ВМРО-ДПМНЕ: Заради виктимизација СДС, Левица и ДУИ ја одбија досега невидената понуда и бланко лист од Владата
1ВМРО-ДПМНЕ: Заради виктимизација СДС, Левица и ДУИ ја одбија досега невидената понуда и бланко лист од Владата
НБААП го прогласи Леброн Џејмс за спортист на годинатаАмериканската новинска агенција Асошиетет прес (АП) го избра кошаркарот на Кливленд, Леброн Џејмс за спортист на 2016 година.Џејмс кој беше најзаслужен за освоената титула во НБА лигата, доби 59 гласа и е убедливо прв во изборот на АП. На второто место се најде пливачот Мајкл Фелпс со 16 добиени гласа, додека атлетичарот Јусеин Болт е трет со девет гласа. Во женска конкуренција победничка е Симон Бајлс, американска гимнастичарка, пред пливачката Кети Ледецки и тенисерката Серена Вилијамс. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Заради виктимизација СДС, Левица и ДУИ ја одбија досега невидената понуда и бланко лист од ВладатаЗаради виктимизација СДС, Левица и ДУИ ја одбија досега невидената понуда и бланко лист од Владата, за нивните желби во Изборниот законик.Како никогаш до сега, опозициските партии од Владата добија бланко лист за да ги запишат нивните барања и желби за некое законско решение. СДС, Левица и ДУИ тоа го добија за реформскиот Изборен законик, а тоа го одбија без да седнат меѓу себе да се договорат и ни малку да размислат. Се поочигледно е дека тоа го направија за да глумат жртви на изборните циклуси, на кои се поизвесно е дека ќе доживеат пораз, мислејќи дека виктимизацијата ќе им донесе некој поен или глас повеќе. Вистината и реалноста која излезе на површина и ја разоткри виктимизацијата на опозицијата е дека ВМРО-ДПМНЕ, како владејачка политичка партија, им ги прифаќа сите нивни барања само да се олесни начинот и да се прошири гласањето на дијаспората. И ова, до сега невидена понуда и подадена рака од страна на власта, коалициските партнери СДС, Левица и ДУИ ја одбија. Тие, исто така, во новиот ИЗ одбија да бидат вклучени препораките на ОБСЕ и ОДИХР, да имаме една изборна единица, одбија и повеќе пари за рекламирање за партиите. Кога ќе гледаме што се добија и одбија овие опозициски партии, јасно е дека тоа го направија само за да се претстават како жртви и оваа приказна да можат да ја шират како алиби на следните избори, на кои им следи историски дебакл. Од друга страна, со блокирањето и недонесување на Изборниот законик, дел од Реформската агенда, сакаат да го намалат успехот на државата во делот на исполнувањето на реформите. И покрај ваквите блокади и опструкции, Македонија е лидер меѓу земјите од Западен Балкан во однос на спроведувањето на реформите, но неносењето на овој закон е директен показател дека СДС, ДУИ и Левица ќе ја користат секоја можност да опструираат и да го спречат државниот напредок. Ако гледаме од друга страна, токму овој процес покажа кој каде и за што е. ВМРО-ДПМНЕ како одговорна и државничка партија е на власт и ја води државата, а СДС, ДУИ и Левица во длабока опозиција без доверба од граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ е партија со доверба од граѓаните која работи во интерес и за напредок на државата, додека опозициските го гледаат исклучиво интересот партиски. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Нема трета економија во Европа кога 73% од граѓаните имаат платa под просечнатаКаква„трета економија во Европа“ на Мицкоски кога над 73% од граѓаните земаат плата под просечната?Податоците на УЈП ја разобличуваат владината пропаганда. Нема трета економија во Европа. Има 73% од граѓаните со плата под просечната и власт која душмански го ограбува народот. Половина од вработените, односно 50%, заработуваат меѓу 24.000 и 36.000 денари месечно. По две години власт на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, животниот стандард е целосно урнисан. Граѓаните осиромашуваат, платите се меѓу најниските во Европа, а народот живее многу полошо отколку пред две години. Минималната синдикална кошничка веќе изнесува околу 70.000 денари. Тоа значи дека на половина од вработените не им се доволни ниту две плати за да ги покријат основните животни трошоци на едно семејство. Тоа е реалноста зад приказните на Мицкоски за наводни економски успеси: најголемиот дел од работниците едвај врзуваат крај со крај. Животот стана прескап. Платите не го следат растот на цените, храната станува луксуз, а сметките се сè повисоки. Прекинувањето на растот на платите и одбивањето на Владата на Мицкоски да ја зголеми минималната плата на 600 евра директно ги турка работниците и нивните семејства во сиромаштија. Кризата не стивнува. Поскапувањето на горивата е нов тежок удар врз семејните буџети, кој ќе предизвика дополнително зголемување на цените на храната, транспортот и другите основни производи. Додека народот осиромашува, финансиски добро живеат само Мицкоски и ВМРО, кои се богатат на грбот на граѓаните преку криминални тендери. Скопје, 18.07.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСредба на министерот Муцунски со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер ЛандауВо рамките на работната посета на Вашингтон, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер Ландау.Во разговорот соговорниците ја потврдија заедничката определба за натамошно зајакнување на стратешкото партнерство и билатералната соработка, во интерес на граѓаните на двете земји. Фокусот на средбата беше ставен на унапредувањето на соработката во областа на одбраната и сојузништвото во НАТО, економијата, енергетиката и регионалната поврзаност. Беа разменети мислења и за состојбите во регионот, како и за значењето на континуираниот ангажман на САД за мирот, безбедноста и просперитетот на Западниот Балкан.Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМинистерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар 10:53Забрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода15:00Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода13:17Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30