Apple е казнет сo 10 милиони евра во Италија поради лажна реклама - Канал 5

Apple е казнет сo 10 милиони евра во Италија поради лажна реклама

Италија му одреди на Apple казна од 10 милиони евра за погрешно тврдење за водоотпорност на нивните iPhone телефони.

Apple е казнет сo 10 милиони евра во Италија поради лажна реклама

Имено, истражувањето на агенцијата за конкуренција AGCM покажало дека тврдењата на Apple за водоотпорност на нивните уреди „не држат вода“ во реалниот свет, туку само во чиста вода во лабораториски услови.

AGCM додаде дека Apple не ги покрива трошоците за штета поврзана со вода, иако тврдат дека уредите се водоотпорни, што агенцијата ја смета за „агресивна“ практика.

Во рекламите се наведува дека телефоните се водоотпорни и до половина час на длабочина од четири метри, а тоа го тврдат за iPhone 8. Но, она што тие не го додале е дека тврдењата се точни под строго контролирани услови, истакнува агенцијата.

Иако „Епл“ секогаш предлагал корисниците да не одат на пливање и туширање со своите уреди, тоа го сториле во напишаниот дел од нивниот промотивен материјал, и само со ситни букви објавиле дека гаранцијата не опфаќа оштетување од вода. Овој последен дел претставува кршење на членовите 24 и 25 од тамошниот закон за потрошувачи.

AGCM се жали на Apple дека гаранцијата не се однесува на нешто што е толку очигледно рекламирано.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ердоган: Членството во Европската унија повеќе не е приоритет за Турција

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека членството во Европската унија повеќе не е приоритет за Турција..

Ердоган: Членството во Европската унија повеќе не е приоритет за Турција

Во интервју за Ал Џезира, кое целосно треба ќе се емитува денеска, Ердоган изјави дека ЕУ не е подготвена да ја прифати Турција и дека Европа ќе биде губитник поради тоа.

Претседателот на Турција во интервјуто изјави и дека добил ветување од американскиот претседател Доналд Трамп во врска со враќањето на Турција во програмата за воени авиони Ф-35 и дека чека да биде исполнето.

Турција претходно беше исклучена од мултинационалната програма Ф-35 во 2019 година откако го купи рускиот систем за воздушна одбрана С-400, за кој Вашингтон тврдеше дека може да ги загрози „Стелт“ авионите..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Изјавите за „намалена инфлација“, се наменети исклучиво за пропагандни цели

Стандардот на граѓаните опаѓа -  Мицкоски и ВМРО-OКГ немаат економски резултати

СДСМ: Изјавите за „намалена инфлација“, се наменети исклучиво за пропагандни цели

Оваа Влада на Мицкоски од почеток во 2024 година се занимава само со пропаганда.

Без ниту еден реален резултат на полето на економијата и европските интеграции - двете основни теми во нивните предизборни ветувања.

Единственото во што се успешни е криминалот и корупцијата.

Зошто Мицкоски постојано во медиумите ја споредува економијата со 2022 година?

Затоа што во 2022 година беше пикот на енергетската криза, кога инфлацијата кај нас достигна рекордни 19,8 % ама и во целиот свет.

Кога денешната состојба ја споредуваш со најлошиот можен период во поновата економска историја, секој резултат изгледа како „огромен успех“.

Реалните податоци на Државниот завод за статистика за јули 2026 година покажуваат сериозен пораст на цените, транспортот и кај угостителските услуги.

Овие поскапувања директно го јадат буџетот на граѓаните и ги зголемуваат трошоците за основните прехранбени производи.

Анализата базирана на податоци од Државниот завод за статистика и Народната банка покажува дека куповната моќ на денарот од 2022 година до денес е намалена за околу 30% кај основните производи.

Она што во 2022 година можеше да се купи за 1.000 денари, денес чини 1.300 денари.

Изјавите за „намалена инфлација“, објавите на статистики и графиконите што Мицкоски ги црта на табла се наменети исклучиво за пропагандни цели.

Ниту еден збор, ниту графикон, не може да го убеди граѓанинот дека живее подобро - народот чувствува и живее многу полошо.

Кумулативниот ефект е јасен: цените се заглавени на високо ниво. Ако еден производ во 2022 година поскапел за 16 %, а во 2026 година поскапел за дополнителни 2,3 %, граѓаните денес го плаќаат значително поскапо отколку пред кризата.

Инфлацијата паѓа на хартија, но цените сè поскапени, и се уште растат. Падот од 16 % на 2,3 % значи само дека цените продолжуваат да растат, но со побавно темпо.

За да поевтинат производите во маркетите, стапката на инфлација би морала да биде во минус (дефлација). Се додека бројката е позитивна - цените одат нагоре.

Намалената инфлација во моментов не значи олеснување на животот, туку само стагнација на веќе паднатиот стандард.

Заради својата неспособност и политика на криминални тендери, оваа Влада за само две години ја задолжи Македонија со повеќе од 2,5 милијарди евра. И тоа не во време на криза, кризата со нафтените деривати дојде многу подоцна.

Посебно треба да се напомене дека Орбановиот кредит од 1 милијарда евра (кинески пари) е заем што е под истрага во Унгарија.

Покрај тоа што земја кандидатка за членство во ЕУ зема кинески пари, во истрагата ќе бидат посебно разгледувани каматните стапки и сомнежите за исплатени провизии.

Владата не усвои ниту една единствена мерка што ја предложи СДСМ во кризата, а со која ќе се заштити животниот стандард.

Денес Владата предводена од Мицкоски продолжува со задолжувања секоја недела.

Речиси не поминува недела без нов кредит.

Пензискиот фонд е загрозен, тоа го констатираше и ММФ.

Вториот пензиски столб е под знак прашалник, со реална опасност од национализација на парите што граѓаните ги уплаќале како дополнителна сигурност.

Не е потребна никаква статистика за граѓаните да видат како живеат. Доволно е да погледнат во своите фрижидери и паричници. Сè е празно. Нема графикон што ќе им објасни дека живеат добро и дека сме трета економија во Европа.

Статистиката, лажните вести и Гебелсовата пропаганда не полнат стомаци.

Единствениот пат на Македонија е патот кон Европската Унија, отворање на нов пазар од над 450 милиони жители, претпристапни фондови, грантови и бесповратни средства. Европа нема алтернатива.

Изолацијата што ја спроведува ВМРО-ОКГ и Мицкоски заради своите лични интереси носи богатство и сигурност само за нив.

Граѓаните повеќе не сакаат пропаганда и лаги.

Сакаат правда и подобар живот за себе и за своите семејства.

Скопје, 16.08.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Во 2022 година во јули инфлацијата била над 14 проценти, сега е 2,3 проценти

Инфлацијата во Македонија е значително пониска од просекот во Европската унија, а земјава е втора во регионот според трошоците за живот за месец јули, вели премиерот Мицкоски.

Мицкоски: Во 2022 година во јули инфлацијата била над 14 проценти, сега е 2,3 проценти

Инфлацијата во Македонија е значително пониска од просекот во Европската унија, а земјава е втора во регионот според трошоците за живот за месец јули, вели премиерот Мицкоски, кој направи споредба со периодот од пред четири години кога, како што рече, инфлацијата била двоцифрена.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер