12.000 луѓе беа евакуирани од концерт во Велика Британија откако беше пуштена „непозната супстанца“ (ВИДЕО)
Герасимовски: 16 нови липи и хортикултурно уредување на „Ленинова“, доасфалтиран последниот дел од улицата
112.000 луѓе беа евакуирани од концерт во Велика Британија откако беше пуштена „непозната супстанца“ (ВИДЕО)
2Герасимовски: 16 нови липи и хортикултурно уредување на „Ленинова“, доасфалтиран последниот дел од улицата
МакедонијаАпелација ги зголеми казните на дел од обвинетите за трагедијата со „Дурмо Турс“По десет години затвор пресуди скопска Апелација за сопственикот и одговорниот во „Дурмо Турс“, со што ги зголеми казните на дел од обвинетите во случајот „Ласкарци“. Нови пресуди за автобуската трагедијата во Ласкарци од страна на Апелациониот суд. Поднесените жалби од страна на обвинителството и на дел од обвинетите кои беа прифатени донесоа речиси дупло поголеми казни од страна на скопска апелација. „Под став II од одлуката, со решение се уважени жалбите на оштетените по однос на решението за трошоци кое овој суд го укина и предметот во тој дел го врати на повторно постапување пред првостепениот суд. Жалбите на оштетените по однос на одлуката за имотно правно барање ги отфрли како недозволени, согласно член 411 став 4 од Законот за кривична постапка.“ За Дурмиш Белулу, сопственикот на „Дурмо турс“, скопска апелација донесе одлука зголемување на казната за шест години затвор. Со поголема казна се соочи и шефот на возниот парк, Ремзи Мифтари кој доби плус четири години, односно наместо шест, и тој доби затворска казна од 10 години. Вработените во техничкиот преглед кои одобриле пуштање на автобусот во промет, Игор Ѓорѓиевски и Горан Дуковски добија зголемување на казните од само две години. Единствени кои останаа на првостепената казна се третиот инспектор Јане Бовароски и возачот на автобусот Маноил Трифуновски. Тие се обвинети бидејќи не го известиле МВР за техничката неисправност на автобусот. Телоп на Апелационен суд По однос на засметувањето на мерката куќен притвор во изречената казна се осудуваат: Обвинетиот Д. Б. На казна затвор во траење од 10 години; Обвинетиот Р. М. На казна затвор во траење од 10 години; Обвинетиот И. Ѓ. На казна затвор во траење од 7 години; Обвинетиот Г. Д. На казна затвор во траење од 7 години; и Обвинетиот М. Т. На казна затвор во траење од 14 години. –стои во соопштението на Апелациониот суд. Инаку несреќата кај Ласкарци се случи пред шест години поради техничка неисправност на автобусот. Автобусите биле прегледувани во станица за технички преглед кој исто така бил во сопственост на сопственикот на Дурмо турс. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Свет12.000 луѓе беа евакуирани од концерт во Велика Британија откако беше пуштена „непозната супстанца“ (ВИДЕО)Илјадници луѓе беа евакуирани од концерт во најголемата затворена арена во Велика Британија откако беше пуштена „непозната супстанца“, а неколку лица пријавија несакани ефекти, соопшти утринава полицијата.Околу 12.000 луѓе присуствуваа на неделната вечерна свирка на американскиот рапер Дон Толивер во арената „Кооп Лајв“ во Манчестер, северозападна Англија. Итните служби беа повикани по „пријави за луѓе во толпата кои страдаат од последици од непозната супстанца“, соопшти полицијата во Манчестер, која прогласи голем инцидент на местото на настанот. „Неколку лица беа третирани на лице место, а едно е однесено во болница во овој момент“, изјавија од полицијата на Манчестер, додавајќи дека полицијата се обидува да „разбере за што станува збор“. Регионалната служба за брза помош соопшти дека прегледала повеќе од 50 лица на местото на настанот, вклучувајќи некои кои пријавиле „симптоми на очите и респираторниот систем“, а на местото на настанот е извршена и „деконтаминација“. Thousands of people were evacuated from Manchester's Co-op Live arena on Sunday night during a Don Toliver performance. The evacuation happened after an 'unknown substance' was released, with one person being taken to hospital and more than 50 people treated. 🔗 https://t.co/i31pRuUQTu — Sky News (@SkyNews) November 23, 2026 Тагови: концерт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Автомобилизам„GPS“ или брзиномер: На што да верувате кога бројките не се совпаѓаат?Дали всушност возите побавно отколку што мислите? Постои разлика помеѓу вашиот брзиномер и „GPS“-от.Зошто често постои разлика помеѓу брзината прикажана на инструмент-таблата во автомобилот и брзината што ја покажуваат „GPS“ навигациските системи или апликации? Одговорот лежи во начинот на кој овие уреди ја мерат брзината, како и во прописите што производителите на автомобили се должни да ги почитуваат. Според прописите за возила на европскиот пазар, брзиномерот никогаш не смее да покажува брзина помала од реалната. Сепак, дозволено е да прикажува вредност што е до 10 проценти поголема. Како резултат на тоа, не е невообичаено на инструмент-таблата да стои, на пример, 110 км/ч, додека „GPS“ навигацискиот систем регистрира малку помала бројка. Производителите обично ги калибрираат брзиномерите така што тие покажуваат малку зголемена брзина, за да се осигураат дека прикажаната вредност никогаш нема да биде помала од реалната. Кога „GPS“-от е попрецизен? „GPS“ уредите ја пресметуваат брзината врз основа на времето потребно за поминување на одредено растојание. Кога автомобилот се движи со константна брзина – особено на прав, отворен пат – „GPS“ навигацијата обично може да даде попрецизен податок од фабрички вградениот брзиномер. Сепак, и „GPS“-от има свои ограничувања. Наглото забрзување или забавување може да влијае на прикажаната вредност, бидејќи на системот му е потребно одредено време за да ги прилагоди своите пресметки на промените во брзината. Сличен проблем може да се појави и на патишта со многу остри кривини. Затоа, „GPS“ навигацијата не е нужно попрецизна во секој поединечен момент. При константна брзина, таа генерално има предност, додека брзиномерот во автомобилот реагира побрзо на промените во темпото на возење. Заклучок: Ако возите со рамномерна брзина на отворен пат, „GPS“-от често е подобар показател за вашата реална брзина. Сепак, додека возите, треба да се потпирате на брзиномерот во автомобилот и да ги почитувате ограничувањата на брзината. Извор: Б92Тагови: GPS брзиномер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: 16 нови липи и хортикултурно уредување на „Ленинова“, доасфалтиран последниот дел од улицатаОпштина Центар го асфалтираше и последниот дел од улицата „Ленинова“, од „Илинденска“ до Министерството за земјоделство. Паралелно се уредуваат пешачките површини, рабниците и зеленилото, со што се привршува целосната реконструкција на улицата. Во изминатите три дена засадени се 16 нови липи, а хортикултурното уредување продолжува со садење украсни грмушки по должината на целиот потег. „Се работи за комплексен зафат, реконструкција на ,,Ленионова“ од „Партизански одреди“ до Паркот на Франкофонија. Со обновено осветлување, нови пешачки зони и коловоз, санирање на кружниот тек на кростосница со „Орце Николов“ и ново зеленило, „Ленинова“ го менува ликот, но уште поважно, станува побезбедна за сите што ја користат: пешаци, велосипедисти и возачи. Ова е улица со која центарци ќе се гордеат“, рече градоначалникот Горан Герасимовски. Во 2023 година беше реконструиран првиот дел од „Ленинова“, од булеварот „Партизански одреди“ до булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“. Тогаш беа поставени нов асфалт, водоводна и атмосферска канализација, реконструирани тротоарите, поставено ЛЕД-осветлување и воведен резидентен паркинг. Општина Центар - СкопјеТагови: Горан Герасимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook