Финансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување: Го оштетиле Буџетот за над 7 милиони денари
2Финансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување: Го оштетиле Буџетот за над 7 милиони денари
МакедонијаАпелација ја укина затворската казна за Лидија Димова, предметот е вратен на повторно судењеАпелација ја укина првостепената пресуда против поранешната директорка на „Еразмус“ Лидија Димова и предметот го врати на повторно судење пред Основниот кривичен суд. Целосното образложение за одлуката Апелација наскоро ќе го објави на нивниот веб-сајт, а она што засега го посочуваат од таму е само дека пресудата со која Димова беше осудена на две годишна затворска поради злоупотреба на службената положба е укината поради суштествени повреди на кривичната постапка. - Пресудата на Основниот кривичен суд Скопје во обжалениот осудителен дел и во обжалениот ослободителен дел од изреката е укината поради сторена суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка во поглед на фактите што ги чинат обележјата на предметните кривични дела кои и се ставаат на товар на обвинетата, со што со првостепената одлука е нејасно за кои дејствија обвинетата е огласена виновна, а за кои дејствија е ослободена од обвиненијата, наведуваат од Апелација. Повторното судење против Лидија Димова треба ќе започне на 29-ти април. Таа во изјава за Канал 5 вели дека со одлуката на Апелација правдата почнува да излегува на виделина и очекува да се потврди дека случајот е политички монтиран. Кривичен лани во септември ја прогласи Димова за виновна за проневера на 350.000 евра од Националната агенција за европски програми во периодот од 2018 до 2020 година. За време на нејзиното директорување Агенцијата ја тресеа низа скандали – односно дека дел од европските пари се користеле за тренинг на магариња и финансирање на фризерски салони. Тагови: еразмус Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП: Формирање на семејни центри за врсничко насилство во секоја општинаПо последните случаи со насилство во Гостивар и свадбените веселби со истрели од огнено оружје, Либерално-демократската партија (ЛДП), предлага отворање на Семејни центри во секоја општина. Во видео објава на социјалните мрежи, претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова и членот на Извршниот одбор на партијата, Бобан Јанкоски, повикуваат на брза акција за намалување на случаите со врсничко насилство. „ЛДП предлага формирање на Семејни центри во секоја општина. Во нив ќе има социолози, психолози, социјални работници и семејни терапевти, кои ќе работат со децата, но и со родителите. Истите ќе бидат надлежни да даваат совети, да ги ислушаат проблемите, но и да нудат едукација. Подобро е да спречиме отколку постојано да ‘лечиме’ нешто што некогаш не се ни лекува. Превенцијата не е трошок, превенцијата е инвестиција во иднината на Македонија“, вели Зајкова во видео изјавата. Јанкоски во видеото посочува дека премалку вложуваме во превенција, а премногу чекаме проблемот да стане сериозен. „Секој ден гледаме видеа од врсничко насилство. Овие деца не се родени насилници, тие се производ на систем кој бавно реагира, на општество кое занемарува семејство, воспитување и ментално здравје“, вели во видеото членот на ИО на ЛДП, Јанкоски. Тагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МакедонијаФинансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување: Го оштетиле Буџетот за над 7 милиони денариПрвопријавениот М.Д и второпријавеното правно лице го оштетиле Буџетот на Република Македонија во вкупен износ од 7.211.359,00 денари.Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против едно физичко лице, управител и сопственик на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Даночно затајување“ од член 279 и “Фалсификување или уништување на деловни книги” од член 280 од Кривичниот законик на Република Македонија. Првопријавениот М. Д. во својство на сопственик и управител на правното лице, во 2021 година, свесно и со однапред утврдена намера, со цел да се стекне со противправна имотна корист за себе и за второпријавениот правен субјект, преку фиктивно книжење извршил присвојување на наплатените парични средства од продажба на нафта и нафтени деривати во износ од 7.040.484,00 денари при што не пресметал и не платил данок на личен доход во вкупна вредност од 782.198,00 денари. Дополнително, првопријавениот М.Д. преку фиктивно книжење извршил намалување на залихата евидентирана на конто 6630 во вредност од 7.040.484,00 денари, а воедно извршено е намалување на приходите на конто 7411 во износ од 3.222.664,00 денари, намалување на обврската за ДДВ евидентирана на конто 2301 во износ од 580.003,00 денари и зголемување на набавната вредност на продадената стока на конто 701000 во вредност од 3.425.798 денари, при што не пресметал и не платил данок на додадена вредност вкупна вредност од 1.653.677,00 денари, данок на личен доход во вкупна вредност од 782.198 денари и данок на добивка во вкупна вредност од 664.846,00 денари. Исто така, првопријавениот М.Д. во 2024 година, свесно и со умисла евидентираната залиха на конто 6630 – „Стоки во продавница со стапка од 18% во износ од 12.630.670,00 денари ја присвоил за себе и не ја евидентирал во сметководствената евиденција на второпријавениот правен субјект како кусок, при што не пресметал и не уплатил данок на додадена вредност во износ од 1.925.177,00 денари и данок на личен доход во износ од 1.403.267,00 денари. Со наведените дејствијаСо наведените дејствија првопријавениот М.Д и второпријавеното правно лице го оштетиле Буџетот на Република Македонија во вкупен износ од 7.211.359,00 денари. Управа за финансиска полицијаТагови: финансиска полиција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МакедонијаСДСМ: Политиката на изолација на Мицкоски најдобро се гледа на граничниот преминДодека Христијан Мицкоски со државниот авион (што веќе го третира како приватен) оди на своите екскурзии, македонските граѓани со децата, стојат со саати под жешкото сонце на граничните премини.Колони од повеќе километри. Чекање од 4, 6, понекогаш и 10 часа. Луѓе што сакаат само да стигнат до море. Ова е реалната слика на политиката што ја спроведува организираната криминална група ВМРО-ОКГ. Половина од Владата и голем дел од функционерите на ВМРО имаат бугарски пасоши. Нивните семејства имаат бугарски пасоши. Имаат фирми во Бугарија. Имаат европски документи. Тие и нивните најблиски минуваат преку посебен - ЕУ премин. Тие си обезбедија Европа за себе. За граѓаните на Македонија не им е гајле. Единствената нивна грижа е што во буџетот сѐ помалку има пари за нови криминални тендери. Тоа е најголемата грижа на „тендер-патриотите“. Додека народот стои во колона, тие летаат. Додека децата седат во прегреани автомобили, тие уживаат во привилегиите што си ги обезбедија преку бугарските пасоши. Ова е нивна политика - изолација за народот, Европа за себе. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09