Јон Фрчкоски: 20 дена од скандалот со Алта банка, една недела од кривичната пријава – Обвинителот Савески молчи!
2Јон Фрчкоски: 20 дена од скандалот со Алта банка, една недела од кривичната пријава – Обвинителот Савески молчи!
Фото: Позната водителка во супер воровокативен фустан зрачи со сексапил и во шестата деценија од животот
2Фото: Позната водителка во супер воровокативен фустан зрачи со сексапил и во шестата деценија од животот
МакедонијаАпелација одлучи - Васев и Нухи одат во ефективен притворОд домашен притвор во „Шутка“. Апелациониот суд ја уважи жалбата на обвинителството, со што ја преиначи мерката, па екс-медицинскиот директор на Онкологија, Нино Васев, доби ефективен притвор. Обвинителката Фатиме Фетаи пред Апелациониот суд образложи дека обвинителството бара ваква промена поради тежината на делата кои му се ставаат на товар, бидејќи ефективниот притвор е единствена гаранција дека Васев НЕМА ДА ИЗБЕГА и дека успешно ќе се спроведе судскиот процес. -Врз основа на прибраниот доказен материјал, ОЈО Скопје, основано може да очеквува донесување осудителна пресуда. Колку што е поизвесно соочувањето со осуда од ефективна казна затвор, така и се зголемува опасноста од бегство. Мерката притвор и единствено мерката притвор претставува доволна гаранција за обезбедување присуство на осомничениот и за успешно спроведување на кривичната постапка. Васев претходно пред СУДИИТЕ побара да се брани од слобода, а неговиот адвокат жалбата на обвинтиелството ја нарече неоснована. Причина - екс-директорот на Онкологија целосно соработувал за расветлување на случајот. -Останувам кон наводите на жалбата, во жалбата е наведено се. Барам чесно судење и сакам да се бранам во постапката, но барам да се бранам од слобода и да се укине домашниот притвор. – Нино Васев – екс-директор на Онкологија Во меѓувреме се очекува Апелација да донесе одлука и за поранешниот организациски директор на Онкологија, Нехат Нухи, кој исто така е во домашен, а и за него обвинителството бара ефективен притвор. Судењето започнува на 11 јули, а предметот во кој Васев, Нухи и уште три лица се гонат е поделен во два дела. Според првото обвинение, првоосомничениот Васев и Нухи ја злоупотребиле службената положба со незаконска набавка на лекови со што прибавиле значителна имотна корист, а буџетот го оштетиле десетици милиони евра. Второто обвинение што го поднесе обвинителството се однесува на третманот на пациентите и опфаќа четири лекари онколози, меѓу кои е и Васев. Тој во соизвршителство со друг лекар од истиот одел на кој работеле се товари дека извршил продолжени, „тешки дела против здравјето на луѓето“ и „ несовесно лекување болни“. Медицинските вештачења утврдиле дека кај 29 пациенти, Васев како првообвинет, применил очигледно неподобен начин на лекување, спротивен на медицинските упатства, отстапувајќи во дозирањето и во фазата на лекување, давал лекови од новите генерации таргет – имуно терапија со што тешко го нарушил здравјето на пациентите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Филипче и СДС со двојни аршини за Алта банка, гласни денес, а молчеа во 2023 годинаФилипче и СДС денес ја обвинуваат Алта банка и Давор Мацура. Но избегнуваат да одговорат за 2023 година.За време на нивната власт, токму денешните пратеници на СДС беа членови на Владата кои одобриле државното правобранителство да влезе во деловни односи токму со Алта банка и Давор Мацура. Ако имале информации за сомнителен капитал и за Давор Мацура, зошто тогаш не ја предупредиле јавноста? Кои проверки биле направени пред продажбата на акциите? И кој ја одобрил постапката? Денес Филипче и СДС се обидуваат да се претстават како заштитници на граѓаните. Лажните ПР политики не им проаѓаат кај граѓаните. Филипче не може да ги обвинува другите, а да молчи за одлуките донесени во време на СДС. Граѓаните заслужуваат одговор, зошто за Алта банка станаа гласни дури откако престанаа да бидат власт? Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Технологија„Антропик“ собра рекордни 107,3 милијарди долари, вредноста достигна 1,5 билиони долариАмериканската компанија „Антропик“, која стои зад четботот „Клод“, постави нов светски рекорд со најголемата почетна јавна понуда на акции во историјата.Компанијата за вештачка интелигенција „Антропик“ (Anthropic), производител на четботот „Клод“ (Claude), реализираше рекордна иницијална јавна понуда на акции (ИПО), преку која обезбеди 107,3 милијарди долари, вклучувајќи го и приватниот пласман. Компанијата продаде 956,4 милиони акции по цена од 83 долари, додека седумтемина коосновачи продадоа дополнителни 23,6 милиони акции. Цената беше повисока од првично планираниот опсег од 70 до 78 долари. Со берзанското деби, вредноста на „Антропик“ достигна околу 1,5 билиони долари, со што компанијата се вброи меѓу 15-те највредни котирани компании во светот. Anthropic е основана во 2021 година, а ја основале поранешни лидери на OpenAI. Денес, овие две компании се меѓу главните конкуренти во битката за превласт во секторот на вештачката интелигенција. Според текстот, OpenAI не очекува да излезе на берза пред следната година. Освен него, Anthropic се соочува со конкуренција од Google, американски и кинески стартапи и бизнисот со вештачка интелигенција на SpaceX. Финансиските извештаи откриваат дека Антропик веќе има преземено долг од 6,2 милијарди долари, што компанијата го опишува како „значаен“. И покрај високата пазарна вредност и интересот на инвеститорите, компанијата сè уште работи со загуба според стандардните сметководствени правила.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈон Фрчкоски: 20 дена од скандалот со Алта банка, една недела од кривичната пријава – Обвинителот Савески молчи!Поминаа 20 дена откако пукна скандалот со Алта банка во Македонија. Помина и цела недела откако СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Трајко Славески и други одговорни лица.А од јавниот обвинител Ненад Савески – молк. Граѓаните не можат да дојдат до своите пари. Пензионерите не можат да си ги подигнат пензиите. Банкарскиот систем е загрозен. Не се знае дали е отворена истрага за Алта банка? Дали се повикани Славески и Мицкоски да дадат исказ заради тоа што ја донеса пералницата на пари на Вучиќ во Македонија? Обезбедни ли се документите со кои Славески дал согласност Алта да влезе во Македонија? Проверени ли се сметките и трансакциите? Граѓаните бараат одговорност од сите што ѝ ја отворија вратата на пералницата на пари на Вучиќ. Во Србија на големо се постапува. Отворена е истрага. На банката ѝ е одземена дозволата и таа е во стечај. Сопственикот Мацура е уапсен, се истражуваат речиси 400 милиони евра. Од вчера се блокирани и сметките на неговата Алта груп, а Алта лизинг остана без дозвола за работа. Само во Македонија сè уште чекаме и ништо не се презема. Во меѓувреме, Мицкоски и Славески, истите што ја внесоа Алта во Македонија, сега брзаат да ја продадат. Ако на аукцијата нема купувач, цената ќе паѓа. Прво никој нема да се јави, па на крај ќе ја продадат за џабе. Тоа е моделот. А потоа истата банда ќе го обвини СДСМ и за ниската цена. Познат арамиски манир. Дали со брзата продажба се прави обид да се обезвредни банката и да се заташкаат сметките и трансакциите? Кој ќе купи банка во ваква состојба? Што ако од српска страна се оспори продажната цена и се поднесе тужба? Повторно сметката македонските граѓани ќе ја плаќаат. Институциите мора да реагираат сега и да ги заштитат граѓаните на Македонија. Савески мора да го прекине молкот и да постапи независно и по закон. Секое одложување им дава можност на Славески и Мицкоски да го заташкаат случајот, да се уништат докази, записи за трансакции, сметки. Ако Мицкоски му врши притисок, по телефон или на кој било друг начин, Савески нека го каже тоа јавно и нека го одбие. Времето одминува, доколку Савески не постапи ќе стане соучесник, тоа мора да му биде јасно. Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45