Апликациите за вработување на врвните еврократи се исти како и вашите - Канал 5

Апликациите за вработување на врвните еврократи се исти како и вашите

Сметате дека за да добиете важно работно место во ЕУ ви требаат шарм, креативност и способност за самопромоција? Всушност, не. Можеби само треба да покажете малку понизност.

Апликациите за вработување на врвните еврократи се исти како и вашите

Политико - Брисел

Сметате дека за да добиете важно работно место во ЕУ ви требаат шарм, креативност и способност за самопромоција? Всушност, не. Можеби само треба да покажете малку понизност.

Кога станува збор за апликациите за нови работни позиции, се чини дека тие се осакатени од истите стари клишеа и ништо не кажуваат, што ги прават да се исти како и сите други.

До „Политико“ протекоа резимеата и мотивациските писма на оние кои конкурираа за нов главен банкарски супервизор на ЕУ - многу важна позиција со која доаѓа (годишна) плата од околу 300.000 евра и за која во потесен избор беа само двајца кандидати: и двете заменички раководителки на централни банки.

Ги прочитавме за да не мора вие да го правите тоа, а верувајте ни и навистина не сакате да ги читате.

Веднаш ќе ги препознаете познатите формулации без разлика дали аплицирале за работа во супермаркет, во канцеларија или, да се осмелиме да кажеме, во новинска редакција.

Градител на доверба

Апликантите треба да го заменат Италијанецот Андреа Енрија на местото претседател на Надзорниот одбор на Европската централна банка, тело кое ги контролира најголемите кредитори во блокот.

Во нив има неколку фрази во стилот „препознаена сум како градител на доверба“ и „уверена сум дека можам да дадам значаен придонес“.

Здодевно.

Клаудија Бух, потпретседателка на германската Бундесбанк, се одлучила за нејасни клишеа од интервјуата за работа на нејзин терен. Таа наведува дека е личност со „огромно искуство“, а добивањето на работата „би и претсавувало чест“.

Од друга страна, Маргарита Делгадо, вицегувернерката на Банката на Шпанија, наведува, мора да се каже со ентузијазам, дека може „да насочи кон соработка и проактивно да изгради консензус“. И не само тоа, таа ќе „направи вистински пристап за да обезбеди соработка во „обединет тим““.

Таа, исто така, има „страст кон финансискиот сектор“ и „непоколеблива посветеност на одржување на интегритетот и довербата“.

Уште сте со нас?

Стабилност и прогрес

Не е лесно да се објасни што сте работеле на претходните работни позиции и зошто тоа е важно за новото работно место. Ја разбираме нивната мака.

Но, тие едвај и да имаат наведено конкретен пример за тоа што работеле и покрај фактот што и двете жени се неверојатно квалификувани за работата и се експерти за банкарство и економија.

Каде е референцата за воведените дополнителни капитални трошоци? Или објаснување за тоа како се променило нивното размислување откако банките за малку ќе го разнесеа финансискиот систем во 2008 година?

Делгадо е најблиску до тоа во нејзината референца околу финансиската криза во Шпанија.

- За време на интензивната економска криза што ја погоди Шпанија во 2012 година, ја покажав мојата способност да се соочам со состојбите и ефикасно да се справувам со итните прашања кои се закануваа на стабилноста и прогресот, вели таа, но ниту приближно не наведува какви било вистински примери.

Сепак, по колапсот на американските банки што предизвика паника и превирања во глобалниот банкарски систем во март оваа година, и двете жени ветуваат дека ќе ги одржуваат здрави банките во еврозоната, наспроти економската позадина која вклучува зголемување на каматните стапки, висока инфлација и ризик од пропаст.

И, на крајот, навистина е важно како ќе настапите на интервјуто, штом мотивациското писмо ќе ви ја отвори вратата до него.

Цврста дама

Бух и Делгадо минатата недела требаше лично да ја импресионираат главна комисија составена од водечките пратеници во Комитетот за економија на Европскиот парламент.

И тешкиот разговор на Делгадо со пратениците на ЕУ и ја обезбеди работата, откако тие едногласно ја поддржаа нејзината кандидатура по состанокот.

- Имам чувство дека навистина може да „за′ржи“ по банките доколку е потребно, изгледа како многу цврста дама, изјави неименуван официјален претставни.

А можеби само и треба нов пишувач на говори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Историски успех: „SpaceX“ за прв пат го фати „Starship“ (ВИДЕО)

Вселенскиот брод „Starship“ на „SpaceX“ се врати на Земјата во саботата, а џиновските механички раце го фатија во воздух над истата локација во Тексас од која полета 22 часа претходно.

Историски успех: „SpaceX“ за прв пат го фати „Starship“ (ВИДЕО)

Тоа беше прв пат ваков маневар за заробување да биде успешно извршен, откако претходниот обид не успеа, пишува „France24“.

Успех во сенка на неуспехот

Иако заробувањето на самиот „Starship“ беше целта на која се надеваа Елон Маск и неговиот тим, компанијата не успеа да го спроведе планираното двојно заробување. Погонската фаза, позната како бустер, експлодираше кратко по лансирањето во петокот.

Додека вселенскиот брод од не'рѓосувачки челик се спушташе вертикално кон лансирната рампа, остатоците од бустерот беа обезбедени во Мексиканскиот Залив. И покрај проблемот со бустерот, самото заробување на вселенскиот брод беше импресивно. „Можете ли да верувате?“, коментираше Ден Хуот, преносот во живо на „SpaceX“.

„SpaceX“ вели дека успехот од саботата ја докажува целосната повторна употреба на „Starship“, што е клучен предуслов за идните мисии на Месечината и Марс. Иако петочниот бустер не успеа да се врати, компанијата успешно го сними три пати претходно, потврдувајќи ја функционалноста на методот.

НАСА, исто така, одговори позитивно. Вселенската агенција го финансира развојот на „Starship“ со милијарди долари за да слетаат астронаути од мислијата „ Artemis “ на Месечината и да помогнат во изградбата на постојана база на Месечината до крајот на оваа деценија. Маск има поамбициозни планови, вклучително и лансирање на цела флота од вселенски бродови за изградба на град на Марс.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 14.11.2026 во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.В.(29) од Радовиш.

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од марихуана. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полета новиот кинески електричен авион (ВИДЕО)

Новиот кинески електричен патнички авион полета со одлични резултати, завршувајќи го својот прв лет со екипаж.

Полета новиот кинески електричен авион (ВИДЕО)

Авионот од 10 тони прелета над Бинжоу, во источната кинеска провинција Шандонг, каде што двајца пилоти и еден инженер за тестирање на летот го тестираа во саботата.

Развиен од COMAC - Корпорацијата за комерцијални авиони на Кина - CE-25A е првиот електричен комерцијален авион на компанијата. Дизајниран првенствено за кратки меѓуградски летови, може да носи до 19 патници со брзина на крстарење од 300 километри на час.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер