Апелација одлучи: Асмир Јахоски, со гаранција од над два милиони евра, излегува од притвор - Канал 5

Апелација одлучи: Асмир Јахоски, со гаранција од над два милиони евра, излегува од притвор

Со гаранција од два милиони евра, сопственикот на „Пуцко петрол“, Асмир Јахоски, сепак излегува од притвор.. 

Апелација одлучи: Асмир Јахоски, со гаранција од над два милиони евра, излегува од притвор

Со два милиони евра гаранција Асмир Јахоски сепак излегува од притвор. Скопскиот апелационен суд му ја прифати жалбата на сопственикот на Пуцко петрол и син на пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски, осомничен за перење пари во случајот за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино. Апелација ја прифатила гаранцијата која се состои од два дела, околу 1 милион евра со ставање хипотека на недвижен имот и 72 милиони денари или над еден милион евра готови пари.

„При одлучувањето Судот го имаше предвид претходно прибавениот позитивен предлог на ОЈО ГОКК и мислењето на Вишото ЈО Скопје да се уважи жалбата на осомничениот, со прифаќање на понудената гаранција. Делот од гаранцијата понуден и прифатен во готови пари од 72.000.000,00 денари претставува паричен износ еднаков на претпоставената штета за која осомничениот се сомничи дека ја сторил во конкретниот кривично правен настан.“

Понудената гаранција пред две недели Кривичниот суд ја одби и покрај позитивното мислење на обвинителството. Понискиот суд тогаш сметаше дека Јахоски може да ја попречи истрагата со влијание врз сведоци и дека може да ги сокрие трагите од кривичното дело, иако според законските одредби мерката притвор можеше да му се изрече само уште еднаш.

Јахоски беше меѓу 11-мина приведени од вкупно 13 осомничени за набавка на мазут со сомнителен квалитет и за перење пари, меѓу кои и сопствениците на компанијата РКМ, Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски, за кои веќе беше одредена мерка притвор. Според Обвинителството за гонење на организиран криминал, во период од 2021 до 2023 година го оштетиле државниот буџет за над 167 милиони евра. Осомничен во случајот е и екс директорот на ЕСМ Васко Ковачевски кој е недостапен за органите на прогон. Со укинување на притворот на Јахоски, Апелација му определи мерки на претпазливост – повремено јавување во судот и одземање на пасошот.

YouTube video

Ќе примениме мерки што ќе важат до крајот на годината ако се утврдат драстични поскапувања

Ќе примениме мерки што ќе важат до крајот на годината ако се утврдат драстични поскапувања на прехранбените производи, најави Мицкоски.

Ќе примениме мерки што ќе важат до крајот на годината ако се утврдат драстични поскапувања

Доколку се утврди драстично зголемување на цените на прехранбените производи на крајот на месецов ќе бидат применети мерки кои ќе траат до крај на годинава, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на новинарски прашања, дали поради поплаките од граѓаните за поскапувања на прехранбените производи ќе се чека извештајот од контролите на цените на прехранбените производи што ги спроведува Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), откако на 30-ти минатиот месец завршија владините мерки за скалести маржи, Мицкоски рече дека нема таква информација според бројките што му ги претставил пред два дена ресорниот министер. Мицкоски порача и дека нема да се толерираат трикови во кои, како што рече, „преку прокси правни лица ќе се изнесуваат пари под плаштот на маркетинг и пи-ар услуги, а со тоа практично ќе се плаќа маржата на одредени маркети“.

- Ги следиме состојбите, јас немам таква информација, разговарав со министерот пред два дена, имавме состанок и ми покажа бројки, немам таква информација дека тоа се случува, но доколку се случува тоа на крајот на месецот автоматски ќе бидат применети мерки кои ќе траат до крајот на годината. Јасно кажавме дека такви трикови нема да толерираме. Слушаме трикови во кои преку прокси правни лица ќе се изнесуваат пари под плаштот на маркетинг услуги, пи ар услуги, а со тоа практично ќе се плаќа маржата на одредени маркети, слушаме, стигаат до нас тие инфоромации, вознемирени сме од тоа што го слушаме, и е добро тоа што го слушаме затоа што на тој начин не можеме да градиме партнерски однос, изјави Мицкоски, по присуство на поставување камен-темелник на училишна спортска сала во подрачен објект на ОУ „Гоце Делчев“ во село Долно Лисиче, Општина Аеродром.

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на 8. месецов изјави дека инспекторите од ДПИ се на терен за да утврдат дали трговците, дистрибутерите или производителите имаат девијантно однесување, односно дали има зголемување на цените на прехранбените производи. Доколку се утврди зголемување на цените на производите во тој случај ќе се преземат поригорозни мерки, рече Дурмиши на прес-коференција, посочувајќи дека меѓу мерките кои за кои се размислува е и да се покачи процентот на маржата.

Турската полиција приведе 97 студенти кои протестираа против исламски проповедник

Во Истанбул вчера се приведени 97 студенти кои протестираа поради конференцијата на исламскиот проповедник Нуредин Јилдиз во кампусот на Универзитетот Богазичи.

Турската полиција приведе 97 студенти кои протестираа против исламски проповедник

Студентите протестираа поради учеството на проповедникот Јилдиз, кој има контроверзни ставови за раните бракови. Конференцијата била во организација на Студентскиот клуб на Универзитетот.

Вкупно 97 студенти се приведени откако се обиделе да ја преминат полициската блокада на кампусот, при што се повредени 13 полицајци откако паднале во петметарска градежна дупка за време на судирите.

Изминатите години турските студенти и универзитетскиот кадар често протестираат, како што тврдат, поради мешањето на Владата во академскиот живот.

Турските студенти изминатите месеци протестираа и поради апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој се смета за главен политички ривал на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Мицкоски за посета на Кошта: Ќе ги пренесеме нашите ставови во врска со уставните измени

 Премиерот Христијан Мицкоски, во врска со утрешната посета на Скопје на претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, истакна дека ќе бидат пренесени нашите ставови во врска со уставните измени.

Мицкоски за посета на Кошта: Ќе ги пренесеме нашите ставови во врска со уставните измени

-Нашите ставови се јасни во врска со уставните измени и тука нема промена, затоа што другата страна ние не гледаме барем во овој момент било каков сигнал дека има промена во однесувањето, односно од страна на нашиот источнн сосед. Јас жалам што е тоа така и се надевам во периодот којшто следи повеќе ќе зборуваме за решенија отколку за проблеми, истакна Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање какви се очекувањата од посетата и какви пораки ќе бидат пренесени.

Мицкоски кажа и дека на покана на Кошта ќе го придружува на неговиот лет од Скопје до Тирана, каде што претседателот на Советот на ЕУ ќе приреди вечера за лидерите на Западен Балкан, додека в петок ќе имаат состанок на Евроспката политичка заедница во Тирана.

Посетата на Кошта на Скопје е дел од неговата турнеја во земјите од Западен Балкан, во чии рамки претходно ги посети Белград и Сараево.

Целта на посетата на Кошта на регионот е да ја потврди посветеноста на ЕУ кон регионот и перспективата на земјите од Западниот Балкан за членство во Унијата. - Зајакнувањето на соработката со Западен Балкан е врвен политички приоритет за ЕУ и за мене лично, порача Кошта во пресрет на неговата западнобалканска турнеја. Тој нагласи дека заминува во посета на регионот за да разговара со лидерите на земјите од Западниот Балкан, кои „се соочуваат со постојани предизвици“ и за да покаже дека ЕУ е подготвена да им помогне.

притисни ентер