региони се под предупредување.Две постари жени загинаа, а две бебиња се повредени во поплави и одрони предизвикани од обилни врнежи во рурална област во северозападна Шпанија. Локалните власти ја потврдија информацијата. Поради најавените невремиња и обилни врнежи, во недела е на сила жолто предупредување за временските услови во седум региони, пренесува Ројтерс. Службите за итни интервенции во автономната заедница Кастиља и Леон соопштија дека загинатите жени имале приближно 60 и 80 години. Несреќата се случила доцна во саботата вечерта во селото Манзанедо де Валдуеза, недалеку од Понтеведра. Надлежните исто така објавија дека две доенчиња се здобиле со нагмечувања и им била укажана лекарска помош. ⚠️⛈️ Al menos dos muertos, varios heridos y desaparecidos por una riada en Manzanedo de Valdueza, Comarca del #ElBierzo ( #León), debido a las fuertes #tormentas. #FMA @eldiarioes pic.twitter.com/HVUdkSNlwo — InfoMeteoTuit (@InfoMeteoTuit) August 15, 2026 Шпанската агенција за цивилна заштита издаде предупредувања за невреме и обилни врнежи од дожд за недела, кои опфаќаат седум региони во централните и северните делови на земјата. Овие поплави доаѓаат по повеќенеделен период на рекордно високи температури, за време на кој земјата беше погодена и од серија големи шумски пожари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПодигнати авиони на НАТО – добиена дозвола за напад Романското Министерство за одбрана денеска соопшти дека рано утринава во неделата, авион на НАТО соборил беспилотно летало што нелегално навлегло во романскиот воздушен простор.Беспилотното летало било уништено од пилотите на авионите Ф-18 на шпанското воено воздухопловство, распоредени во Романија, пренесува порталот Digi24.ro. „Во текот на ноќта меѓу 15 и 16 август, во 4:44 часот наутро, системите за надзор на воздушниот простор на романското Министерство за одбрана регистрираа навлегување на воздушна цел во националниот воздушен простор од правец на Република Молдавија, на околу 24 километри северно од Галац“, се наведува во соопштението на романското Министерство за одбрана. Авион Ф-18 на шпанското воено воздухопловство, кој извршуваше борбена задача во рамките на мисијата за воздушно патролирање од воздухопловната база „Михаил Когалничану“, успешно го собори дронот, а како можна локација за падот на неговите остатоци е идентификувана ненаселена област меѓу местата Балени и Кудалби, во округот Галац. Според соопштението, воздушната тревога за округот Галац заврши во 5:20 часот наутро.Тагови: авиони дрон НАТО Романија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook