Апел на ДЗС за заштита од пожари за претстојните празници - Канал 5

Апел на ДЗС за заштита од пожари за претстојните празници

Секако и за брза евакуација и при други итни случаи на загрозеност на животот и здравјето на граѓаните и при други опасности. 

Апел на ДЗС за заштита од пожари за претстојните празници

Пред претстојните празници, кога традиционално се организираат предновогодишни и новогодишни прослави, забави, а и јавни собири во угостителските објекти, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) апелира до сопствениците и организаторите да постапуваат одговорно и целосно да ги почитуваат прописите за заштита од пожари и за безбедност на посетителите.

- Секако и за брза евакуација и при други итни случаи на загрозеност на животот и здравјето на граѓаните и при други опасности. Со цел заштита на животот и здравјето на граѓаните, ДЗС посочува дека е задолжително: целосно да се почитува максимално дозволениот број посетители на организираните настани, согласно капацитетот и важечките прописи; објектите да бидат соодветно обезбедени со исправна противпожарна опрема, што е неопходно непречено да биде достапна за итна употреба и што е редовно одржувана; коридорите, излезите и патиштата за евакуација да бидат постојано чисти, проодни и без пречки; излезните врати за евакуација да бидат отклучени и функционални за непречено напуштање на објектите во случај на пожар или друга опасност; да се почитува забраната за користење на пиротехнички средства и да не се користи отворен пламен во затворени простории или други потенцијално опасни материјали спротивно на законските прописи; персоналот да биде информиран и подготвен за постапување во случај на итна состојба, се наведува во денешното соопштение на ДЗС.

Оттаму истакнуваат дека почитувањето на овие превентивни безбедносни мерки не е само законска обврска, туку е и морална одговорност на секој сопственик и организатор на масовни настани кон неговите гости и вработени.

- Истовремено, ДЗС се заблагодарува на сите медиуми за нивната работа и покажување голема општествена одговорност за подигање на јавната свест во насока во правец на превенцијата и заштитата од пожари и други опасности, при што со заеднички активности и работа, придонесуваме новогодишните прослави да поминат во безбедна, пријатна и свечена атмосфера, без ризици и несакани последици, а секако и во идниот период, се додава во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неговото блаженство Господин Господин Стефан во посета на Општина Карпош

Општина Карпош денеска имаше чест да биде домаќин на Неговото Блаженство Господин Господин Стефан, поглавар на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, кој беше пречекан од градоначалникот Сотир Лукровски.

Неговото блаженство Господин Господин Стефан во посета на Општина Карпош

На средбата се разговараше за состојбите во локалната заедница, состојбата на верските објекти на територијата на Општина Карпош, како и за значењето на духовноста, вербата и меѓусебната почит во градењето сплотена и солидарна заедница. Беше истакнато дека почитувањето на различностите, духовните убедувања и достоинството на секој човек се важни темели за мирен и хармоничен соживот, а заедништвото и дијалогот се вредности што ја поврзуваат локалната заедница.

По повод 50-годишниот јубилеј на Општина Карпош, Неговото Блаженство упати честитки до раководството и граѓаните на општината, со желби за понатамошен развој, благосостојба и заедништво. Општина Карпош останува посветена на градењето заедница заснована на почит, дијалог, духовност и заеднички човечки вредности.

ОПШТИНА КАРПОШ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Воена воздухопловна база под напад: Се слушаат силни експлозии, се издига густ чад (ВИДЕО)

Областа околу Идлиб и воената воздухопловна база Тафтаназ во Сирија денес беше место на експлозии со непознато потекло, објави информативната мрежа „Сирија нау“, повикувајќи се на очевидци.

Воена воздухопловна база под напад: Се слушаат силни експлозии, се издига густ чад (ВИДЕО)

Според извештаите, експлозиите започнале во 8:00 часот наутро, токму во моментот кога извидувачки авион прелетувал над локацијата.

Снимките што кружат на интернет го прикажуваат моментот кога густ чад се издигнал од кругот на воздухопловната база, експлозиите продолжиле во текот на час и половина.

Локалните жители претпоставуваат дека експлозиите можеби биле предизвикани од детонација на неексплодирани убојни средства во базата, каде што и во минатото се случувале слични експлозии.

Воената воздухопловна база Тафтаназ била втора по големина база за хеликоптери во Сирија пред да стане место на воени операции за време на годините на сириската револуција, објави Ал Џезира.

Таа била под контрола на опозициски фракции сè додека не била претворена во турска набљудувачка станица по договорот за деескалација постигнат во март 2020 година меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и рускиот лидер Владимир Путин.

Во текот на септември, во северозападна Сирија се случија низа експлозии, од кои најновата беше во воен објект во близина на градот Ал-Еис, јужно од Алепо. На 9 септември, 14 припадници на Министерството за одбрана загинаа, а неколку други беа повредени во експлозија во привремен магацин за оружје и неексплодирани убојни средства во Сармада, близу Идлиб.

Претходно истиот месец, пет лица загинаа во градот Биниш во експлозија на автомобил натоварен со муниција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување возило“, девет возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување возило“, девет возеле без положен возачки испит

Од нив, девет управувале возило без положен возачки испит и тоа: А.И.(29) и Х.З.(18), двајцата од Скопје, М.И.(21) и Ш.А.(35) од с.Студеничани, скопско, Р.С.(30) и С.М.(19) од Тетово, А.Ф.(25) од с.Врапчиште, гостиварско, Л.М.(48) од Гостивар и Н.Т.(49) од с.Преглово, Општина Пласница.

Додека пак, со активна забрана за управување на моторно возило, возел А.В.(33) од Прилеп. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер