Апелација ја укина првостепената пресуда за случајот „Беса транс“

Падна пресудата за сопственикот на превозникот Беса Транс, чиј автобус изгоре во Бугарија и загинаа 45 македонски државјани.

Скопска Апелација ги прифати жалбите на обвинетите и предметот го врати на повторно судење во Кривичен. Сопственикот на Беса Транс, Беким Хаџиу, првостепено беше осуден на година и осум месеци затвор а фирмата доби парична казна од 13 илјади евра и четиригодишна забрана за лиценца за вршење јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај.

-Времето на извршување на кривичните дела не е утврдено. Апелациониот суд не го доведува во прашање тоа дека фирмата нема лиценца. Неспорно е утврдено дека фирмата не поседува лиценца. Но отсуствува опис на преземени дејствија од страна на правното лице. Пробламтично е и тоа што што не е наведено во колку од тие дваесетина наврати на поминување на државните граници е употребена фалсификуваната исправа, стои во дел од образложението на одлуката на Апелација од каде најавуваат дека наскоро ќе биде објавена целосната одлука.

Првостепената пресуда за случајот неше донесена во март годинава. Тогаш судот утврди дека Хаџиу и фирмата Беса Транс, кои одговараа за фалсификување исправа, за автобусот со кој се случи несреќата немале извод од лиценца за меѓународен превоз која ја издава Министерството за транспорт и врски. Истиот автобус дваесетина пати во период од скоро една година без лиценца ги поминувал државните граници, како и на граничниот премин Деве Баир на денот на несреќата.

Инаку овој предмет не е директно поврзан со причините за трагедијата. Истрагата која ја водеа бугарските истражни органи вината ја посочи на возачот на автобусот кој исто така загина. Автобусот на „Беса Транс“ патувајќи кон Турција во раните утрински часови на 23 ноември 2021 година удри во оградата на автопатот „Струма“ кај село Боснек во близина на Софија. Веднаш по ударот автобусот се запали, при што загинаа 45 луѓе меѓу кои 12 деца, а се спасија седум од патниците.

СДСМ: Со Борко Ристовски корупцијата во спортот е до облаците а македонскиот фудбал на колена

Со последните исплати на субвенции кон спортските клубови од страна на Министерството за спорт, фудбалот е клекнат на колена, а корупцијата во спортот е дигната до облаците.

Имено, министерот за Спорт, Борко Ристовски од Владата на СДСМ, наследи буџет од 9 милиони евра, кој што требаше да се распредели како “спортски ваучери“.

Владата на СДСМ, тој буџет континуирано го зголемуваше со години. И во него имаше пари за сите: и за големите спортски клубови и за малите, и за тие од градските средини и за тие од селата.

СДСМ го смени системот на исплата од „спортски ваучер“ во субвенции, но и тоа не го спречи министерот да ја дигне корупцијата во спортот да ја дигне до облаците.

Затоа јавно го прашуваме министерот;

- по кој систем реномирани Фудбалски клубови, од прва и втора лига, добија по НУЛА денари, или нешто ситно, а третолигашки клубови добија милиони и останати суми поголеми од тие на прволигашите и второлигашите?

- По кој систем на сите третолигаши од Источниот и Југоисточниот регион им исплативте по 0 денари, иако таму има клубови со повеќе децениска историја?

- Зошто од останатите региони, сте исплатиле само на неколку третолигаши, а над 98 % од клубовите сте им дале по 0 денари?

- Имате вршено исплати кон фудбалски школи формирани пред неколку години, а клубови што се постари од Вас, не сте им исплатиле ни денар?

Што им ветивте на Фудбалските клубови од прва и втора лига во Ноември?

Им ветивте дека сите ќе добијат дополнителни исплати во Декември, и ги излажавте.

На едни дополнително во декември им имате исплаќано средства уште по еднаш или два пати (со значително поголеми суми), а други ги оставивте само на минималната исплата во Ноември.

Затоа фудбалот го клекнавте на колена, а корупцијата во спортот ја дигнавте во облаците.

Затоа, од Вас бараме јавно да ги објавите (како што тоа го правеше СДСМ) сите исплати кон спортските клубови од сите сметки на министерството, што сте ги направиле додека сте вие на Власт.

Па да види македонската спортска јавност, кои се тие спортски клубови на кои за само 4 месеци им имате исплатено над десетици милиони денари, а кои се тие што не добиле ништо.

Кои се тие спортски клубови што никој не слушнал и разбрал за нив, а на кој има имате исплатено илјадници евра, а кои клубови во кои што членуваат стотици деца ги оставивте на цедило.

За СДСМ, вашиот систем на распределба на парите за спортот е јасен: тој се вика “Партиското тефтерче на Мицко“.

Кој го има во тефтерчето, тој добива пари. Кој спортски клуб е близок до ВМРО ДПМНЕ, тој добива пари.

Затоа, министре, треба да си дадете оставка.

СДСМ располага со податоци за сите ваши исплати, и истите ќе го достави до Основното јавно обвинителство и ГОК.

За достоинството во Спортот, СДСМ секогаш ќе биде на страната на спортистите, и затоа јавно го повикуваме сите спортски клубови, сите информации за корупција во министерството за спорт, да ги достават до СДСМ или до надлежните институции за борба со корупција.

Само така спортот ќе го кренеме на прави нозе. Само така ќе не биде.

СДСМ е на страна а спортот.

Прес конференција на СДСМ, Панче Милевски - Панта, Комисија за спорт

СДСМ

Нормализиран сообраќајот од Средно Водно до Св. Пантелејмон

Сообраќајот на патниот правец од Средно Водно до Св. Пантелејмон од 11 часот е нормализиран, информираат од ЈП Македонија пат.

Претходно, Центарот за управување со кризи информираше дека патот меѓу Пантелејмон во Горно Нерези и Средно Водно не е безбеден за движење со моторни возила и апелираше да не се користи поради голомразица.

На овој потег, како што рекоа од ЦУК, вчера биле заглавени повеќе возила и денеска требало да биде испратена машина за интервенира.

Од ЈП Македонијапат информираат и дека намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патните правци Страцин – Куманово и Дебар – Струга. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.

ДСЗИ ќе бара од Таравари формирање стручна комисија за лекувањето на деветгодишното дете

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ќе побара од министерот за здравство Арбен Таравари да се формира стручна комисија за лекувањето на деветгодишното дете од светиниколско, кое почина на 14 јануари.

Информацијата денеска за МИА ја потврди директорот на Инспекторатот, Кирил Лазов.

Вонреден инспекциски надзор за лекувањето на детето беше извршен на три места - почнувајќи од матичниот лекар, Клиничката болница - Штип и на Клиниката за детски болести во Скопје. Од извршените вонредни инспекциски надзори во овие здравствени установи, Државниот санитарен и здравствен инспекторат не констатирал недостатоци.

Стручната комисија треба да утврди дали имало некоја лекарска грешка при лекувањето на деветгодишното дете.

Во приватната здравствена установа, детето се појавило заради болки во стомакот и повраќање, кашлање, висока температура и не спиење претходниот ден.

- При преглед, детето било поспано, афебрилно, без убедливи знаци за дехидратација. Направени му се лабораториски испитувања по што дадена му е инфузиона терапија во тек на која кај детето настапува сомнолентност со слаба реакција на говор заради што е упатено во ЈЗУ Клиничка болница - Штип, беше појаснето од страна на ДСЗИ по надзорот.

Во Клиничката болница во Штип, детето било донесено со такси возило, примено попладнето околу 18 часот, прегледано од дежурен доктор при што била поставена дијагноза сомноленција.

- Во ЈЗУ КБ - Штип, повторно му се извршени лабораториски испитувања и дополнително КТМ на глава. Заради општата лоша здравствена состојба како и наодите од лабораториските испитувања и КТМ, детето во придружба на медицинска екипа - доктор, сестра, со болничко возило транферирано е во ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести. Во ЈЗУ УК за детски болести, детето е донесено на 14 јануари во 20:25 часот како итен случај со дијагноза сомноленција по претходна најава и договор за прием со дежурен доктор од Одделот за неврологија на Клиниката. На прием детето е во општа тешка состојба поради што веднаш е започната со рехидратација и корекции на биохемиски параметри. Во 22:25 часот има дополнително влошување со респираторен и кардиак аррест, започната е реанимација во тек на која е симнато на ОИНТ за понатамошен третман. Состојбата на детето и понатаму се влошува и покрај сите пропратни интервенции, реанимацијата не е прифатена и во 23.30 часот настапува егзитус, појаснија од ДСЗИ.

притисни ентер