Антониу: Кипарскиот тим од Македонија си замина со позитивни чувства - Канал 5

Антониу: Кипарскиот тим од Македонија си замина со позитивни чувства

Од Македонија си заминавме со позитивни чувства, имавме одлична соработка, драго ни е што помогнавме и бевме корисни за луѓето, истакна Андреас Антониу, шеф и координатор на кипарската мисија која учествуваше во гаснењето на пожарите кај нас.

Антониу: Кипарскиот тим од Македонија си замина со позитивни чувства

Од Македонија си заминавме со позитивни чувства, имавме одлична соработка, драго ни е што помогнавме и бевме корисни за луѓето, истакна Андреас Антониу, шеф и координатор на кипарската мисија која учествуваше во гаснењето на пожарите кај нас, а паралелно изрази надеж дека создадената позитивна атмосфера ќе придонесе за подобрување на односите меѓу двете земји, јави дописничката на МИА од Атина.

Во периодот од 7 до 14 август два авиони од типот „Air Tractor“ со четворица членови на екипажот и пет лица за копнена поддршка од Кипар, во рамките на помошта од ЕУ механизмот за цивилна заштита, учествуваа во справувањето со огнената стихија во Македонија.

Говорејќи за кипарската новинска агенција КИПЕ и пренесувајќи ги впечатоците од искуството на пожарникарите од Кипар на различните локации во нашата земја, Антониу оцени дека „климатските промени ја најдоа Македонија неподготвена да се справи со избувнувањето на пожари“, но и дека помошта од Кипар била позитивно примена.

-Го почувствувавме чувство дека го ценат нашиот труд. Драго ни е што помогнавме, драго ни е што бевме корисни за луѓето, потенцираше Антониу, изразувајќи надеж дека мисијата и создадената позитивна атмосфера ќе придонесат за подобрување на односите меѓу Кипар и Македонија.

Истакна дека фактот што „сретнавме луѓе кои незамисливо го ценат нашиот придонес“ предизвика задоволство и ја охрабри кипарската мисија, а како пример за добриот прием кај нас, ја спомена случката со таксист кој ги превезувал членови на кипарскиот тим и кога тие му кажале дека во Македонија се за да ги изгаснат пожарите, тој одбил да им земе пари.

На посочувањето од кипарската новинска агенција дека „придонесот на Република Кипар во гаснењето на пожарите беше опширно презентиран од медиумите во Македонија“, Антониу спомена и дека на половина од операцијата на кипарската мисија, членовите ги посети министерот за внатрешни работи, додека по завршувањето и пред заминувањето, директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, се сретна со делегацијата и им додели почесни дипломи на членовите за нивниот придонес во напорите за справување со пожарите.

Шефот на делегацијата говорејќи за КИПЕ се осврнува и на долгиот пат од Кипар до Скопје, објасни дека откако ја добиле пораката од Механизмот за цивилна заштита на ЕУ на 6 август, веднаш започнале подготовките за мисијата, членовите уште следниот ден тргнале за Македонија, а во Скопје биле на 8 август во еден часот по полноќ, но „и покрај напорното патување биле подготвена да интервенираат со првите зраци на сонцето“.

Антониу појасни дека мисијата тргнала во две фази, бидејќи првично заминале двата авиони, едниот, поради недостиг на простор, ја носел опремата за поддршка, а другиот заминал со пилотот и еден кабински екипаж, додека во втората фаза заминале преостанатите шест членови, кои патувале со комерцијални летови преку Атина и Загреб и потоа пристигнале во Скопје.

Интервениравме во огромни недопрени површини

Осврнувајќи се на пожарите во Македонија, рече дека биле од големи размери „видовме имотот како стануваат пепел“ и дека интервенирале во подрачја каде што огнената стихија била директна закана за имотите и човечките животи.

- Првиот ден не информираа дека има 38 пожари, во земја која е два и пол пати поголема од Кипар, истакна Антониу и додаде дека пожарите предизвикаа огромна еколошка катастрофа, но и директно влијание врз животот на луѓето.

Рече дека првиот ден интервенирале во областа каде што има манастир и го заштитиле, претпоследниот ден во парк што горел 23 дена, а последниот ден интервенциите биле на две нови жаришта, источно од Скопје во близина на границата со Бугарија, а второто во близина на границата со Албанија, а и двата фронта, според Антониу биле во близина на населени места и постоела зголемена опасност пожарот да се прошири и да ги загрози луѓето.

Напомена дека кипарските пожарникари интервенираа во сосема поинаква средина од онаа на Кипар.

-Тоа беа огромни површини, недопрени области во кои е многу тешко да оперираат копнените сили и затоа единственото решение што можеше да се понуди беше од воздух, додаде.

Паралелно истакна дека „жално е да ги гледаме шумите како се губат и природата да се уништува, поради нашата сопствена небрежност, невнимателност и/или намера“, додавајќи дека „мора сите да сфатиме дека со заштитата на животната средина во која живееме, ги штитиме и нашите животи“.

Во однос на оперативното искуство стекнато кај нас, Антониу посочи дека во Северна Македонија противпожарните сили ја немаат стручноста што кипарскиот Сектор за шумарство ја има развиено во текот на децениите, како во однос на гаснењето шумски пожари од копно, така и од воздух, истакнувајќи дека тие функционираат со голема брзина и дека кипарската мисија помогнала да се подобри времето и на другите групи, вклучително и авионите од Германија, како во времетраењето на гаснењето, така и во времето на полнење гориво на воздушните противпожарни средства.

Паралелно потенцираше дека кипарските пожарникари се обиделе да пронајдат противпожарна пена и материјал за забавување или запирање на ширењето што ќе ја зголемеше оперативната ефикасност и ефективноста на гаснењето пожар, но напорите биле неуспешни.

YouTube video

За Секторот за шумарство при Министерство за земјоделство, рурален развој и животна средина на Република Кипар, Антониу објасни дека има повеќе од еден век искуство и знаење во гаснењето пожари, а во однос на воздушното гаснење пожари, воздухопловната единица на секторот може да е меѓу „најдобрите воздушни противпожарни единици во светот“, објаснувајќи дека ова се заснова на искуството на пилоти од целиот свет кои склучуваат договор со секторот и управуваат со авионите.

Двајцата пилоти што беа вклучени во мисијата во Македонија се од Австралија и инженерот од Нов Зеланд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тркало отпадна од автомобил и со цела сила удри во момче, страшниот момент е снимен од надзорна камера (ВИДЕО)

Едноставна прошетка се претвори во драматичен инцидент за 19-годишник од Сантијаго, главниот град на Чиле.

Тркало отпадна од автомобил и со цела сила удри во момче, страшниот момент е снимен од надзорна камера (ВИДЕО)

Младиот човек безгрижно одел по тротоарот кога, од никаде, пред него се појавило тркало од автомобил и со голема брзина излетало од правец на улицата.

Тој поминал со полесни повреди

Снимка од надзорна камера го забележала драматичниот момент во кој момчето било соборено на земја од силата на ударот, по што загрижените сограѓани му се приближиле.

И покрај сè, 19-годишникот преживеал и бил пренесен во клиниката Санта Марија, каде што добил прва помош за повреди на челото, лицето и градите.

Надлежните органи го идентификувале возилото од кое се откинало тркалото, како и возачот, а започната е истрага за да се утврдат околностите на бизарниот инцидент.

Тркалото удрило и во два автомобила

Според изјавата на возачот, автомобилот бил паркиран во гаражата непосредно пред несреќата. Додека возел, едно од тркалата одеднаш се откинало, објавува Иефимерида.

Прво удри во два автомобила, потоа се одби и со голема брзина летна на широкиот тротоар на авенијата Лос Леонес. Во следниот момент, силно го удри 19-годишникот одзади, соборувајќи го на земја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Апокалиптични снимки од Нов Зеланд: Десетици китови умираат на плажа (ВИДЕО)

Десетици китови-пилоти се пронајдени насукани на плажа на Северниот остров на Нов Зеланд, а спасувачите се обидуваат да ги вратат малкуте преживеани во морето, соопшти Одделот за заштита на природата.

Апокалиптични снимки од Нов Зеланд: Десетици китови умираат на плажа (ВИДЕО)

Најмалку 20 китови-пилоти се насукани по должината на брегот на Нгави, во близина на ’ртот Палисер, најјужната точка на Северниот остров, според „The Straits Times“.

Одделот соопшти дека соработува со локалното племе Маори и Проектот Џона, организација специјализирана за спасување на насукани китови. Досега, две животни се успешно вратени во морето.

Според локалните жители, дури 50 китови се насукале на брегот преку ноќ, објави Радио Нов Зеланд.

Повеќето од животните им подлегнале на повредите, додека волонтерите се обидуваат да ги одржат преживеаните китови во живот и да спречат нивно дехидрирање користејќи кофи со вода и крпи.

„Ужасно е. Оние што се уште се живи едвај дишат“, изјави жителот на Нгави, Роб Барг, за Радио Нов Зеланд.

Проектот Џона објави на Фејсбук на 5 ноември дека четири од китовите се уште се живи и дека спасувачите ќе се обидат да ги вратат во морето при плима. Насукувањето на китови е релативно честа појава во Нов Зеланд и соседна Австралија, поради големиот број китови-пилоти кои ги населуваат длабоките води околу двете островски земји. Причината за феноменот е сè уште непозната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе

Кенискиот суд денеска го осуди водачот на сектата Пол Мекензи на 200 години затвор за убиство на 190 деца кои биле изгладнети до смрт и закопани во шумата по негова наредба. 

Лидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе

Тие се меѓу околу 500 лица осомничени дека се поврзани со едно од најлошите масовни ритуални злосторства во модерната историја.

Казната се состои од 100 години затвор за убиствата од глад и уште 100 години за директните убиства, изјави судијката Дијана Кавеџа читајќи ја пресудата, објави Ројтерс.

Обвинителството изјави дека Мекензи, кој водел апокалиптична христијанска црква во шума во близина на брегот на Индискиот Океан во источна Кенија, им рекол на своите следбеници да се изгладнат себеси и своите деца до смрт за да стигнат до рајот пред крајот на светот.

Неговите соучесници им се заканувале и ги тепале жртвите за да ги принудат да ги следат неговите наредби. Изгладнетите тела биле пронајдени расфрлани во плитки гробови и фрлени во тоалети. Некои жртви биле закопани живи.

Макензи, облечен во сива поло маица и црни панталони, се насмевна додека влегуваше во шатор поставен пред судот каде што се одржуваше рочиштето.

Тој ги негираше обвиненијата за убиство, велејќи дека не ги принудил жртвите да гладуваат. Судот ја отфрли неговата одбрана.

Татко загубил шест деца

Случајот ја шокираше Кенија во април 2023 година, кога полицијата почна да открива тела во шумата Шакахола, во близина на крајбрежниот град Малинди.

Иако судењето ги опфаќа само случаите на 190 деца и една возрасна жртва, Националната комисија за човекови права на Кенија вели дека вкупно 448 тела се пронајдени во шумата.

Макензи е обвинет и за наредба за убиства на 52 лица пронајдени на друга локација, во село оддалечено 30 километри, со што бројот на потенцијални жртви се зголеми на 500. Во тој случај, тој се изјасни за невин.

Размерот на убиствата е споредлив со апокалиптичниот култен злостор во кој загинаа повеќе од 700 луѓе во Уганда во 2000 година, како и масакрот во Џонстаун во Гвајана во 1978 година, кога американски водач на секта им наредил на повеќе од 900 луѓе да пијат отров.

Стивен Мвити, 48, татко на шесте деца на Мекензи кои биле жртви и сопруг на еден од неговите осудени соучесници, рече дека неговата сопруга ги однела децата во Шакахоле, каде што умреле од глад.

Дури и ако возрасните се согласат да постат, „што е со децата?“, праша Мвити за Ројтерс пред пресудата.

„Ги изгубив моите деца и нема да можам да ги вратам, без разлика што ќе се случи со Мекензи и неговите соучесници“, рече Мвити.

„Очекувам да биде осуден на смрт или доживотен затвор, за да не излезе никогаш и да предизвика повеќе смртни случаи.“

Ден Мекензи, еден од синовите на Пол, рече дека неговиот татко не го поштедил своето семејство.

„Не завршив во Шакахола затоа што повеќе не верував дека ќе одиме во рајот. Затоа ја напуштив црквата и почнав да си го правам своето“, изјави тој за Ројтерс.

„Исто така, изгубив пријатели, како и помлад брат. Ова е правда за луѓето што ги изгубивме таму во Шакахола.“

Важен чекор, но потребна е поголема одговорност

Макензи е на радарот на властите од 2017 година, кога полицијата изврши рација во неговите простории. Властите ја затворија неговата црква во Малинди во 2019 година, по што тој се пресели во блиската шума Шакахола.

Откритијата доведоа до повици за построги контроли врз религиозните групи

Кенискиот претседател Вилијам Руто назначи работна група во мај 2023 година за да ја разгледа законската и регулаторната рамка. Одделни предлози поддржани од владата и Сенатот беа објавени во 2024 година, но сè уште не се усвоени.

Оџиро Одиамбо, раководител на единицата за брза реакција во Комисијата за човекови права на Кенија, рече дека пресудата е важен чекор, но дека одговорноста мора да се прошири, бидејќи локалните администратори, полицијата, разузнавачките службеници и верските водачи се сметаат за одговорни за тоа што не постапиле по повторените предупредувања.

„Сите овие луѓе ги изневериле граѓаните“, рече тој.

Руто во 2023 година изјави дека како претседател ја преземал одговорноста за неуспехот на владата да спречи умирање на луѓе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер