МНР: Не е во интерес на ниту една земја да создава имиџ на земја заштитник на лица кои бегаат од правдата
2МНР: Не е во интерес на ниту една земја да создава имиџ на земја заштитник на лица кои бегаат од правдата
3На Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилство
МакедонијаАпел на Канал 5 ТВ до сите медиуми во МакедонијаКако сериозен и одговорен медиум барам медиумските чинители во Македонија никако да не праќаат ниту една камера/фотоапарат/микрофон со цел снимање на погребниот процес во Кочани и другите градови во четврток.В недела наутро се разбудивме во една нова, речиси апокалиптична Македонија, која не окова во прангите на тагата, болката и немоќта. Затоа како медиумски чинители мораме да им оставиме на семејствата кои ќе ги испраќаат своите најблиски до вечното почивалиште во четврток во сите градови, простор да се простат од своите најмили на начин кој ќе биде одраз на болката и тагата во нивното срце и душа во тие моменти. Кога веќе 59 наши млади и невини сограѓани живи изгореа на крајно недостоинствен начин, барем ние медиумите да им оставиме на нивните родители и роднини да ги испратат на елементарен достоинствен начин. Убеден сум дека граѓаните во Македонија и овој четврток ќе бидат - Кочани. Иван С. Мирчевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМНР: Не е во интерес на ниту една земја да создава имиџ на земја заштитник на лица кои бегаат од правдатаОткако министерот за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев во интервју ги нарече македонските власти, српски, а потоа заклучи дека и не направил голема грешка, откако беше коригиран од новинарот, со став се огласија од македонското МНР.Уште еднаш го повторуваме нашиот став дека од Република Бугарија, како наш непосреден сосед, земја членка на Европската Унија и партнер во НАТО, очекуваме доследно почитување на европските и меѓународните стандарди, правните процедури и принципите на владеење на правото. Ова очекување не се однесува само на конкретниот случај, туку и на постапувањето во сите случаи од ваков карактер. Дополнително, сметаме дека не е во интерес на ниту една држава да создава имиџ на земја-заштитник на лица кои бегаат од правдата и избегнуваат постапување пред надлежните институции, велат од МНР.Тагови: МНР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговориВо споредба со првиот круг на локалните избори во 2025 година, излезноста е зголемена за 0.76 %.Според пресекот направен во 18 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната: Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 7241 , или изразено во проценти 44.57%. Во споредба со првиот круг на локалните избори во 2025 година, излезноста е зголемена за 0.76 %. Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 18.00 часот се пристигнати 10 приговори, од кои 4 приговори се усвоени, додека 6 се одбиени како неосновани. Следната информација за јавноста ќе биде соопштување на првичните и неофицијални резултати веднаш по комплетирање на податоците од избирачките места.Тагови: Брвеница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРации на над 60 локации низ Македонија, апсења, затворени локали и откриени бројни неправилностиПо координираната акција изминативе два дена во врска со недозволена трговија со дрога и оружје, Одделот за криминалистичка полиција повторно на терен.Неофицијално дознаваме дека во текот на вчерашниот ден и доцна во ноќта, Одделот на криминалистичка полиција при МВР заедно со сите СВР и повеќе инспекциски служби, извршиле рација на повеќе од 60 локации, кафе барови, ноќни клубови, казина, кладилници и останати објекти. Според сознанијата, Биле констатирани низа неправилности, непоседување апарати за противпожарна заштита, блокирани влезови и излези. Според сознанијата изречени се глоби и забрани за работа на објектите, а некои биле и затворени. Во локалите биле пронајдени и малолетни лица на кои им бил послужен алкохол. Пронајден е нелегален објект за оnline кладење, извршени претреси и уапсени се повеќе лица. Се очекуваат повеќе официјални информации од МВР.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36Брвеница избира нов градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани10:10Светски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00