Апасиев: Во референдумското прашање одиме на варијанта со наратив „против“

„Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ, со прифаќање на собраниските Заклучоци“ – со ова мислиме дека практично е невозможно формално-правно да се одбие иницијативата.

Ова го изјави претседателот на Левица, Димитар Апасиев, соопштувајќи како неговата партија ќе го формулира прашањето за референдум што го иницираат откако иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ беше одбиена од претседателот на Собранието Талат Џафери.

Според него, и иницијативата на Христијан Мицкоски била формално-правно уредна, но дека Левица, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, нема директно да го „напаѓа“ Договорот со Бугарија туку Заклучоците со цел, како што рече, „да не му даваме муниција на Талат Џафери да изигрува уставен судија односно да толкува Устав“.

-Одиме на варијанта во која наративот ќе биде „против“, а не „за“, односно наратив на продолжување на духот на антивладините протести против бугаризацијата кои беа најмасовни откако е СДС на власт, рече Апасиев во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал5.

Ќе бараат, рече, задолжителен референдум, а бидејќи по нашиот Закон за референдум изјаснувањето е „за“ и „против“, очекува граѓаните на прашањето да гласаат против.

– Поентата е дека сега се оди согласно член 24 од Законот за референдум, дека на државно ниво референдум може да се распише за одлуки донесени од Собранието или за изјаснување на граѓаните за други прашања за кои одлучувало Собранието. Имено тие „други прашања за кои одлучувало Собранието“ се овие Заклучоци кои ние ги ставаме на референдум, појасни Апасиев.

Проблемот во Заклучоците, рече тој, е во точката 1 – која ја внесува Преговарачката рамка т.е. трите документи кои не им беа доставени на пратениците, и точката 3г кој е т.н. француски предлог.

Шпанија ќе испрати мал број ракети „Патриот“ во Украина

 Шпанија ќе испрати мал број ракети „Патриот“ во Украина, објави денеска весникот „Ел Паис“, повикувајќи се на неименувани добро информирани извори.

Весникот наведува дека Шпанија ја отфрлила можноста за испорака на противвоздушни лансери на Украина, но ќе испрати проектили во Киев.

Шпанија има три системи „патриот“ кои ги купи од Германија во 2004 и 2014 година, потсетува весникот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им кажа на членките на НАТО претходно овој месец дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ или други напредни системи за воздушна одбрана за да ги одврати руските воздушни напади, барајќи од нив да ја засилат воената помош за Киев.

Министрите на ЕУ пред неколку дена изјавија дека разгледуваат како да обезбедат повеќе оружје за противвоздушната одбрана на Украина.

Сончево и потопло, утре попладне дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во планинските подрачја. 

Потоа следува период на стабилно и топло време, а дневните температури ќе бидат повисоки за три до пет степени.

Како што соопшти УХМР, во следните три дена ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Минималните темпеартури ќе бидат во интервал од два до 12 степени, а максималните од 20 до 28 степени.

Четири европски авиокомпании ќе ја шират идејата за Европа пред евроизборите

Четири авиони на авиокомпании кои се дел од групацијата на „Луфтханза“ во наредните недели ќе ја шират европската идеја за со натпис на нивните трупови: „Да за Европа“. 

Станува збор за авиони од типот „Ербас А320“ на авикомпаниите „Луфтханза“, „Еуровингс“, „Аустриан Ерлајнс“ и „Брисел Ерлајнс“ кои ќе имаа задача да служат како амбасадори на европската идеја непосредно пред изборите за членови на Европарламентот.

Четирите авиони на 13 мај „ќе се сретнат“ на аеродромот во Брисел, симболично манифестирајќи го европското единство.

Инаку, ова не е првпат „Луфтханза“ да ја манифестира својата посветеност на Европа. Сличен поддршка на Европа „Луфтханза“ организираше и пред евроизборите во 2019 година.

притисни ентер