Антробот - микроробот направен од обична човечка клетка - Канал 5

Антробот - микроробот направен од обична човечка клетка

 Научници од Универзитетот Тафтс и Институтот „Вис“ при Универзитетот Харвард во САД создале мали роботи од човечки клетки коишто можат, на пр., самостојно да се движат по лабораториски сад.

Антробот - микроробот направен од обична човечка клетка

Целта е еден ден ова откритие да може да помогне во лекувањето рани и оштетено човечко ткиво, објави „Си-ен-ен“.

Малите роботи не може да се видат со голо човчко око, но имаат сѐ повеќе човечки својства, па науката ги нарече овие нови вештачки суштества - „антроботи“ ('anthrobots' - скратено од ’антропоморфни роботи‘). Истражувањето се надоврзува на претходната работа на некои од овие научници, кои ги направиле првите „живи роботи“ наречени „ксеноботи“, добиени од матични клетки и ембриони на африканска жаба. Истражувањето е објавено во списанието „Адвансд сајенс“ (Advanced Science).

- Некои луѓе мислеа дека својствата на ксеноботите премногу се потпираат на фактот дека тие се ембрионални и со потекло од водоземците. Мислам дека ова нема никаква врска со тоа што (роботот) во основа е ембрион... Или со тоа што е жаба. Мислам дека ова е многу поопшто својство на живите суштества. Не ги сфаќаме сите компетенции што ги имаат нашите сопствени телесни клетки, појасни авторот на трудот, Мајкл Левин, професор по Биологија на „Тафтс“.

Наместо тоа, за новите „биолошки роботи“ се зема ткиво од дишниот систем, од неименуван човек-дарител, и секој антробот расте од една клетка. Но, научникот вели дека, додека се „живи“, антроботите не се целосни организми, бидејќи немаат целосен животен циклус.

YouTube video

- Тоа нѐ потсетува на оние „сурово двострани“ категории со коишто се служиме - дали е тоа робот, дали е животно, дали е машина? Ваквите работи веќе не ни служат многу добро. Треба да го надминеме тоа, рече Левин.

Тој смета дека антроботите не преставуваат и не предизвикуваат никакви етички, морални или безбедносни грижи.

- Тие имаат многу ограничена средина во којашто живеат, така што не постои можност некако да излезат или да живеат вон лабораторијата. Не можат да живеат надвор од таа многу специфична средина. Тие (антроботи) имаат природен животен век, па по неколку седмици, едноставно, непречено се биоразградуваат, објаснува научникот.

Величината (ширина и должина) на еден антробот може да биде од 30 до 500 микрометри.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се шири истрагата за нелегалните ботокси – уште двајца доктори „паднаа“ во случајот за шверц и дуструбиција

Како влегувале нелегалните ботокси, кој ги дистрибуирал и како стигнувале до пациентите?

Се шири истрагата за нелегалните ботокси – уште двајца доктори „паднаа“ во случајот за шверц и дуструбиција

Со проширувањето на истрагата за случајот „Ботокси“ за уште четири лица, меѓу кои и двајца лекари, Обвинителството се обидува да го склопи мозаикот и да утврди кој сè бил нил дел од нелегалниот синџир на увоз и дистрибуција. Имињата на инволвираните не се откриваат. Од ОЈО велат дека новите тројца осомничени се товарат за кривичните дела „злосторничко здружување“ и „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“, додека едно лице е осомничено за кривичното дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“. По предлог на надлежниот јавен обвинител, на сите четворица осомничени судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје им определи мерки на претпазливост.

Од пред три месеци кога и започна аферата наречена „ботокс“ пациентите се повнимателни и доаѓаат на едукација за неинвазивните процедури, вели за Канал 5 Директорката на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија Д-р Јасмина Ѓоргиевска Павловска.

Лекарите апелираат дека секој што сака да стави ботокс или филер може да побара да го види и да го провери производот пред да му биде нанесен.

Ризикот, предупредуваат лекарите, не е само во самиот препарат, туку и во начинот на неговото аплицирање. Последиците може да бидат естетски деформитети, инфекции и алергиски реакции, оштетување на нервите и мускулите, а во потешки случаи и нарушувања на дишењето и голтањето.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Нов скандал на Тошковски, му избега притворен наркодилер од полициска станица во Кочани

Скандалот во Полициската станица во Кочани отвора сериозни сомнежи за тешки пропусти, злоупотреби и спрега на ВМРО со криминалци.

СДСМ: Нов скандал на Тошковски, му избега притворен наркодилер од полициска станица во Кочани

Лице приведено за трговија со дрога избегало од полициска станица во Кочани.

Панче Тошковски не смее да молчи. Јавноста има право да знае:

Кој е одговорен за овој скандал?

Дали има грижа на совест што го пушти да избега наркодилерот А. Л викан Цуната, кој се поврзува и со дискотеката „Пулс“ во Кочани?

Дали началникот на ОВР Кочани, Тоше Стојанов, е во бизнис со наркодилерот викан Цуната?

Каква е поврзаноста со пратеникот на ВМРО Миле Лефков, кој има слики со него?

Кој дозволи да побегне преку прозор од полициска станица Кочани, или пак некој го пушти?

Зошто наркодилерот не бил чуван во просториите за задржување?

Доколку обвинителството навистина подготвувало предлог за определување мерка притвор, тогаш овој случај е уште посериозен и бара итна и темелна истрага.

СДСМ бара веднаш да се утврди одговорноста на сите инволвирани службени лица, вклучително и на раководството на ОВР Кочани.

По две години мандат на Тошковски, МВР се соочува со низа скандали, а безбедноста и довербата се сериозно нарушени.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски и Филипче во отворен судир за еврпската перспектива

Додека Брисел го држи проширувањето високо на својата агенда, Македонија останува надвор од европската мапа поради погрешните политики на Владата на ВМРО, обвини претседателот на СДСМ Венко Филипче. 

Мицкоски и Филипче во отворен судир за еврпската перспектива

Во пресрет на т.н „супер вторник“ на 14 јули кога како што потврди ирското претседателство со Унијата, Украина и Молдавија же отворат по еден, а Албанија и Црна Гора ќе затворат по неколку кластери од преговорите, Филипче предупредува дека државата останува на страна токму во момент кога поддршката за земјите-кандидати е најсилна.

-Со конкретни чекори Европската Унија кажува дека проширувањето е високо на листата на приоритети во нивната агенда. Вчера и од Европската Унија стигна доказ дека ние не постоиме на европската агенда. Очигледно е дека, благодарение на премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, ние на тој пат повеќе не сме. Наместо да се спроведуваат реформите, наместо да се чекори напред кон Европската Унија, сега, кога очигледно вратите се отворени како никогаш досега и кога никогаш досега земјите-кандидати немале поголема поддршка да станат земји-членки на Европската Унија, ние остануваме на страна. – Венко Филипче – Претседател на СДСМ

Премиерот Христијан Мицкоски пак порача дека земјава ќе продолжи со реформите но нема да прифати безусловна промена на Уставот според условите од претходната власт. Тој нагласи дека Владата останува отворена за дијалог и барање компромисно решение, но отфрла можност за, како што рече, „капитулација“.

-Го покажавме и во декемврискиот извештај а ќе покажеме и сега во јунскиот извештај дека ние сме во суштина најнапредната држава во регионот кога станува збор за испорака на реформи. За мене промена на Устав и прифаќање на тоа што прифатила претходната Влада не е реформа. Нашиот став е јасен и прецизен. Граѓаните од лидерството во македонската Влада очекуваат да го заштити македонскиот национален идентите и ние тоа го правиме и нема цена, но безусловно потпис да ставам на нешто што прифатила претходната Влада или т.н капитулација додека сум јас ова што сум, тоа нема да го направам. – Христијан Мицкоски – Претседател на Влада

Инаку проширувањето на ЕУ и европската перспектива на Западен Балкан беше во фокусот на дискусиите во Рим на состанокот на министрите за надворешни работи на Групата „Пријатели на Западен Балкан“, каде се слушнаа и пораки дека е нефер Украина да биде ставена на брза лента на зметка на Западен Балкан.

-За Италија односите со Западен Балкан се политички приоритет, за нас е од клучно значење да се работи напорно да се отвори патот за целосно членство на земјите од Западен Балкан. Ние сме за членство на Украина, но претходно тука е Западен Балкан, затоа што ќе биде голема грешка да ја згубите средбата со Европската Унија. – Антонио Тајани - Министер за надворешни работи на Италија

Пристапниот процес за Македонија останува блокиран. Еврокомесарката за проширување Марта Кос, при посетата на Скопје порача дека ниту една земја кандидат никогаш не добила гаранција дека во текот на пристапувањето нема да се појави нов спор. Таа нагласи дека проширувањето функционира преку исполнување на преземените обврски и градење доверба меѓу кандидатите и земјите членки.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер